Контакт

Македонија

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Објавено пред

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и за Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат во сила од утре.

ПЦР-тест не е потребен за српските државјани што доаѓаат од земјите во соседството.

Македонија

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Објавено пред

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е од старт жртва во тој предмет, бидејќи нема ништо што укажува на него, вели адвокатот Еленко Миланов за „Maкфакс“, пред завршните зборови на обвинетите и Обвинителството во предметот „Насилство во Центар“.

Адвокатот Миланов кој е бранител на Јанакиески, тврди дека за многу поголеми немири и насилства во земјава како што беа протестите во 2013 година кога беше запален и автобус на ЈСП или кршењето на државен имот од „Шарената револуција“ биле досудени условни или ослободителни казни, а пак, во однос на доказите, потенцира дека снимката од нелегалното прислушување повеќе била толкувана, наместо реално презентирана.

„ Звучноста на Миле Јанакиески, покрај, другиот за кого што има одлука за амнестија е да се држи тензија во предметот. Миле е од старт жртва во оваа постапка. Политичката пресија, ситуацијата и сето ова што се случува, би го нарекол духот на СЈО, и она што претставуваше тоа обвинителство како некој што докажува нешто за одредена група на луѓе, виси како можност да се донесат ефективни казни. Според казнена и редовна судска постапка не би требало да има ништо повеќе од условни казни во предметот. Но, моментот за политички реваншизам на некакво покажување на моќ и сила, може да доведе до поинаква одлука. Не исклучувам ниту една можност, затоа што ако зборуваме за реални услови и докази, поголемиот дел од обвинетите треба да добијат ослободителна, а не воопшто да зборуваме за вид и висина на казна. Но, во нашето судство никогаш не можеш да имаш сигурност или да зборуваш каква би била реакцијата и во без малку идентични ситуации. Се надевам и бил пресреќен доколку судот почне да гледа докази и да одлучува според нив, односно да се ослободи од било каква пресија“, вели адвокатот Миланов за предметот „Насилство во Центар“.

Исфрлањето на докази предложени од обвинетите, одбивањето да се сослушаат предложени сведоци како Агатангел кој претходно бил споменат дека имал повик за таков протест, а со тоа и брзањето да се донесе пресудата создава сомнеж кај адвокатот Миланов, кој не разбира што е проблемот ако се дозволи сослушувањето на сведокот: „Ако тој повикал ќе каже, ако не, тој исто ќе каже“. Тој додава дека и од снимката која судот не ја пушта, се слуша дека денот кога наводно се организирале протестите, Јанакиески бил во Србија со поголем дел од тогашната Влада.

„ Има премногу толкување на снимката од нелегалното прислушување. Во таа снимка има идеја за нешто што никогаш не се случило. Таму во ниту еден момент нема одобрување или потврдување на било што, дури и на таква идеја. Ниту во насока дали е прекршок или кривично дело, ниту во насока дали треба или може да се случи од Миле Јанакиески. Нема никаква потврда, ни ‘да’, ни ‘во ред’. Во таа снимка има идеја за нешто што никогаш не се случило. Третата снимка не сакаат да ја пуштат, а во неа се слуша дека Јанакиески не е тука кога наводно треба да се организира и одржи состанокот, за да се случи такво нешто. Тој ден, 03.06.2011 има заедничка влада во Белград каде присуствува Јанакиески со поголем дел од Владата“, додава адвокатот Еленко Миланов.

Досега, Јанакиески не бил споменат како организатор од ниту еден сведок, освен што осудениот Томислав Лазаров рече дека можеби комуницирал со ексминистерот во насока на тоа што се случува, но тоа го нема во прислушуваните материјали, вели Миланов и прашува: Ако е тоа така, ако Миле е оштетен во предметот Таргет-Тврдина бидејќи 90 посто од пораките и снимките се од него, акко може ниту една да нема од овие што го кажува Томислав Лазаров?“.

„ Се надевам дека судот има доблест да донесе правна и правилно издржана пресуда“, вели Миланов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица поднесе осум тужби против Собранието

Објавено пред

Политичката партија Левица и нивните двајца пратеници во Собранието поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на пратениците Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

Наведуваат дека биле направени суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката.

„Во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието.

Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па по првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација“, велат од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-Народна: На попис да се утврдат етничките малцинства чиешто вработување би се субвенционирало

Објавено пред

Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме Владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, велат од ВМРО-Народна партија, реагирајќи на предлогот за субвенционирање на работни места по етничка основа.

„Ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност“, велат од партијата.

Оттука порачуваат дека потребно би било да се направи и попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на Македонците е падната под 50 проценти.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија55 минути

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија2 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија2 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа3 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа3 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет4 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија4 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија5 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија18 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија19 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија19 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет20 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија24 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Досие