Контакт

Македонија

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Објавено пред

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како што најави, наскоро ќе биде доставен во Собранието.

Спасовски верува дека сега е моментот сите политички партии да бидат на висината на сопствената одговорност.

„Ги повикувам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престане со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите“, рече Спасовски.

Според Спасовски, дијалогот ќе придонесе да се донесе законското решение кое ќе гарантира правда за сите во земјава.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Нема средства за хигиена во училиштата, патници на аеродром поминале без контрола

Објавено пред

Синиша Стојаноски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција упати обвинувања до министерот за здравство, Венко Филипче за пропусти во организацијата со капацитетите за справување со потенцијално кризна состојба поради коронавирусот.

„Прашуваме зошто, наместо целата енергија на министерството за здравство и министерот Филипче да биде фокусирана кон препораките на СЗО за справување со актуелната ситуација, се доцни дури и со основната организација на неопходно потребните минимални просторни и кадровски капацитети“, рече Стојановски.

Тој нагласи дека нема основни средства за хигиена во училиштата, а патниците од авион кој што слетал на скопскиот аеродромот од кризното подрачје во Италија поминале без никаква контрола.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали некој воопшто ги евидентирал и контролирал овие патници во периодот на инкубација на вирусот, како и со колку респиратори располагаме во моментов. Понатаму, опозицијата прашува дали има доволно адекватно обучен персонал за потенцијални критични случаи или за предвидениот карантин, како и дали е функционална собата со негативен притисок и колкав е нејзиниот капацитет.

„Дали забранивте или ограничивте патување кон и од кризните жаришта? Дали патниците од кризните жаришта ги изолирате во карантин за периодот на инкубација на вирусот? Има ли доволно маски за здравствениот персонал кој ќе биде на првата линија на удар доколку се појави вирусот и кај нас? Има ли воопшто доволно маски за граѓаните на Република Македонија? Постои ли воопшто контрола на патниците, министре? Имате ли посебен режим за оние лица кои што доаѓаат од кризните подрачја? Што е со оние лица кои што влегуваат со возила во државата? За каква тоа организираност зборуваме?“, праша Стојаноски.

Тој оцени дека Македонија во моментов не успева да задоволи еден од основните минимални услови кои ги препорачува Светската здравствена организација, а тоа е одржувањето на основната хигиена. Дополнително, како што рече, потребна е итна организација за ефективно да се одговори на сите препораки на Светската здравствена организација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Институциите надлежни да постапуваат по пријави за изборни притисоци се подготвени за брза реакција

Објавено пред

Раководните лица на институциите кои се надлежни да постапуваат по претставки за притисоци врз вработените во јавниот сектор за време на предизборна кампања денеска остварија средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Како што информираат од ресорното министерство, средбата била со цел координација и подготовка за брза и професионална реакција и постапување по однос на сите претставки кои ќе пристигнат.

„На состанокот беше заклучено дека сите институции се подготвени да постапат согласно законските обврски и надлежности. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори“, се наведува во соопштението.

На средбата присуствувале претседателката на ДКСК – Билјана Ивановска, директорот на Агенцијата за админстрација – Спасе Глигоров,  Фаница Николоска – директорка на Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот просветен инспекторат – Томе Спироски, директорот на Државниот трудов инспекторат – Алајдин Хавзиу и Зоран Билбилоски од Канцеларијата на Народниот правобранител.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Кај двајца нема корона, за третиот ги чекаме резултатите

Објавено пред

Тестирања за коронавирус се извршени врз три лица кои се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип. Кај двете од нив резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Се работи за македонски државјани кои периодов допатувале од Италија, а на Инфективната клиника денеска се пријавиле сами.

Тој рече дека во текот на денот ќе пристигне уште еден авион од Италија на скопскиот аеродром. Како што посочи министерот, денеска почнува набавката на дезинфекциски средства за училиштата, како и дополнувањето на резервите на опрема што е заштитна опрема за медицинскиот персонал.

Филипче нагласи дека попладнево ќе биде донесена одлука дали ќе има изолација за сите патници од ризичните региони.

Министерот повторно апелираше да не се патува без некоја голема потреба во регионите каде има епидемија, посебно во северна Италија.

Прашан дали ќе побара одложување на јавни манифестации, тој рече дека засега нема потреба, но може да дојде до тоа понатаму. Министерот нагласи и дека набавката на сапуни во училиштата ќе трае четири до пет дена и од понеделник веќе ќе можат да се дистрибуираат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Филипче: Кај двајца нема корона, за третиот ги чекаме резултатите

Тестирања за коронавирус се извршени врз три лица кои се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип....

Економија3 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет3 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија3 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион3 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион5 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа5 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава5 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија7 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија7 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија8 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт17 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија20 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија20 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија24 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија1 ден

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Досие