Контакт

Македонија

Спасовски и Гомез: Заеднички заложби за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на Министерската конференција за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан која под шпанското претседателство со Советот на Европската Унија овие два дена се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со својот шпански колега министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде Марласка Гомез.

dobivaj vesti na viber

Спасовски истакна дека форумот во областа на правда и внатрешни работи претставува успешна традиција и дава значаен придонес на соработката помеѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Притоа, тој истакна дека соработката со Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи.

Спасовски иницираше разгледување на можноста за склучување на билатерален Договор за полициска соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Кралството Шпанија.

„Ја истакнувам заложбата на македонското Министерство за внатрешни работи да продолжи со реализирање на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Тие заложби се за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција, владеење на правото, јакнење на јавната безбедност и натамошна професионализација на припадниците на полицијата. Заради сите овие приоритети, повторно ја истакнувам важноста за потпишување на ваков Договор за полициска соработка меѓу нашите две Министерства кој ќе придонесе за унапредување и промовирање на меѓународната соработка на билатерално ниво, а се со цел поефикасно делување во сузбивање на меѓународните опасности по јавната безбедност”, рече тој.

Од страна на министерот Гомез беше истакната посветеноста на Шпанија во продлабочување на соработката меѓу двете земји во борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со дрога, трговијата со луѓе и други сериозни манифестации на криминал.

„Треба да им дадеме нова димензија на односите меѓу нашите земји за прашања од големо значење за нашите граѓани и на тој начин, ефективно да придонесеме за безбедноста и заштитата на основните права“, беше истакнато од страна на министерот Гомез.

На средбата беше донесен заклучок дека продолжува идната соработка, а покрај склучување на билатерален договор за полициска соработка меѓу двете земји, стана збор и за состојбата со илегалната миграција и се покренаа прашања за иницирање посебни заеднички проекти за унапредување на размената на оперативни сознанија, информации и податоци за сите области на криминал, особено за тероризам како и зајакнување на институционалните механизми и градење капацитети за вклучување на родовата перспектива во креирањето политики, програми и лидерство.

Македонија

Почна лидерската средба

Објавено пред

Започна лидерската средба којашто се одржува на покана на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во Собранието.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот.

Тема на средбата се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски очекува одговорен пристап од сите политички лидери и субјекти и заеднички политички одлуки, коишто се од суштинска важност за сегашноста и иднината на граѓаните, а коишто се очекување и на граѓаните на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски и зошто ништо не е преземено во однос на тоа?

Објавено пред

„Денешната прес-конференција требаше да биде посветена на основаните сомневања за нелегалното следење на комуникации и злоупотребите кои се прават од безбедносните служби, министерството за внатрешни работи и ЈО, а за кои власта упорно молчи. И колку и да е страшен и голем тој скандал, ништо не е пострашно и поголемо од трагичниот крај во случајот со младата Вања и грозоморното двократно убиство“, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младата Вања и Панче. Бог да ги прости. Оваа прес конференција се однесува на неодговорените прашања за овој случај и за потребата од одговорност на човекот чие име повеќе од 8 години се врзува со криминал, корупција и неспособност – Оливер Спасовски. Додека Оливер Спасовски организираше Самит во Скопје и се фалеше дека ја гарантира безбедноста на учесниците, рекетарско -криминална група од неколку членови харала низ Скопје и убивала невини луѓе, убија дете!

Главните и суштински прашања за Спасовски се – кога истрагата дознала за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Зошто полицијата на Спасовски реагирала предоцна? Дали е нормално за ваков траорен настан да ја информираат јавноста за трагичните настани преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и за што им требаше време од објавување на веста до одржување на прес конференција?

Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена! Зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација?!?

Како може неколку дена да има исчезнато лице со неговото сопствено возило, кое потоа убијците го користат за киднапирање на друго лице и со него вршат ново кривично дело – киднапирање и убиство?

Каде му е на Спасовски „Safe City“ системот, кога возилото на исчезнатиот Велешанец со денови се наоѓало во Скопје?

Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!?

Недозволиво е 8 години ова раководство на МВР кое овозможува и соучествува во неказнивост и релативизирање на криминалот секој нареден ден после огромните трагедии пак да е власт во Македонија. Токму нивното раководење со институциите доведе до вакви ненормални и недозволени појави во општеството.

