Македонија
Средба на собраниска делегација предводена од Џафери со специјалниот пратеник на германската влада, Сарацин

Во попладневната сесија политички разговори во рамките на студиската посета на Бундестагот делегацијата на Собранието имаше средба со специјалниот пратеник на владата на Федерална Република Германија, Мануел Сарацин.
Сарацин истакна дека како поранешен пратеник и член на групата за соработка со парламентите од Југоисточна Европа и тековно како специјален пратеник за Западен Балкан неколкупати го посетил регионот и многу добро е запознаен со јавните политики и политичките настани во Северна Македонија. Ја истакна силната поддршка на Германија во процесот на евроинтеграциите.
Тој нагласи дека процесот на отворање и затворање поглавја за членство во Унијата е комплициран и тежок и дека од особена важност е навреме да се спроведат реформите во конкретни сфери за да се олесни целокупниот процес, од една страна, но и како придобивка за граѓаните на државата.
Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и недвосмислена поддршка од Германија, која е докажана и преку фактот што според индикаторите на трговска размена Германија е на прво место. Во однос на реформите што се имплементирани во државата и нивната успешност – позитивните извештаи од 2019 година се позитивни и тоа е знак дека сме на добар пат. Во однос на геополитичката состојба и агресијата на Руската Федерација во Украина, претседателот Џафери го истакна усвојувањето на декларацијата, со која како држава ги осудуваме агресијата и воените дејства во Украина, како и приклучувањето кон санкциите против Русија, целосното усогласување со позициите на Унијата иако не сме нејзина членка. Во овој контекст од ЕУ не очекуваме субвенции, туку да рефлектира во согласност со развојот на настаните на европскиот континент.
Соговорниците се согласија дека во моментот е неопходно да се најде заедничка основа во преговорите со Бугарија и да се преземат чекори што нема да имаат цел да ја изменат или поправат историјата затоа што таа е токму тоа – историја, минато, а во моментот потребно е да се гледа и да се работи на иднината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Макрон: Се отвора историска можност, изборот е ваш

„Повторно Северна Македонија се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш“.
Ова е пораката на претседателот на Франција, Емануел Макрон, откако во земјава траат консултациите и преговорите во врска со францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.
„Вие, македонски народe, уште од стекнувањето на независноста покажавте голема политичка храброст и мудрост. Во 2001 година го склучивте Охридскиот рамковен договор, симбол на возможен успех на едно мултиетничко општество. 18 години подоцна успеавте да најдете сили да го потпишете Договорот од Преспа и станавте триесеттиот сојузник на НАТО. Ја заслуживте почитта од цела Европа. Вашето достоинство како македонски народ е стекнато: тоа никогаш нема да биде доведено во прашање.
Уште еднаш, дојде време да се направи избор и ние сме на ваша страна да ве охрабриме да направите нов чекор.
Имате кандидатски статус од 2005 година и тоа траеше предолго. Затоа, предизвикот сега е да влезете во нова фаза од процесот на вашата интеграција. Знаеме дека со текот на времето, одложувањата и тешкотиите, оваа европска перспектива стана предмет на сомнежи.
Јас сум потполно свесен за длабочината и чувствителноста на прашањата што треба да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. За време на француското претседателство со Советот на Европската Унија, како и за време на германското, португалското и словенечкото претседателство, не штедев напори да се најде решение кое ќе ги почитува интересите и достоинството на двете страни.
Во Бугарија, нацрт-договорот беше предмет на интензивна дебата. Но, на крајот бугарското собрание знаеше да ја преземе одговорноста, со широко и натпартиско гласање.
Сега останува на вас, Македонците, да се изјасните. Моќта да го смените текот на историјата отсега е во ваши раце.
Нема да ви кажам дека овој договор е совршен, но ќе ви го расчисти европскиот пат. Како и секој договор, така и овој се заснова на компромиси и рамнотежа.
Овој договор не го доведува во прашање официјалното постоење на македонски јазик, кој е составен дел на вашиот идентитет.
Во овој договор е наведен Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година. Тој гарантира негово добро спроведување, во име на добрососедските односи, кои се темел на европските вредности.
На крај, станува збор за ревизија на Уставот за да се интегрираат нови заедници во него. Вашата земја веќе претставува пример за соживот во Европа. Ќе треба да се изјасни македонското собрание.
Конечно е дојдено време секој да дејствува, со целосна одговорност и процена на тежината и последиците од своите постапки.
Ваше е да ја донесете одлуката што ќе ја обликува иднината на Северна Македонија, за која сум убеден дека нејзина определба е да биде целосно дел од европското семејство“ се вели во пораката на францускиот претседател објавена на страницата на амбасадата на Франција во земјава.
Македонија
(Видео) Костовски: Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт

„Целата јавност вчера виде обид за крваво сценарио во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса. За свои лични цели, Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Тоа крваво сценарио не успеа заради притисокот од јавноста и реакција на институциите. Се потврди дека се е дел од мрачните глави во ВМРО-ДПМНЕ и анти европските партии. Мицкоски не беше жртва туку режисер и главен реализатор на тоа мрачно, крваво сценарио“ обвини денеска пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Пратеникот смета дека „добро е што Арсовска го разреши директорот, но со тоа и самата директно потврди дека се работи за коалициски партнер и дека било договорено сценарио, кое за среќа, под притисок на јавноста пропадна“.
„Прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата. Па какви се овие глупости, како од толкава толпа Мицкоски се препозна самиот? Се знае како, затоа што тој го смисли и го режираше ова сценарио кое не успеа. Ова говори дека нема основни човечки граници ова насилничкото и деструктивно однесување на Мицкоски и неговите коалициски партнери“ смета Костовски.
Пратеникот од СДСМ изјави дека „го повикуваме Мицкоски да се откаже од нови крвави сценарија, да престане да ги турка луѓето во смислени судири и конфликти и јавно да се огради од неговите пиштолџии и качулки. А потоа да повика на итен прекин на насилството“.
Македонија
Нови 355 заразени со ковид и двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на КОВИД-19: Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.
Регистрирани сe 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.
Направени се 1.129 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.
Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 149027, Активни 783
Куманово 16825, Активни 77
Битола 15894, Активни 99
Прилеп 14304, Активни 45
Тетово 13564, Активни 50
Кавадарци 10799, Активни 52
Велес 9881, Активни 51
Гостивар 9650, Активни 22
Охрид 9080, Активни 108
Штип 8143, Активни 36
Струмица 8125, Активни 22
Кичево 5676, Активни 8
Кочани 5139, Активни 25
Струга 4749, Активни 14
Гевгелија 4436, Активни 8
Неготино 3721, Активни 11
Ресен 2763, Активни 4
Свети Николе 2643, Активни 2
Радовиш 2545, Активни 13
Крива Паланка 2426, Активни 7
Делчево 1994, Активни 7
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1686, Активни 5
Валандово 1492, Активни 4
Виница 1399, Активни 1
Пробиштип 1278, Активни 8
Богданци 1027, Активни 4
Кратово 971, Активни 2
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 837, Активни 1
Македонски Брод 744, Активни 1
Демир Капија 595, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0