Македонија
Спасовски: Со посветеност и преземени активности за целосна правична застапеност и родова еднаквост во МВР

Министерот Оливер Спасовски учествуваше на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, кој оваа година се одржа под работен наслов „Родовата еднаквост на жаната во спортот – можности и предизвици“. Спасовски зеде учество во дискусиите на панелот „Уривање на стереотипите во спортот, професијата, родовата еднаквост“, заедно со министеркатата за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, претседателот на Олимпискиот комитет Даниел Димевски и советникот за спорт на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Силвија Митевска.
Министерот потенцираше дека актуелното раководство на МВР во изминативе неколку години докажа дека волјата за постигнување на родова еднаквост во министерството за внатрешни работи не е предмет на дискусија.
„Бевме упорни и посветени во секојдневното создавање на подобри услови, сѐ до постигнување на целосна правична застапеност и родова еднаквост. Ценејќи ги интуитивноста, епматичноста, развиеното чувство на претпазливост и одговорноста на жените во полицијата, како дел од уникатните карактеристики кои ја создаваат додадената вредност што ја имаат во работната средина и во општеството во целост, можам слободно да кажам дека придонесовме во последниов период многу работи да се придвижат во МВР. Сведоци сме дека од година во година се зголемува бројот на жени генерално, но и на оние кои се на раководни позиции, не само во рамки на МВР, туку и во делот на работењето на БЈБ. Со секоја генерација се зголемува и бројот на жени – кандидатки кои се пријавуваат на конкурсите и се упатени на обука за полицаец по извршена селекција“, истакна министерот Спасовски.
Министерот Спасовски образложи дека сето ова е резултат на големиот акцент кој се става на родовиот аспект и родовите прашања во Министерството, како и на мерки и активности поврзани со поттикнување на родовата рамноправност што раководството на МВР ги презема од 2018 година, кои се нотирани и во Извештајот за напредокот на состојбата за еднаквите можности на жените и мажите.
„За првпат беше имплементиран родовиот концепт при подготовка на службениците во Одделот за специјални полициски операции, преку изготвување, одобрување и примена на правни прописи за проверка на физичката подготвеност на полициските службеници кои за првпат се родово сензитивни. Сега веќе зборуваме и за родово сензитивна постапка на селекција на кадри при прием на кандидати за основна обука за полицаец во МВР, особено во делот за исполнување на критериумите за моторички способности. Имплементиран е систем на еднакви можности на жените и мажите при стручно усовршување, што подразбира родово-разделени податоци за евиденција на стручните усовршувања на вработените и слушателите на основна обука за полицаец, како и охрабрување за номинирање на жените на разни видови на стручни усовршувања кои се спроведуваат во земјава и во странство“, образложи министерот Спасовски.
На прашање дали жените во полицијата се соочуваат со дискриминација или непочитување на авторитетот само заради тоа што се жени и колкав е бројот на жени застапени во полицијата кои се активни на терен, министерот Спасовски потенцираше дека ова раководството на МВР е сосема свесно дека општеството се движи напред само со еманципирани, економски силни и самостални жени и девојки.
„Министерството води политика на еднаквост и се бори за целосна елиминација на дискриминацијата во сите нејзини облици. Паралелно со позитивните политики кои ги спроведуваме, при селекцијата на кандидати за конкретните работни места, согласно природата на работата и работните задачи во Министерството, комисиите се раководат од барањата за потребна стручна квалификација која треба да ја поседува одреден работник или работничка, односно исклучиво од аспект на стручност, компетентност, интегритет и останати професионални и персонални квалификации. Истото се однесува и за зголемувањето на бројот на жени на раководни позиции, а жените редовно се охрабруваат да покажат уште поголем интерес за раководните места, чија улога е извонредно важна во полициското работење“, објасни министерот Спасовски, додавајќи дека покрај во МВР, и во рамки на БЈБ континуирано се зголемува бројот на полициски службенички кои се раководителки на Оддели, помошници директорки, началнички, командирки на полициски станици и на полициски одделенија, а жени се вклучени во во Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица, што порано не било случај.
Спасовски, на прашањето за новиот Колективен договор за вработените во МВР кој по многу ставки е револуционерно позитивен за спортистите и жените во МВР ги презентираше дел од придобивките кои ги добиваат вработените во МВР со него.