За недела дена од денес, Оливер Спасовски пак ќе облече елече на СДС и „рамо до рамо“ со другите како него бесрамно ќе бара поддршка од граѓаните.

Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Среде хотел во Скопје криминалци, меѓу кои и полицајци се пресметуваа со огнено оружје. Се убива секаде низ улиците на Скопје, во центарот на градот, по трговски центри. Јавна тајна е дека истите тие криминалци работат за изборите за владејачките гарнитури. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушкување и нелегално следење на комуникации … криминалци поминуваа неказнети кога избркаа полицајци од полициска станица во Арачиново и редица други скандали.

Спасовски е срам и брука за полицијата! Бараме Спасовски да си поднесе оставка веднаш. Неговото име е синоним за скандали и криминал.

Оставка веднаш за министерот кој е другар на криминалот. И бараме како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија конечно неспособните од власта да се сетат и да прогласат ден на жалост“, изјави Игор Јанушев, пратеник.

Прикажи повеќе...

Скопје

Општина Центар со препорака до јавните и угостителските објекти да ја приспособат музиката во согласност со трагичната смрт на Вања

Објавено пред

Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територијата на општината во следните два дена да ја приспособат музиката во согласност со жалниот настан.

dobivaj vesti na viber

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Велешанецот е ‘прометна жртва’ за да му се одземе ‘ситроенот’ и поради долг од 500 евра“, вели обвинителот

Велешанецот Панче Жежовски, имал долг од 500 евра, а според обвинителот Гаврил Бубевски тој е „прометна жртва“. „Не можам до...

Македонија2 часа

Бубевски за причината за грабнувањето на Вања: Проверуваме дали средствата од станот што го продала мајката се мотив   

Откога двајца од осомничените кажале дека информациите за времето и местото кога убиената Вања ќе излезе сама од дома ги...

Македонија3 часа

Таткото јавил кога Вања ќе излезе од дома, ја грабнале од влезот на зградата за да изнудат пари од мајката

Таткото на киднапираното па убиено 14-годишно девојче споделил со убијците информации кога и како Вања ќе излезе од дома, за...

Македонија3 часа

Спасовски: Во вреќа за спиење и со врзани раце и нозе ја ставиле во багажникот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека ова е изолиран случај и дека нема врска со јавната безбедност генерално....

Македонија3 часа

Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“,...

Македонија4 часа

(Видео) Спасовски и Бубевски за убиството на 14-годишната Вања

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил...

Македонија4 часа

Демократскиот сојуз: Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи

Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи. ДС бара темелна...

Македонија4 часа

„Бруталното убиство на Вања е пораз за цела држава, оставка на Спасовски веднаш“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава. Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста...

Македонија5 часа

Пронајдени залутани деца на Средно Водно

На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во предел на...

Македонија5 часа

48-часовен притвор за тројцата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен...

Македонија13 часа

Апасиев го откажа учеството на лидерската средба: Треба да биде ден на жалост, а не лидерска за датум за избори

Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори, вели претседателот...

Македонија13 часа

Taткото на Вања во полициска станица, досега не е побаран притвор

Таткото на 14-годишната, Вања Ѓорчевска, по која се трагаше цела недела, а чиешто тело беше најдено денеска, се’ уште е...

Македонија15 часа

Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Истите лица кои стојат зад убиството на 14-годишната Вања по која со денови трагаше целата држава, се осомничени и за...

Македонија16 часа

Вања е пронајдена мртва – била убиена дента кога исчезнала

Во околината на Скопје пронајдено е безживотното тело на малолетната Вања Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27 ноември,...

Економија1 ден

(Видео) Кузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари...

Свет1 ден

Нов силен земјотрес на Филипините, повторно издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, а веднаш беше издадено предупредување за цунами....

Топ1 ден

Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје...

Македонија1 ден

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само...

Свет1 ден

Мистерија нерешена 14 години: го избришал своето минато, а потоа бил пронајден мртов

Во јуни 2009 година, човек по име Питер Бергман беше пронајден мртов на плажа во Ирска.Слаб маж облечен во црно...

Европа1 ден

(Видео) Напаѓач уби турист кај Ајфеловата кула и нападна уште двајца, извикал „Алах акбар“

Маж е убиен, а двајца повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер...