Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.
Македонија
Спасовски: Работевме на подобрување на положбата на полициските службеници

„Меѓу првите зацртани цели што ги дефиниравме уште на почетокот на мандатот на актуелното раководство на МВР беше целосната, безрезервна поддршка на синдикалното делување, преку конкретно интензивирање на за нас неопходната социјална соработка и партнерство со репрезентативниот синдикат, отворање нови перспективи и можности за конкретни и поквалитетни договарања и решенија, со цел подобрување на професионалниот, социјалниот, економски статус на сите вработени во нашата институција“, истакна министеротза внатрешни работи Оливер Спасовски на состанокот на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат што се одржа во Охрид.
Според Спасовски, сето тоа ефектуираше со динамична соработка која беше заокружена со потпишувањето на новиот Колективен договор, со чиишто измени е направен значаен исчекор со позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во МВР.
Посочувајќи дел од новините во Колективниот договор, како што се: наградата за добиено новороденче, исплатата во износ од 20% средства наменети за храна за колегите кои работат ноќе, исплата во износ од 5% на час за домашно дежурство во криминалистичката полиција, награда за ментори за успешно спроведена менторска програма, Јубилејна награда во износ од половина од просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, Спасовски нагласи дека во изминатиот период беа преземени сериозни активности за севкупно подобрување на материјално-техничката положба на полициските службеници, изразени како во поглед на професионалната опременост на полицијата, така и во поглед на инфраструктурните услови и капацитети за работа на полициските организациски единици.
„И во оваа тековна година продолживме со набавка на униформи, па специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи и чевли се набавени и за другите полициски службеници, за Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ, за Хеликоптерската единица, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници. Успеавме да обезбедиме зголемување на платите за 5% за 2022 година, сè со цел продолжување на процесот на усогласување на платата за припадници на МВР. Покрај ова, веќе ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, а реализиравме навремена исплата на средства за тековните бонус плати, при што обезбедивме и средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во текот на 2021 година. Ова се дел од работите што во овој интензивен реформски период зад нас успеавме да ги реализираме. Притоа, останавме посветени на начелата на отвореност, комуникација и соработка како базични за натамошно унапредување не само на професионалните и синдикални стандарди, туку и на севкупното функционирање на министерството како сервис на граѓаните“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Eден час претходно дел од членовите од „Огнената група“ рекоа дека ќе функционираат како фракција.
-ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа сум изгубил на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување, рече Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски. Тој информираше и дека на седницата образложил пред претседателството за развојот на настаните во земјата и во регионот.
-Со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, наречен уште и како Охридски договор. Договор којшто е важен и за нас и за целиот регион, бидејќи регионот влегува во една состојба на мир, што е особено важно за сите. Со желба овој договор да се почитува и да се имплементира од двете страни, посочи Ахмети.
Македонија
Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети рече дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата и се исцрпени сите можности.
„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.
Македонија
Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Тој бегството го пријави во телевизиско интервју вчеравечер за бугарската телевизија Нова.
„Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, вели Цветанов.
На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече дека тоа што го направил е избор и нема враќање назад.
Министерството за внатрешни работи претходно поднесе кривична пријава против Цветанов за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Цветанов се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.