Контакт

Македонија

Спасовски со германскиот амбасадор Герберих: Продолжува поддршката од Германија на патот на земјата во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, имаше средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјата, Томас Герберих, кој му честита за преземањето на функцијата.

На средбата е констатирано дека Република Северна Македонија и Сојузна Германија имаат одлични билатерални односи, кои ги карактеризираат динамичен дијалог и стабилно партнерство и беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката и во наредниот период.

Премиерот Спасовски се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Германија во сите процеси, со цел, како што нагласи, остварување на главните стратешки цели на нашата земја, членството во Европската Унија и НАТО.
Тој истакна дека за тоа беа потребни храбри одлуки и изрази очекување дека набргу нашата земја ќе стане полноправна членка на НАТО. Ратификацијата на протоколот во Шпанија веќе е почната, а Владата го достави предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието.

На средбата беше истакнато дека вчерашната посета на еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Вархеи, донесе умерен оптимизам дека може да се очекува позитивна одлука од ЕУ за почеток на преговорите.
Премиерот Спасовски нагласи дека Владата ќе продолжи да дава дополнителни позитивни аргументи за таква одлука на ЕУ, како што се подготвеноста за продолжување и одржување политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи, спроведување на реформите и функционирање на институциите, владеењето на правото и дополнителни напори за изнаоѓање политички решенија за клучни законски реформи.

На средбата меѓу премиерот Спасовски и Герберих беше искажана подготвеност дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори заради стабилизирање на демократските и реформските процеси како придонес на позитивен развој на процесите важни за граѓаните на Северна Македонија и регионот, со што ќе се застане на патот на неизвесноста во земјата.

Премиерот Спасовски повтори дека во наредниот период продолжува нормалното функционирање на државата и нагласи дека обезбедувањето услови за фер и слободни избори е приоритет укажувајќи дека е значајно да се сочуваат безбедноста и стабилноста внатре во државата.

„Работиме на одржување на сè она што е досега направено и упатуваме порака да ги интензивираме соработката и политичкиот дијалог со сите институции важни за изборниот процес со цел да го одржиме нивото на демократските процеси воспоставени на претходните избори, референдумот и изборите за претседател на државата што ги организиравме“, истакна премиерот Спасовски.
На средбата беше истакната и повторената германската поддршка за скорешно почнување со пристапните преговори на нашата земја со Европската Унија и дека процесот за развој на методологијата не смее да донесе поместување на пристапните преговори.
На средбата премиерот Спасовски и амбасадорот Герберих позитивно ја оценија одличната соработка во разни сфери, особено во економијата меѓу двете земји, и беше изразена подготвеност за унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и СР Германија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дескоска: Од ВМРО-ДПМНЕ го бараа Јовески, а сега не сакаат да го слушнат

Објавено пред

Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук-профил постави објава со која го најавува денешното продолжение на јавната расправа за Законот за јавно обвинителство.

„И денес матрицата на ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе на површина – бараат цензура и се противат јавниот обвинител Јовески и јас да земеме збор и да го кажеме мислењето по вчерашните предлози. Го бараа Јовески, а не сакаат да го слушнат“, напиша министерката во својата објава.

Таа воедно додаде дека, спротивно на Деловникот, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се противат таа да каже кои се следните чекори во градење консензус околу законот.

На вчерашната расправа, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонијо Милошоски се обидоа да го блокираат говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески, со голем транспарент на кој пишуваше: „Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба“.

На крајот на минатата недела претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда го одби нивното барање да го повика државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да учествува во констриурањето на законот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посета на граѓани на Вила Водно во рамки на „Отворен кабинет“

Објавено пред

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, Вила Водно, денеска го посетија граѓани во рамки на активноста „Отворен кабинет“.

Посетителите имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Гостите се запознаа и со дел од вработените во кабинетот и беа информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите коишто се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

„Отворен кабинет“ е активност којашто овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет-страница на претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во кабинетот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Покрај Кацарска, сериозни сомнежи за испитување на криминал има и за Русковска

Објавено пред

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели дека фекалиите од Луј Витон-правосудството со секое ново рочиште за „Рекет“ почнале да излегуваат на виделина. Вели дека биле разобличени сите маски на независно расцветано судство на Зоран Заев, кое всушност, според него, е судство зависно од власта на Заев и СДСМ.

„Кацарска-судството и русковска-обвинителството немаат кредибилитет и се пример за криминално насилно обвинителство и судство што работи под палката на актуелната Влада на СДСМ и Заев. Покрај кацарска-судството, денеска сериозни сомнежи за испитување на криминал има и за омилената обвинителка на Зоран Заев, Вилма Русковска, каде што обвинет во случајот ‘Рекет’ јавно изјави дека поседува докази за криминал од 4 милиони евра.

Маските се паднати. Ова е сериозна индиција за криминал вреден 4 милиони евра во кој е вмешан главниот обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција и мора уште веднаш да се истражи. Не смее да се замижи пред ова јавно излагање на обвинетиот од случајот ‘Рекет’. Според тврдењата на обвинителката Лиле Стефанова доколку се точни, Добрила Кацарска директно влијаела врз судски одлуки за што треба да одговара по најмалку 3 члена од Кривичен законик на Република Македонија и еден член од Законот за судови.

Член 353 став (1) – Злоупотреба на службената положба и овластување коешто фаќа рамка од 6 месеци до 3 години затвор
Член 358-а став (2) – Давање награда за противзаконито влијание коешто опфаќа рамка доколку се прекрши членот Законот од 1 година до 5 години затвор
Член 375 став (1) – Присилба спрема правосуден работник коешто опфаќа рамка за парична казна или до 3 години затвор

Дополнително,  членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“.

Според сите овие членови од Кривичен законик на Република Македонија на Добрила Кацарска ѝ се заканува до 11 години казна затвор и веднаш да биде суспендирана од член 75 од Законот за судови од страна на Иван Џолев, бидејќи му тече законскиот рок од 8 дена. Доколку не ја суспендира во рокот од 8 дена, тој самиот е соучесник во она што го направила Добрила Кацарска.

Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираат партиски нарачки. Добрила Кацарска ургира кај Катица Јанева, Катица Јанева ја фали Добрила Кацарска дека ѝ била ментор и учела од неа, а Вилма Русковска со индиции за вмешаност во криминал од 4 милиони евра.

Институциите не смеат да замижат пред сите овие случаеви. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци“, порача Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

(Видео) Кина: Носат шишиња за вода на главата, а ги завиткаа и децата во пластика

Во Кина, каде што е жариштето на коронавирусот, постои голема побарувачка за маски кои речиси воопшто ги нема на пазарот,...

Македонија3 часа

(Видео) Евакуиран цел „Сити мол“ по дојава за бомба

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ попладнево беа евакуирани. Им било соопштено да го...

Македонија3 часа

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија3 часа

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија4 часа

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија5 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија5 часа

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет5 часа

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион6 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет7 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион7 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион7 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија8 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија18 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија20 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија20 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија22 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт22 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија22 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија23 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Досие