Контакт

Македонија

Спасовски: Позитивна одлука за почеток на преговорите ќе го врати кредибилитетот на ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и од министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, се сретна со претседателот на парламентарната група Renew Europe, (Рињу Јуроп) во Европскиот парламент, Дациан Циолос, придружуван од Илxан Кјучук, европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент и од Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.

Пренесена е силна порака за јасна поддршка на очекуваното отворање преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија – и на билатералната средба помеѓу двете делегации и на заедничката прес-конференција што ја имаа премиерот Спасовски и претседателот на Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос.

На прес-конференцијата претседателот на Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос, соопшти дека оваа парламентарна група, инаку трета по големина во Европскиот парламент со претставници од најголем дел од земјите членки на ЕУ, го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и смета дека Република Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, затоа што ги исполни сите побарани критериуми.

Исто така, беше пренесена и пораката за определеноста на Европскиот парламент да гради партнерски однос со нашата држава во пристапниот евроинтеграциски процес, на којшто се гледа како на можност за усогласување на законодавството со цел реформи што даваат резултати за граѓаните на нашата земја, но и како на достапност до пристапните фондови на ЕУ во интерес на квалитетот на живот на нашите граѓани.

Порачано е и дека од нашата држава се очекуваат мирни, фер и демократски избори и политичка кампања спроведена со позитивна реторика, што ќе биде значајно за извештајот што го подготвува Европската комисија за земјава.

Премиерот Спасовски и на билатералната средба и на прес-конференцијата изрази благодарност до претставниците на Renew Europe (Рињу Јуроп) и до Европскиот парламент за охрабрувачките поддржувачки пораки за европерспективите на земјава, по позитивните сигнали со поддршка за нашата земја од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји, и од другите европски претставници, при посетата, пред неколку дена, на Брисел.

„За нас е многу значајна поддршката што ја имаме од Европскиот парламент, кон којашто со ист интензитет е придружена и поддршката на парламентарната група Renew Europe (Рињу Јуроп).

Со нашите пријатели од Renew Europe (Рињу Јуроп) споделивме заеднички став дека очекуваната позитивна одлука на Европскиот совет за нашата земја, заедно со новата методологија, ќе го врати кредибилитетот на ЕУ и ќе обезбеди кохерентен и предвидлив процес на пристапување, што нема да ја загрози одржливоста на досега постигнатите реформски резултати на Северна Македонија. Тоа ќе ја потврди исправноста на нашата определба да бидеме полноправна членка на ЕУ, како што го заокружуваме полноправното членство во НАТО.

Затоа, и во оваа пригода, преку европските пратеници, упатив порака до сите земји членки на ЕУ да донесат позитивна одлука за отворање преговори“, рече премиерот Спасовски на прес-конференцијата.

Претседателот на Владата, Спасовски, ги истакна позитивните сигнали и охрабрувањето за нашата посветеност и доследност во спроведувањето на реформски потфати како мотивација за испорачаните нови аргументи, со цел приближување до почетокот на преговорите со ЕУ.

„Ние покажавме политичка зрелост и институционален капацитет за сериозни реформи, дури и во предизборниот период. Во наредниот период очекуваме исто таква зрелост од државите членки на ЕУ, за да не се даваат аргументи за зајакнување на националистичката и антиевропската реторика во земјава, што може да ги стави во ризик Договорот од Преспа и реформските процеси.

Владата на Република Северна Македонија остана доследна на реформскиот курс и на европските политики. Ги заокруживме реформите во правосудството со донесувањето на Законот за Јавно обвинителство и тоа е чекор поблиску до ефикасна борба со организираниот криминал и корупција. Распишани се избори и оваа Влада ќе направи сѐ за да се организираат и спроведат слободни, фер и демократски избори“, изјави премиерот Спасовски.

Тој соопшти дека со претседателот на парламентарната група Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос, е споделен ставот дека конкретната перспектива за пристапување на нашата држава во членство на ЕУ, е важна за стабилноста и безбедноста и во поширок регионален контекст, за преку носењето мудри одлуки да се прати порака дека преку дијалог може да се решат сите отворени прашања и конечно земјите да се посветат на развојот на економијата.

Во одговорите на новинарските прашања, претседателот на парламентарната група Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос, посебно ги нагласи како важни реформите во обезбедување владеење на правото, независно правосудство, транспарентна и позитивна изборна кампања, како и почитувањето на договорите со соседите, со што Република Северна Македонија ќе испрати порака дека ги почитува меѓународните договори, а со тоа и дека ќе биде добар партнер на државите во Европа.

Премиерот Спасовски во одговорите на новинарските прашања нагласи дека Владата е подготвена да спроведе фер и демократски избори и повика на позитивна кампања од страна на политичките партии, бидејќи и граѓаните не сакаат валкани кампањи туку позитивни пораки.

На билатералната средба на двете делегации, што се одржа пред прес-конференцијата беше разговарано за значајноста на моментумот за исчекор во евроинтеграциите на нашата држава, со цел мотивација на граѓаните и на институциите за продолжување на движечките реформи кон зајакнување на институционалните капацитети и на определбата кон европските конструктивни политики и вредности, во интерес на добрата иднина на земјава и на регионот.

Македонија

Владата одобри набавка на 200 респиратори

Објавено пред

Владата на денешната седница усвои Уредба за интервентна набавка на респираторни машини за време на пандемијата на коронавирус, со која се уредуваат условите и постапката за итна набавка на 200 респиратори при вонредна состојба.

За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб-страницата, кој ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување, информираат од владината прес-служба.

Оценка на пристигнатите понуди ќе врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје бил заболен од коронавирус.

За овој пациент, министерството информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со новодијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на Ковид-19.

Како што претходоно беше соопштено, се работи за пациент на возраст од 70 години од Куманово, кој имал хипертензија и срцева слабост, но резултатот за Ковид-19 тогаш сè уште не беше готов.

Истиот пристигнал попладнево и бил позитивен, а од Министерството за здравство истакнуваат дека овој смртен случај ќе биде евидентиран во утрешниот извештај.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицискиот час нема да важи за оние кои помагаат на неподвижни и лица со деменција

Објавено пред

Лица што се грижат за пациенти со деменција или пациенти за кои се користи туѓа нега и не се подвижни ќе може да имаат надзор и за време на полицискиот час.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес најави дека е најден начин на лицата кои се грижат за такви пациенти да им се издадат дозволи.

„За лицата кои имаат деменција или користат туѓа нега разговараме откако стигнаа голем број прашања и заклучивме дека може да им се издаде дозвола. Најчесто се работи за лица од семејството. Тие ќе треба да приложат медицинска документација која го оправдува движењето, да аплицираат и ќе добијат дозвола од Министерството за информатичко општество“, рече министерот Филипче.

Од Министерството за информатичко општество изјавија дека заклучно со 31 март вкупно 33.863 граѓани добиле дозволи за движење за време на полицискиот час, од 22 март кога стапи на сила ограничувањето на движењето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет9 часа

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет10 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија11 час

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија12 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ14 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија14 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија14 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија15 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија16 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија16 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија17 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија19 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион19 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион19 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет20 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет20 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион20 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет1 ден

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет1 ден

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Досие