Контакт

Македонија

Спасовски: Имало лично недоразбирање помеѓу девојката и Денис Тот, нема обид за скривање на убиството

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека немало обид за скривање на убиството на ракометарот Денис Тот. Информациите дека нема траги на насилство се информации добиени од Клиничкиот центар, вели министерот, а потоа се добија и потврдија информациите дека ракометарот бил претепан. Критичната вечер, кога Тот бил претепан до смрт, во полицијата немало пријава за нарушен ред и мир.

dobivaj vesti na viber

„Постојат повеќе причини кој бил поводот за настанот. Според изјавите што ги имаме, тоа е лично недоразбирање меѓу девојката и момчето“, рече Спасовски.

Тој додаде дека немало запирање на постапката и се работи на расчистување на случајот.

„Сочувство до семејството на починатиот и да го отфрлам сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која не е добиена од самото место за нарушување јавен ред и мир за тепачка, туку од Клиничкиот центар, нашите екипи се излезени и почнуваат истражните дејства. Немаме запирање во ниту еден момент сѐ до целосното расчистување на случајот со поднесување на кривичните пријави во рок од 24 часа. По едно лице се трага. Ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“, изјави Спасовски.

Нема податок дека третиот осомничен за убиството, по кој се трага, ја напуштил државата.

„Прибираме податоци и информации за сите аспекти. Колегите работат и ќе видиме за резултатите од целиот настан. Се бараа информации од брзата помош, од каде е подигнат човекот, а првата информација се базира на увидот и анализата што ја направиле на Клиничкиот центар. Истражните дејства продолжуваат сѐ до расчистување. Вие бевте сведоци дека немало снимки, дека се избришани итн. Такви дезинформации не помагаат. Сите аспекти во тој дел, во делот на посета на местото на настанот кога ни беше укажано каде е пронајдено момчето, преку камерите од ‘Сејф сити’, се пристапи кон расчистување на случајот“, рече Спасовски.

Во полиција изјави за настанот дал сопственикот на клубот „Привилиџ“, каде што бил претепан Тот, како и вработена. На видеоснимка детаљно се гледа настанот како се одвивал.

„Првичната информација ја даваме врз база на она што ни го кажуваат од Клиничкиот центар. Понатаму, има прегледување камери, истражни дејства, повикување сведоци, како сопственикот на дискотеката, вработената. Тие се повикани во четвртокот напладне. Сите лица што биле од интерес на истрагата се повикани во полициска станица и заведени“, додава Спасовски.

Македонија

Пендаровски му заблагодари на Порфириј за прифаќањето на автокефалноста

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

dobivaj vesti na viber

Во разговорот, претседателот му се заблагодари на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и српската православна црква и надминување на горчливите теми од минатото.

Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази надеж дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Владата да приложи доказ дека службениците во Софија не патувале како новинари

Објавено пред

Трет ден Владата на СДСМ молчи за екскурзиите на шестте владини службеници кои биле во Софија, најверојатно запишани како новинари, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле 3 дена во Софија на трошок на државата, за да помогнат во организација како што велат на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата никаде не било изгласано дека и тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите.

„Очигледно овие 6 луѓе од СОЗР биле на државен трошок 3 дена во Софија, во редот со новинарите. Зошто од Владата и од СОЗР не приложат писмен доказ од седницата каде што е изгласано да одат и шестмината вработени во СОЗР во Владата како организациска поддршка и да потврдат впрочем дека не биле впишани како новинари ? Владата одамна е само една испостава за луксузирање и испостава за екскурзии на државен трошок. Луксузот на грбот на граѓаните е начин на живот на функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците.

„Како што порачавме и вчера, штури деманти без докази се само потврда за овој скандал. Најмалку што можат да направат е да ги вратат парите во државната каса и да сносат одговорност за овој скандал“, додаде Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукање во Чаир заради коалицијата со ДУИ?

Објавено пред

Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје! МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски додава дека наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!?

Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт? Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива, изјави Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер, Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцовки, а...

Свет1 час

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Тексас, пред масакрот на...

Македонија2 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ2 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет2 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет3 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на Третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет3 часа

(Видео) Ова е напаѓачот кој уби 18 деца – објавена е снимка пред да го започне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет4 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет4 часа

Лансирани три балистички проектили во Северна Кореја кога Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја лансирала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле лансирани...

Свет4 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа15 часа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ19 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија22 часа

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија23 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија1 ден

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија1 ден

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија1 ден

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа1 ден

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа1 ден

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...