Контакт

Македонија

Средба на Заев со Анди Исмаили: Твојот успех е чест за државата, испраќаш порака младите да бидат упорни

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Анди Исмаили, светски шампион во современ танц соло за деца.

„Горди сме на твојот успех, освоеното прво место во категоријата современ танц соло за деца на Светското првенство. Тоа е огромна сатисфакција за твојот труд и испраќа моќна порака до сите млади да бидат мотивирани и да се занимаваат со танц или со спортски активности и да ги остваруваат своите соништа. Ова е огромна чест за нашата држава, да те гледаме на пиедесталот и да се интонира нашата химна“, рече Заев на средбата со 11-годишниот шампион.

Анди победи на првенството во Полска во конкуренција од над 30 земји. Тој ќе се натпреварува и на Европското првенство во модерен џез и класичен балет, кое идната година во јуни ќе се одржува во Скопје.

Македонија

(Видео) Андоновска: Молк во Обвинителството за истрагата за инсулинот

Објавено пред

„Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ пред Јавното обвинителство.

Според неа, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”.

„Изминуваат два месеци од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите.Молк во обвинителството!Затоа прашуваме,Дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот?Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока?Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со ЌЕ.Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев.
Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Објавено пред

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.

Од банката велат дека вработените и сите клиенти кои се затекнале во експозитурата за време на грабежот се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе јавноста ќе биде дополнително известена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска: Законот за извршување е одраз на потребата за помош и поддршка на загрозените

Објавено пред

Измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства, вели министерката за правда Рената Дескоска по усвојувањето на измените.

Таа појаснува дека со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

„Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана, односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните“, вели Дескоска во статус на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката велат дека вработените и сите клиенти...

Регион56 минути

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 час

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет2 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија2 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија3 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет4 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион4 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет4 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет4 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион4 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет18 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија22 часа

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа23 часа

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија1 ден

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ1 ден

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Свет1 ден

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано...

Топ1 ден

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница. Како...

Регион1 ден

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама  поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај....

Досие