Македонија
Средба на премиерот Заев со индиската амбасадорка Капур

Премиерот Зоран Заев оствари средба со Пуџа Капур, амбасадорка на Република Индија во нашата земја, која го завршува својот мандат.
На состанокот, пренесуваат од Кабинетот на премиерот, биле упатени честитки за напредокот на нашата држава како нова членка на НАТО и земја што се движи кон ЕУ.
Од страна на индиската амбасадорка во заминување било пренесено дека на премиерот Заев не се гледа само како на политичар, туку како и на лидер визионер и дека тоа е препознаено и вреднувано пошироко во светот.
„Во насока на оценетиот развој на државата, изразен е интерес за продлабочување на соработката во областа на економијата, земјоделството, здравството, културата“, инфрормираат од владиниот кабинет.
„Станавме членка на НАТО и работиме во делот на европските интеграции. Преку политиките на дијалог и разбирање ги зацврстуваме и добрососедските односи. Веруваме во слободата и демократијата и ќе продолжиме во оваа насока да ја развиваме државата. Посветени сме на растот на економијата и на животниот стандард на граѓаните и поради тоа важна ни е соработката со сите држави со кои можеме да ги споделуваме овие вредности и да придонесуваме во подобрувањето на квалитетот на живот во земјата“, истакна Заев.
На состанокот е констатирано дека Република Северна Македонија и Република Индија ги поврзува пријателскиот дух на луѓето, а како мост за поврзување е посочена хуманистката Мајка Тереза, која е родена во Скопје, а се посветила на мисионерска дејност во Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Засилени инспекции во Маврово: Голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк Маврово. Досега се инспектирани 18 објекти и утврдено е дека девет не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина.
Од ДИЖЗС наведуваат дека голем број угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, како на пример хотелите „Радика”, „Бистра”, „Спорт”, „Лодге” и „Алпине”.
Помали погони, велат од Инспекторатот, како на пример „ЕуроЕдил”, „Новитет” и „Техно Блок”, сите лоцирани во село Скудриње, исто така, немаат Елаборати за заштита на животната средина и испуштаат отпадни води во реципиент без пречистување.
„Сите субјекти кај кои се најдени неправилности се задолжени, согласно закон, најпрво да ја обезбедат потребната документација, одобрени Елаборати за заштита на животната средина, дозволи за испуштање на вода во реципиент, проекти за изведба на пречистителни станици и слично, а потоа ќе добијат соодветни рокови за да ги применат сите неопходни мерки за спречување на загадувањето. До крајот на март ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на сите неправилности“, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.
Од таму најавија дека ќе продолжат со активности што ќе овозможат вистинска заштита на природното богатство во Националните паркови.
Македонија
Казнети 686 лица за неносење маска

Полицијата вчера казнила 686 лица за неносење заштитна маска.
„Во текот на изминатото деноноќие (04/05.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 686 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Македонија
Османи задоволен од одѕивот на пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека веќе над 25 илјади државјани, кои се надвор од Македонија, се попишале на пописот.
„Според информациите што ги имаме, пописот се одвива тековно, има заинтересираност на нашето нерезидентно население да се попишува. Бројките се оптимистички во однос на одѕивот на граѓаните за самопопишување“, вели Османи.
Тој оствари средба со претставниците на верските заедници во Македонија и вели дека тие може да одиграат важна улога во овој процес.
Во моментот сè уште се регрутираат лицата што ќе го спроведуваат пописот, а во тек е и тестирање на коронавирус на пријавените.
„Првиот оглас за учесници во пописот заврши минатата недела, констатиравме дека во некои региони немаме доволно кандидати и пуштивме уште еден оглас, кој ќе заврши в недела“, вели Апостол Симовски од Државниот завод за статистика.
Симовски вели дека е среќен што постои разбирање кај сите верски заедници во Македонија.
Според него, сите учесници во пописот ќе мора да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер