Македонија
Спасов бил уапсен во Софија по пријава за семејно насилство

По пријава за семејно насилство, полицијата во Софија го уапси специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година.
Случајот со семејното насилство во бугарската полиција го пријавила жената со која живеел Спасов, јави Бугарското национално радио.
По пријавата, полицијата открила дека тој е баран од Интерпол за убиство во Македонија. Засега не е познато дали жената што го пријавила Спасов знаела за убиството.
Бугарското национално радио известува дека Спасов влегол во Бугарија откога некое време живеел во Турција, а во моментот се утврдува кога и како влегол во земјата.
Спасов беше приведен вчера и спроведен во притвор по што ќе треба да биде екстрадиран во Македонија.
Убиството на Мартин Нешковски се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.
Казната затвор Спасов ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. Се бараше на територија на државата, но кога истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, на крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.
Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов, успеал да ја напушти државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Демократски сојуз: Масовното прислушување е вршено прку системите на МВР

Во врска со судската одлука за Таргет-Тврдина, за Демократскиот сојуз од исклучителна важност е тоа што после шест години, Судот потврди дека масовното прислушување е вршено преку системите на Министерството за внатрешни работи, соопшти партијата.
„ Злоупотребена е власта за незаконито и неовластено прислушување на обични граѓани, новинари, бизнисмени, носители на политички и државни функции и многу други, со што директно се загрозени приватноста и основните права и слободи. Прислушувањето е вршено од политички и бизнис интереси, желбата да се владее и да се има неограничена моќ.
Одлуките за осудените нема да ги коментираме почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност, но тие ќе имаат силна генерална превенција, во иднина никој да не се осуди да ги крши правата на граѓаните преку нивно неовластено прислушувајте, следење и сл“ додаваат од партијата.
Овој и другите процеси, како што велат, беа проследени со бројни недоследности, непринципиелности, политички притисоци и договарања.
Според Демократскиот сојуз, многу институции потфрлиле, многумина непрофесионално се однесувале, се кршеле и закони, затоа велат дека мора да се истражат докрај и системските грешки, но и кривичната одговорност на сите кои овие шест години ја опструираа правдата.
Криминалот е зло со кое мора да се справиме, мора да изградиме ефикасен систем за борба против криминалот, криминално стекнатиот имот да се конфискува и задолжително да се изрекува мерка забрана на политичко дејствување, порачаа од Демократски сојуз.
Македонија
(Во живо) Тензии на протестот за „Монструм“: Полициски кордон го спречи движењето на демонстрантите

Семејствата на осудените за „Монструм“ нема да можат да го поминат полицискиот кордон на крстосницата после Бит-пазар.
Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој беше најавен со рута од Чаир до кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите кај Бит-пазар беа пречекани од кордони од стотици полицајци.
Роднините на обвинетите протестот го најавија во вторникот, во знак на револт против изречените затворски казни.
Според роднините на обвинетите, се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на петте лица кои ловеле риба на Смилковско Езеро во 2012 година.
Македонија
(Видео) Одбележување на 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Претседателот Стево Пендаровски положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија свежо цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.
Владата ја прифати иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и воведување на две нови одликувања во Република Северна Македонија: Орден „Киро Глигоров“ и Орден „Борис Трајковски“. Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.
Иницијативата на претседателот Пендаровски за воведување на одликувања од највисок ред се посветени на поранешниот претседател Киро Глигоров и на покојниот претседател Борис Трајковски, кои со својата работа и активност, во исклучително тешки и чувствителни моменти во нашата држава, оставија неизбришлива трага. Орденот „Киро Глигоров“ и Орденот „Борис Трајковски“ ќе се доделуваат за мир и за мултикултурно општество.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер