Контакт

Македонија

Спасовски на патот Раштак – Бутел: Досега инвестиравме речиси една милијарда во патната инфраструктура

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска оствари работна посета на општините Бутел и Гази Баба и направи увид во работите за изградба и проширување на патниот правец Раштак – Бутел.

Во изјавата за медиумите Спасовски истакна дека ни ова лето не запираат интензивните градежни активности, дури и во вонредни околности во услови на пандемија не запираат работите на почнатите проекти и се почнува со нови.

„Се гради во целата држава, во сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите во околности во кои максимално водиме грижа за работниците на терен почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е нашата нова реалност и на овој начин ѝ помагаме на економијата во многу важен период. Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура, а во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години. Инвестициите во инфраструктурата се важни не само за брз и безбеден сообраќај, важни се затоа што отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на сите граѓани“, ја истакна премиерот Спасовски посветеноста на Владата во изградба на инфраструктура за сите.

Тој образложи дека овој пат, кој ги поврзува општините Гази Баба и Бутел преку Раштак, беше целосно оштетена и небезбедна сообраќајница.

„Граѓаните во овој регион најдобро знаат колку години се мачеа да патуваат по еден таков небезбеден пат.
Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој даде поддршка за изградба и проширување на патниот правец Раштак – Бутел во должина од 5 километри во висина од 16,7 милиони денари. Патот ќе биде проширен со поставена нова асфалтна подлога, а ќе биде изграден и потпорен ѕид“, образложи премиерот Спасовски.

Тој објасни дека Владата на Северна Македонија на Општина Гази Баба ѝ додели 40 милиони денари за изградба на уште два локални пата, со кои Општината аплицира.

„За изградба на локален пат од Страчинци кон Виниче во должина од 2 километра и за изградба на локален пат од основното училиште во Булачани кон викенд-населбата во должина од 1.100 метри. Овие три проекти ја потврдуваат грижата на Владата за секој човек, за секое населено место. Не правиме никакви разлики и вложуваме еднакво за сите граѓани. Ги развиваме руралните места и вложуваме во изградба на неопходната инфраструктура обезбедувајќи достојни услови за живеење. Покрај овие патни правци, извршивме целосна реконструкција на локалниот пат Јурумлери – Долно Лисиче – Драчево, каде што од локален пат полн дупки, при што и при најмал дожд возилата не можеа да се движат по него, сега е целосно реконструиран со нова асфалтна подлога и целосно безбеден за учесниците во сообраќајот“, акцентира премиерот Спасовски.

Тој на крајот истакна дека денес, инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобрата поврзаност, инвестиции во развојот и за нова развојна македонска економија.

„Градиме за да ни се развиваат сите населени места еднакво и за подобра поврзаност со другите, со што се обезбедуваат услови за силен локален економски развој“, потенцира на крајот од своето обраќање премиерот Спасовски.

Македонија

Санкционирани 297 лица за неносење маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.08.2020 година) на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 297 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување на Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради планирани технички зафати во електро-системот во градот Скопје, утре без струја ќе останат:

– во периодот од 08:30 – 15:00 часот, корисниците ул.Марко Орешковиќ. (општина Кисела Вода);

– во периодот од 08:00 – 09:30 часот, ресторанот „Интермецо“, карате клубот „Работнички“, пералните за возила на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов броевите: 70, 75, 77, 79. (општина Центар);

– во периодот од 08:80-18:00 часот, Стопанските и нестопанските објекти од семафорите во Пинтија до мостот на влез во Драчево, сите компании и бензиски пумпи од тој дел ќе бидат со повремени прекини во тој период. (општина Кисела Вода);

– во периодот од 08:30 – 13:00 часот корисниците во зградата на КЈУБИ. (општина Центар);

– во периодот од 08:00 – 10:30 часот корисниците од ул.1611. (општина Аеродром);

– во периодот од 13:00 – 15:30 часот корисниците од бул. Трета Македонска Бригада, делот кај подулицата со бр.3. (општина Аеродром);

– во периодот од 09:00 – 11:00 часот корисниците на дел од ул. Хелсиншка околу броевите11 и 13, ул.Ташкентска околу броевите 20 и 22. (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје: Поднесени над 2.200 барања за субвенции за клими, има средства за уште 3.000

Објавено пред

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување се објавени на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Асимптоматските случаи имаат иста количина на вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на ковид-19 носат иста количина на вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше...

Свет2 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет2 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион13 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет14 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет16 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет17 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија19 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија19 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион21 час

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија21 час

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија22 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија22 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет1 ден

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет1 ден

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет2 дена

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет2 дена

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет2 дена

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Досие