Контакт

Македонија

Средба на министерката за труд и социјална политика и директорите на центрите за социјална работа​

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со директорите на центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување.

Министерката Шахпаска во разговор со присутните директори посочи дека достапноста, одговорноста, отчетноста и ефикасноста се принципите врз кои треба да функционираат сите фактори во општествениот систем за тој да функционира, со посебен акцент на лицата што се одговорни за решавање на социјалните предизвици, како што се центрите за социјална работа.

На средбата се разговараше на повеќе теми што се опфатени во делокругот на работењето на центрите за социјална работа. Старателството, водењето случај и неговата имплементација, подготвеноста на дневните центри за лица со попреченост за повторно нивно отворање, состојбата со капацитет на згрижувачки семејства и мали групни домови, како и интегрирање на социјалните случаи како активни учесници во пазарот на трудот.

На средбата се разговараше и за функционирањето на шелтер-центрите, особено за порастот на семејното насилство изминатиов период, каде што најголем број жртви се старите лица.

„Со поголемото интегрирање на социјалните случаи како активни учесници на пазарот на трудот и нивно извлекување од сиромаштија, покрај тоа што го намалуваме бројот на корисници на социјална помош, им помагаме на овие лица активно да се вклучат во општеството и самостојно да функционираат, што претставува дел од социјалната реформа“, истакна министерката Шахпаска.

Таа повика на поголема вклученост во идејни решенија и реализација на проекти од страна на центрите, а во соработка со oпштините, за адаптација, реконструкција и градење домови, градинки, центри и слично, односно поголем обем на капитални инвестиции. Заеднички беше заклучокот дека соработката и поддршката продолжуваат и понатаму за да се создаде општество што се грижи за оние на кои им е тоа потребно, со акцент на најранливите категории граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Македонија

Димитров до советникот на Меркел: Прва меѓувладина конференција за време на германското претседателство би била огромен поттик

Објавено пред

Во рамки на агендата од првиот ден во Берлин вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, оствари средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел на која беа реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка, информираат од владината прес-служба.

„Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде влог во кредибилитетот на Унијата во регионот и огромен поттик за Северна Македонија да ја изоди клучната етапа од патот кон членство во ЕУ“, посочил Димитров на средбата.

Вицепремиерот Димитров се сретнал и со Хелге Токсдорф, копретседавач на Мешовитиот економско-управувачки комитет меѓу Северна Македонија и Германија со кого разговарале за можностите за зголемување на соработката, со оглед на значајните германски инвестиции на македонскиот пазар.

Во однос на европската перспектива и тековните случувања за финализирање на рамката, Димитров разменил мислења и со Валеска Еш, заменик-извршен директор и програмски директор за Европа на Аспен Институтот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на Царовска со Брнз: САД и натаму активно ќе поддржуваат реформи во образованието

Објавено пред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска имаше прв работен состанок со американската амбасадорка Кејт Мери Брнз и со претставници од УСАИД.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот амбасадорката Брнз истакнала дека Амбасадата на САД продолжува да биде важен стратешки партнер во унапредувањето на образовниот систем во Северна Македонија и посочила дека амбасадата е подготвена да го продолжи и унапредува силното партнерство и да даде поддршка на реформските процеси во образованието.

На средбата министерката ја информирала амбасадорката и останатите присутни, за сите актуелни теми поврзани со стартот на учебната година во услови на Ковид-19, но и за други тековни активности на министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски до Гир: Правдата е селективна, им се суди само на луѓе од опозицијата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, остварија средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава.

Во текот на средбата Мицкоски на евроамбасадорот Гир му ги посочил главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците. Економијата е пред колапс, власта придонесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со Ковид-19 и економската криза“, истакнал Мицкоски.

Како што се наведува во соопштението, евроамбасадорот Гир бил информиран и за степенот на криминал во Македонија.

„Во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата“, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додал дека како одговорна политичка партија имаат јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион6 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија6 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија7 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион8 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ8 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет8 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија9 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија10 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет11 час

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет11 час

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Досие