Контакт

Македонија

Пендаровски до Мишел: Билатералните прашања не треба да бидат пречка на патот кон ЕУ

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Украина по повод 30-годишнината од независноста на земјата, денеска во Киев оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

На средбата, соговорниците разменија мислења за најновиот развој на настани во контекст на процесот на проширување на Европската Унија, како и за македонскиот напредок во клучните реформски области и можностите за одржување на прва меѓувладина конференција.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека одржувањето на првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за Северна Македонија, при што нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги зголеми напорите за да се динамизираат односите со земјите од Западен Балкан. Претседателот Пендаровски го реафирмираше и ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за валоризирање на напредокот на ниту една земја на патот кон Европската Унија и дека во тој контекст треба да се бара решението за нашата држава.

Покрај ова, двајцата соговорници се осврнаа и на состојбите во Европската Унија и кај нас, а разменија мислења и информации и за случувањата во Авганистан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Објавено пред

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали власта се меша во истрагата во Тетово.

Маричиќ потенцира дека германските истражители пристигнале вчера и дека сите институции се ставени на раполагање да помогнат во истрагата.

„Вчера вечерта беше свикан Кризниот штаб и сите документи се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани час поскоро да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан, рече министерот за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата истакна дека оставката секогаш билa и ќе биде чин на одговорност.

Според Мисајловски, одбивањето оставки во Владата по еден таков трагичен настан како во Тетово значи само две работи: оваа Влада нема морал и оваа Влада не чувствува одговорност.

„ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од Владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче, туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага, која мора да ја има. Тоа што премиерот Заев го штити министерот Филипче значи дека и Заев треба да си поднесе оставка поради негово активно учество во несмасниот обид да се одговорат прашањата што ја мачат целата јавност“, нагласи Мисајловски.

Од ВМРО-ДПМНЕ поставија неколку прашања: „Kој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од Ковид-19? Кој е виновен што нема нови протоколи за лекување од Ковид-19? Кој е виновен што нема персонал во болниците и роднини одат да се грижат за пациентите? Кој е виновен што немаше вакцини и сѐ уште не оди добро процесот на вакцинација? Кој е виновен што народот нема доверба во системот и во вакцинирањето?“, рече Мисајловски.

Побара одговори и на прашањата кој е виновен што немало технички прием на модуларната во Тетово?

„Кој е виновен што немало ПП-апарати? Кој е виновен што е направена од ПУР-пена и никој не водел сметка дали таа е запалива? Кој е виновен што не се дозна кој ги исекол цевките за довод на кислород во модуларната болница во Тетово на почетокот? Кој е виновен што од роднини на пациенти на сестри, доктори и на болничари им се плаќало по 1.000 денари да водат грижа за пациентите и дали е тоа нормално? Кој е виновен што дополнително надвор од тендерска постапка се поврзувале кислородните цевки?“, запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Објавено пред

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“. Вакцините вчера пристигнале во земјата.

„Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе од 50 илјади вакцини на ‘Фајзер’ од Бугарија“, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните мрежи.

Тој додава дека вакцините се дистрибуирани и подготвени за употреба.

„Важен гест за пријателство и солидарност“, напиша Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Топ19 минути

19-годишна девојка со тешки повреди пренесена во болница по сообраќајна незгода

Деветнаесетгодишна девојка добила тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај селото Желино....

Македонија42 минути

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Свет57 минути

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Третата доза од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа...

Европа1 час

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица што одбиваат вакцинација

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние што не сакаат да се вакцинираат. Од...

Европа2 часа

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира

Унгарија мора да остане членка на Европската Унија за да обезбеди постојан пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави денеска премиерот...

Македонија2 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“. Вакцините вчера пристигнале во земјата. „Вчера, Северна Македонија доби донација од...

Регион3 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет3 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија22 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија1 ден

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 ден

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет1 ден

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија1 ден

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Досие