„Во него се предвидени и низа новини кои ги усвоивме заедно со репрезентативниот Македонски полициски синдикат, а со оглед на тоа што доаѓаат од самите полициски службеници, членови на синдикалната организација, уверен сум дека заедно со останатите мерки кои ги спроведуваме, ќе придонесат за подобрување на материјално-социјалните услови на сите вработени. Покрај наградите во вредност од 150 евра за ментори за успешно спроведена менторска програма, јубилејната награда во износ од половина просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, исплата на средства во износ од 20 отсто наменети за храна за оние кои работат ноќе и исплата во износ од 5 проценти на час за домашно дежурство, мерка за која исплатата за месец јануари 2022 за 1.008 колеги во МВР беше реализирана заедно со платата за месец февруари, за жените вработени во МВР кои ќе се реализираат како мајки, предвиден е паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност за секое новородено дете. Покрај ова, за првпат во Министерстото, вработените кои го претставуваат Министерството и државата или се дел од државна спортска селекција или репрезентација, се ослободени од работа додека трае спортскиот настан (платено отсуство), за разлика од претходно, кога вработените беа принудени да користат дел од годишен одмор или слободни денови за оваа цел“, истакна на крај министерот Спасовски, додавајќи дека овие измени се направени поради фактот што спортот претставува култура на живеење која промовира здрави навики, а спортистите се наши најголеми амбасадори кои придонесуваат за институционално и за општествено промовирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Настанот „Вози право, вози здраво“ повторно се враќа на скопските улиците.
На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина.
Пријавувањето за годинешното издание на „Вози право, вози здраво“ веќе започна. Сите што сакаат да учествуваат може да се регистрираат на следниот линк, со што ќе добијат бројче кое може да го подигнат од 1 до 4 јуни во i-bank store филијалата на Стопанска банка АД-Скопје. Стартот на трката е закажан за 18 часот од Порта Македонија, додека целта е во Градски парк каде што ќе се организира голема забава и богата лотарија за учесниците.
„На „Вози право, вози здраво“ сите се победници и затоа не се мери времето. Главната цел на настанот е учесниците да се забавуваат и да придонесат за промоција на здравите животни навики, користење на еколошки средства за транспорт и за зачувување на животната средина. Стопанска банка ќе обезбеди вода, освежување, сладолед и грицки за учесниците, а за добрата забава на крајот ќе се погрижат Baskerfest. На крајот од настанот ќе има богата лотарија за регистрираните учесници во која најсреќните ќе добијат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед“, велат организаторте на настанот.
Шестото издание на „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје се организира по пауза од две години поради пандемијата. На последниот настан во 2019 година имаше 7.800 регистрирани учесници.
Македонија
Нови 32 случаи на Ковид-19, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Битола – 5, Кавадарци и Кичево – по 2, Скопје, Охрид и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146603, Активни 370
Куманово 16673, Активни 8
Битола 15614, Активни 47
Прилеп 14202, Активни 12
Тетово 13474, Активни 5
Кавадарци 10678, Активни 6
Велес 9787, Активни 4
Гостивар 9605, Активни 4
Охрид 8904, Активни 17
Струмица 8072, Активни 1
Штип 8051, Активни 13
Кичево 5647, Активни 9
Кочани 5090, Активни 2
Струга 4724, Активни 0
Гевгелија 4419, Активни 2
Неготино 3688, Активни 2
Ресен 2749, Активни 11
Свети Николе 2631, Активни 4
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1985, Активни 2
Берово 1679, Активни 7
Дебар 1676, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Османи: Императив е во јуни да се отпочне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се отпочне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на отворањето на панел дискусијата „Патот до Брисел”.
Закочените интеграциски процеси за Северна Македонија, како што рече Османи, се извор на системска ранливост, чии што ефекти негативно се одразуваат врз целиот регион.
„Искрено веруваме дека ова се историски времиња кои налагаат цврсти и навремени одлуки. Бараме итно отворање на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ и повикуваме на преземање на сите напори за унапредување во кандидатски статус за членство во ЕУ на Босна и Херцеговина и Косово и поддржуваме напредок во преговорите за Црна Гора и Србија“, рече Османи.
Шефот на дипломатијата предупреди дека ако ништо не се случи, ќе биде испратена погрешна порака кон другите држави од Западен Балкан, но тоа не значи дека планираме да го напушиме европскиот пат.
„Ние сме Европејци со огромно убедување. Одлични сме во спроведувањето и усогласувањето со европското законодавството и ќе продолжиме на тој пат“, рече Османи.