Македонија
Спасовски од Куманово: Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој

Премиерот Оливер Спасовски денеска оствари работна посета на Куманово и беше на увид во работите на спортската сала при средното училиште „Наце Буѓони“.
„Куманово во времето на режимот беше целосно запоставено и воопшто не постоеше на агендата за проекти од страна на тогашната режимска власт. Така беше и во делот на инвестициите во капиталните проекти во образованието. Оваа Влада ја направи видлива разликата и на овој план на ниво на целата држава. Завршена е изградбата и рехабилитација на повеќе од 13 основни и средни училишта, во вредност од речиси 70 милиони денари. Во тек е рехабилитацијата на уште 8 основни и средни училишта во вредност од речиси 12 милиони денари (11.781.989,00 ). Само со правилен раст и развој може да успееме да и дадеме шанса на нашите млади да чекорат по патот на напредокот на успехот“, потенцира премиерот Спасовски.
Тој објасни дека Владата предводена од СДСМ и коалицијата инвестирала во изградба и реновирање на 25 спортски сали на територијата на целата држава, а од нив 2/3 се веќе завршени и функционални.
„Денеска сме сведоци на завршените работи на надворешниот објект на спортската сала на Средното техничко училиште ‘Наце Буѓони, овде во Куманово. Во моментот се работи на уредување на внатрешноста на салата. Салата ќе биде опремена со сите реквизити и справи за мали спортови, кошарка, ракомет, мал фудбал и за одбојка. Средствата за нејзината изградба во висина од 27 милиони денари ги обезбеди Владата, а Општина Куманово вложи 1,5 милион денари. Спортската сала почна да се гради минатото лето, а наесен, со почетокот на новата учебна година, се очекува да биде пуштена во употреба кога ќе се заврши нејзиното внатрешно уредување, кое е во тек. Средното техничко училиште ‘Наце Буѓони’ постои од 1960 година. Наставата се одвива во 72 паралелки со околу 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик и до сега наставата по физичко и здравствено воспитување се одвиваше во импровизирани услови. Од септември оваа и сите идни генерации ученици ќе имаат соодветни услови за реализирање на физичкото образование“, ги презентира премиерот Спасовски работите за салата.
Спасовски кажа дека во Куманово и во поширокиот регион е во полн ек градежната офанзива на разни капитални инфраструктурни проекти.
„Речиси сите регионални патишта околу Куманово, кои повеќе од 40 години и не биле реконструирани, сега се реконструирани, а одреден дел е во фаза на реконструкција. Дури 8 патни правци во должина од 102 километра, со вкупна вредност од 12,3 милиони евра, се опфатени со оваа градежна офанзива. Патните делници Опае – Белановце – Станчиќ; Куманово – Миладиновци; рехабилитацијата на регионалниот пат Куманово – Свети Николе; реконструкцијата на регионалниот пат Куманово – Опае; рехабилитацијата на регионалните патни правци Куманово – Никуштак и Куманово – Пелинце. Се поврзуваат сите изградени, реконструирани или рехабилитирани делници од Коридорот 8. Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој, особено во овој дел на земјата, кој еден подолг период беше запоставен. Инвестициите во инфраструктурата, во патиштата се инвестиции за подобрата поврзаност на локалните заедници со големите економски центри. Тоа се инвестиции за можности за новата развојна македонска економија“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство

Почина доајенот на македонското спикерство, Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на Вестите.
„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” , објави на „Фејсбук“ нејзината внука Ирина Костовска.
Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци,…
Posted by Irina Rin Kostovska on Четврток, 21 јануари 2021
Бранка Станковска е родена во Скопје на 30 април 1931 и е позната како врвен радио и телевизиски спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.
Македонија
Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“.
Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега, за спроведување на пописот, ќе бидат на располагање за едукација и донесување протоколи за спорведување на една ваква, како што ја нарече, комплексна операција.
„Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите коишто ќе го водат тој процес“, рече Филипче.
Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи поминал, како што кажа, без ниту една забелешка.
„Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој е од клучно значање за државата“, рече Филипче.
Македонија
(Видео) Мицевски: СДСМ на сила го истурка Законот за попис, наместо статистичка ова ќе биде политичка операција

На денешната 29. собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не гласаа за законот за пописот на населението и домаќинствата, но тој беше усвоен во Собранието.
Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ова законско решение власта го истуркал на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати.
„Не се прифатени 26 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде на СДСМ и нивните коалициони партнери. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не гласаа за ваквото законско решение“, посочи Мицевски.
Според него, овој закон по скратена постапка, со европско знаменце, има само неколку козметички измени кои немаат, како што вели, никаква допирна точка со регулативите на Европскиот парламент.
„Последниве денови се лецитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите од пописот што треба да се спроведе. Што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистичка преминува во политичка операција“, изјави од собраниската говорница Мицевски.
Ваквото предложено законско решение нема да биде објективно и фер, рече тој.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот