Контакт

Македонија

Средба Буши – Љамалари: Зголемување на ефикасноста во борбата за спречување на транснационалните закани

Објавено пред

Делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, предводена од заменик-министерот Бесфорт Љамалари, реализира возвратна работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во соорганизација со Секретаријатот на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ.

Во фокусот на посетата беше автоматизираната размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила како специфично остварување на највисок степен на соработка меѓу двете земји, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во рамките на работната посета заменик-министерот Љамалари оствари средба на највисоко ниво со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река, по што следуваше и билатерален состанок на шефовите на двете делегации, и тоа заменик-министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Назим Буши, и заменик-министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари. Во текот на состанокот се дискутира за повеќе области од заеднички интерес за двете страни, како што се иницијативата за потпишување протoкол помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија за формирање заеднички работни тимови, кои преку безбедносно партнерство со помош на координирани активност треба да придонесат кон сузбивање опасности во однос на безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал.

Од аспект на зголемување на ефикасноста во работењето на министерствата за внатрешни работи во борбата за спречување на транснационалните закани, како и во насока на натамошна професионализација и демократско-полициско работење на полициските службеници, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија изрази иницијатива за одржување редовни билатерални, трилатерални или регионални состаноци меѓу заменик-министрите за внатрешни работи, која има цел редовно меѓусебно информирање за безбедносните предизвици со кои се соочуваат министерствата за внатрешни работи во регионот и изнаоѓање модуси за нивно надминување.

Од друга страна, пак, целта и поводот на самиот настан беше потпишување заедничка изјава помеѓу двете министерства за внатрешни работи, која ќе претставува рамка за меѓусебна поддршка за имплементација на автоматизираната размена на податоци во пракса, со цел исполнување на европските стандарди. Овој документ беше создаден во насока на потврдување на посветеноста на двете страни да ги зголемат напорите за постигнување заедничка автоматизирана размена на дактилоскопски податоци во најкраток можен рок, да обезбедат меѓусебна поддршка во административната и техничката имплементација неопходна за успешно пренесување и споредување дактилоскопски податоци, како и преземање сите потребни мерки на национално ниво за да се обезбеди почнување на автоматизираната размена на ДНК-податоци и на податоци за регистрација на возила, објаснуваат од МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Објавено пред

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19.

Од листата се отстранети и Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Отстранувањето од списокот, го олеснува патувањето во Германија за македонските граѓани.

Новите правила за патување ќе важат од утре.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Снимката со Жугиќ потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО

Објавено пред

Аудио снимката на која слуша Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ е вистински доказ дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и против НАТО, велат од СДСМ.

„Во снимката Жугиќ зборува дека тие, ВМРО-ДПМНЕ, се бореле против Брисел и Вашингтон. Жугиќ во снимката вели и дека тоа не биле нејзини, туку зборови на Христијан Мицкоски.

Антизападниот Мицкоски се крие и од сопственото членство, па испраќа емисари како Жугиќ по општинските комитети како да ги пренесат неговите пораки, бидејќи нема образ да каже дека е против ЕУ и НАТО ниту пред своите сопартијци.

Снимките кои протекоа во јавноста, на кои се слуша гласот на Жугиќ, го обелоденија вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е против ЕУ и НАТО, против едно општество за сите, партија која знае само да блокира и да внесува раздор и да прави поделби меѓу граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со ваков деструктивен однос кон граѓаните и државата, со таквата понуда, може само да очекуваат нов, седми пораз од граѓаните.

Граѓаните се против блокади, деструкции, омраза и поделби, граѓаните се за напредок, за развој, за евроатланска интеграција.

Затоа граѓаните редовно ги казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори, затоа уште долго ќе бидат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ќе ги користиме сите демократски алатки за да спречиме предавство

Објавено пред

Се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт, велат од опозициската партија преку соопштение.

„Распродавањето, раскчмувањето и националните порази на Македонија имаат име и презиме, а тоа е Зоран Заев.

Граѓаните на Македонија се уште не добија одговор за што преговара Заев со Бугарија.

Зоран Заев и Владо Бучковски треба веднаш да и одговорат на македонската јавност што тајно преговараат со Бугарија. Дали повторно под маса се преговори за нови национални предавства од страна на двоецот Заев- Бучковски.

Додека Зоран Заев повторно се колне дека не се преговара за јазикот, историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ, од страна на нашиот сосед секојдневно слушаме дека нивните црвени линии се јасно познати и составени во Бугарската декларација, која е потврдена во парламентот на Бугарија. Ова јавно го потврди и бугарскиот премиер.

Зоран Заев, Бујар Османи и Владо Бучковски треба веднаш пред пратениците во Собранието на Македонија да го презентираат Нацрт документот за кој преговараат со официјална Софија.

Се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт.

Ова е исклучително значаен момент за иднината на нашата држава и македонскиот народ, бидејќи доколку се прифати оваа Декларација да биде дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија ќе се изврши целосна асимилација врз македонскиот народ.

Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија и македонскиот народ доживуваат само порази и понижувања, 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт13 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион17 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија17 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија19 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија19 часа

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија20 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија20 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија21 час

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија22 часа

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија22 часа

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ23 часа

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет24 часа

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија1 ден

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија1 ден

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Макрон: Лично сум вклучен да се најде решение со Бугарија

Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, време е да се конкретизира без да се губи...

Спорт2 дена

Пандев: Знаеме дека сите навивачи живеат со нас!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во...

Свет2 дена

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на...

Македонија2 дена

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8,...

Досие