Контакт

Македонија

Спречување на секаков вид насилство меѓу учениците, еден од приоритетите на министерот Адеми

Објавено пред

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска оствари средба со в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн на која се разговараше за актуелните состојби во областа на образованието во Република Македонија и приоритетите кон кои ќе биде насочена работата на министерството во периодот што следи.
Освен за содржината на Стратегијата за развој на образованието и за тековните реформи кои се реализираат во областа на основното и средното образование, Адеми информираше дека особено важна и континуирана е заложбата за градењето на безбедна и хармонична училишна средина, а поддршката која во тој дел ја обезбедува ОБСЕ е исклучително голема и придонесува за остварување на планираните активности и достигнување на очекувањата.

Потенцираше дека развојот на интегрираното образование, односно градењето на соживот во училиштата и спроведувањето на превентивни активности со цел спречување на секаков вид насилство помеѓу учениците ќе биде еден од приоритетите за време на неговиот мандат, бидејќи тоа е особено важно во мултиетнички и мултикултурни општества како нашето.

Честитајќи му на министерот Адеми за именувањето на функцијата, в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн истакна дека организацијата која ја претставува и натаму останува стратешки партнер на државата, не само во процесите за унапредување на интегрираното образование, туку и на сите останати образовни сегменти и сфери.

Инаку, со поддршка на ОБСЕ во Македонија се реализирани бројни проекти со кои се стимулира меѓуетничката толеранција, интеракција и разбирање, како проектот „Градиме мостови“ и „Безбедни училишта – Хармонична средина“, како и активности за унапредување на образовната инфраструктура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е цунами кое создава економски и политички пустош

Објавено пред

Од

Зоран Заев продолжува со дрските и груби манипулации. Тој е новиот Барон Михаузен кој мисли дека со лаги и измислици ќе може да ја дефокусира јавноста од капитулантското дело. Иако јавно ветуваше дека нема да дозволи промена на Уставот, не само што прифати негова промена, туку и самиот грчки премиер Ципрас изјавува дека македонска националност не се признава со договорот. Тоа значи дека со договорот се задира и менува идентитетот на македонскиот народ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев не го демантираше ниту грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас кој кажа „не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена”. Ова значи дека со договорот се прифатени сите грчки барања. „Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, министерства, државни органи, МАНУ, личните карти, пасошите. Зоран Заев е националната катастрофа за Република Македонија, цунами кое создава економски и политички пустош“, велат од партијата.

Тие додаваат дека резултатите на работата на оваа влада се викаа 0 отсто раст, додека сите економии во Европа одат напред. Граѓаните живеат осиромашени со огромни средства кои владата ги зема преку зголемената акциза на горива. Од џебот на граѓаните директно во буџетот на владата која има потпросечно ниски инвестиции поради што нема економски развој.

„Со Заев Македонија има најголем јавен и државен долг во својата историја и тоа е потврдено. Заев во изминатата година покажа дека оваа влада не сработи ништо, и веќе е докажано дека нема да биде подобро, ниту за граѓаните ниту за државата. Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски во Брисел: Бегалски кампови во Македонија нема да има

Објавено пред

Од

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел имаше работен состанок со комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, комесарот за безбедносна унија, Џулијан Кинг и министрите за внатрешни работи на Западен Балкан.

Состанокот даде можност за дискусија за заедничките предизвици и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика. Посебно се осврнавме на најновите случувања во врска со илегалната миграција во регионот и оперативните мерки за нивно решавање, се вели во заедничкото соопштение на комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство на ЕУ, Димитрис Аврамопулос, комесарот за безбедносна унија, Џулијан Кинг, министрите за внатрешни работи на Западен Балкан и на сегашното и идните претседателства на Советот на Европската Унија по денешниот работен состанок во Брисел.

„Надоврзувајќи се на приоритетите на Стратегијата за Западен Балкан, разговаравме и за тековната работа во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика, во контекст на претстојниот министерски состанок за внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан кој ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Тирана. Се согласивме дека обезбедување ефективно гранично управување, борбата против криумчарењето и заедничките напори за спречување на илегалните миграциски текови остануваат врвни приоритети и за ЕУ ​​и за Западен Балкан. Партнерите од Западен Балкан, исто така, се заложија за продолжување на заедничките напори во решавањето на феноменот на странските терористички борци, спречување на насилен екстремизам и радикализација и засилување на борбата против недозволената трговија со огнено оружје“, се наведува во заедничкото соопштение до медиумите.

Според Спасовски, европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, истакнал дека на овој состанок не се разгледувала идеајата за отворање на бегалски кампови во земјите од регионот. „Македонија е одлучно спротиставена на ваквата идеја“, изјави Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делегација на ПССЕ на средба со Дескоска за реформите во судството

Објавено пред

Од

Министерката за правда Рената Дескоска оствари средба со делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалогот со земјава, предводена од ко-известувачите Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи. На средбата се дискутираше за реформските приоритети на Владата и Министерството за правда – реформите во судството, како и за унапредувањето на човековите права, демократијата и владеење на правото.

„Реформите што ги спроведуваме во Министерството за правда, се реформи за бенефитот на граѓаните. Добрата законска основа е гаранција за независноста и непристрастноста на судството“, рече Дескоска. Таа порача дека сите решенија и реформи ќе бидат предмет на широка јавна дебата, која ќе биде спроведена во консултација со компетентни лица од областа на судството и обвинителството, експертската јавност, Венецијанската комисија, граѓанскиот сектор и политичките партии, додавајќи дека таа посакува долгорочни решенија за доброто на граѓаните и државата за што очекува консензус и политичка волја во Собранието.

Дескоска истакна дека очекува поддршка во спроведувањето на реформите, а претставниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа ја изразија својата поддршка за евро-интеграциските процеси на Република Македонија и спроведувањето на реформите во делот на правосудството. Дескоска и ко-известувачите Кристоферсен и Гилечи од ПССЕ дискутираа околу измените во Законот за судови, Кривичниот законик, како и за измените во Изборниот законик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија7 часа

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија8 часа

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија10 часа

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија11 час

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија11 час

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија13 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија1 ден

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија1 ден

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија1 ден

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија1 ден

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија1 ден

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија1 ден

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Досие