Контакт

Македонија

Средба Спасовски-Камп, во фокусот борбата против организираниот криминал

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа работна средба со Валтер Камп, регионален директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал, на која се разговараше за активностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на Министерството за внатрешни работи со организациите од граѓанскиот сектор, од аспект на постигнување обединетост во напорите и на овие организации и на државните институции со оглед на фактот дека кога се работи за борбата против организираниот криминал и корупцијата, неопходна е заедничка позиција и соработка.

Министерот Спасовски и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал договорија и воспоставување на конструктивна меѓусебна поддршка и во однос на меѓународните и регионалните организации кон кои има пристапено Министерството за внатрешни работи.

Македонија

(Видео) Стоилковски: Злосторничко здружување во Битола, Охрид, Кочани – Докази за поткуп во Крива Паланка

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денената прес-конференцијата изјави дека добиле „фрапантни информации кои морале да ги споделат со јавноста.

„ Првата работа која што ќе ја соопштиме се точни и прецизни документи кои ни го потврдуваат сомнежот дека е вршен поткуп во Крива Паланка каде неформално главен на групата е Љупчо Николовски. Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски.

Сашко – Нафаќат се пак за 200 евра.

Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде.

Сашко – Да! Сабајле се договараме.

Новица – З…. ѕверче си.

Сашко – Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо.

Новица – Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка!

Понатаму објавуваме разговор меѓу командирот на полициска станица Крива Паланка со сега градоначалникот, каде се кодоши колега полицаец затоа што објавил знаме со сонцето од Кутлеш на ФБ. Поради тоа Командирот на полициската станица Крива Паланка ветува дека по изборите ќе го исечат како што вели, поточно ќе го избркаат од работа поради објавениот статус и споделениот принт скрин од страна на неговиот колега до градоначалникот.

Дејан Маринковски до Сашко градоначалникот – пушта принт скрин од ФБ на колега – па вели:

Полицаец од Баглак. Гледај го, беше кај мене сга е у север.

Сашко – Да, ја ви кажува за овај. Мора да го сечеме јако.

Дејан – Знам, ќе го отсечеме. Само јако.

Сашко – Сега имате јасна слика. После избори. Сечење.

Повторувам ова е комуникација од Сашко Митовски, сега градоначалник порано шеф на изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка, под директна управа на Љупчо Николовски, министерот за интегритет во Владата на Зоран Заев.

Понатаму, втората работа.

Почитувани, следуваат уште франпантни информации.

Ги следите прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за вибер групата на полициските, односно партиските параполициски структури.

Вечерва ќе ја посочиме следната информација – се злоупотребува дури и Единицата за специјални задачи. Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани? Несвојствено за Единица за специјални задачи кои по правило се униформа и ангажирани само кога има тероризам или други форми на екстремно насилство.

Групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како онаа во Прилеп, за што информираме преку оние вибер информации кои што се направени од оние групи со кодни имиња ХХХ и групата 007, за што секојдневно информираме.

Овие структури во Битола се координирани од Васко Ковачевски. Според информациите доставени од свиркачи, таа група е предводена од тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Потоа во неа се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци, инспектори, полицајци од сообраќајната полиција, инспектори за кражби и други лица коишто се активисти и членови на СДСМ и партиската активност им е пред униформата, пред заштитата на законот. Во оваа битолска група предводена од Васко Ковачевски се и лица од битолското подземје познати како Шваба, Тарзан, Мики и други коишто користат луксузни возила со странски регистарски таблички за вршење на дејноста – заплашување, терор, подмитување со една цел задржување на локалната власт од страна на СДСМ!

ВМРО-ДПМНЕ, почитувани, заедно со сите докази и информации ќе ги извести за ова сите релевантни меѓународни институции, странските набљудувачи во изборниот процес, како и амбасадите на државите во Македонија, со барање за зголемена внимателност во овие градови но и во другите региони за кои што имаме сознанија дека се врши терор врз населението, злоупотреба и на полициските служби за партиски интереси за спроведување на терор и поткуп, како и барање за поголема внимателност во последните денови пред изборите и молкот кога овие параполициски структури ќе бидат најактивни“ порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска: Ако се работи за граѓаните со јасен план, Скопје ќе биде поубаво место за живеење

Објавено пред

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, вечерва оствари средба со граѓани од Гази Баба и посети повеќе населени места каде разговараа за проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа општина. Граѓаните на овие средби истакнаа дека немаат време за чекање и слушање нови празни ветувања за кои не се сигурни дека воопшто ќе бидат реализирани од актуелната градска власт. Напротив бараат брзи и квалитетни решенија кои ќе ги решат суштинските промени со брзи и сигурни проекти, без одлагање.

„ Сè може да направиме само доколку навистина се сака, а ние заедно со скопјани ќе направи многу за нашиот град. Ако се работи домаќински, без да се краде и да се работи единствено во служба на градот и граѓаните, Скопје може да биде и ќе биде поубаво место за живеење за сите нас. И јас се обврзувам дека ќе ги реализираме сите работи кои им значат на сите скопјани. Не може во 21 век да има заборавени населби како што се Јурумлери, Трубарево, но и многу други населени места ширум градот. Немање фекална канализација, прекини во водоснабдувањето, неасфалтирани улици се само мал дел од проблемите со кои се соочуваат голем број жители од општина Гази Баба. Системски, со брзи и ефикасни решенија ќе понудиме подобар, поквалитетен живот за сите скопјани. Ќе понудиме сообраќајни решенија за растоварување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, ќе проектираме и нови водоводни кракови за чиста вода за пиење до секој дом во општина Гази Баба, нови автобуски линии и нови автобуски станици во секое населено место и повеќе зелени површини. Еден од петте мега паркови е предвиден за изградба токму во оваа општина“, вели Арсовска од средбата со граѓани во Гази Баба.

Таа од Гази Баба на скопјани им порача дека времето на ветувања без реализација е завршено и време е вистински луѓе кои се грижат за својот град да добијат шанса, да покажат дека Скопје може да биде убаво место за живеење како што заслужува секој еден граѓанин.

„Оние кои ветуваа нов тунел под Кале, училишта, гасификација на домаќинствата, булевар Хрватска во Гази Баба и надвозник во Автокоманда, ветуваа нови улици и зелени површини, како и ревитализација на парк-шумата Гази Баба, па дури ветуваа и по една овошка за секој средношколец, не реализираа ништо. И сега повторно со истата програма бараат доверба од граѓаните за уште нови четири години без притоа да дадат отчет каде и на што ги потрошија парите на граѓаните во изминатите четири години. Јас верувам дека граѓаните ќе ги казнат овие погрешни политики в недела, на 31 октомври. Доаѓа време на промени, за модерно Скопје, за Скопје на сите скопјани“, додаде Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Левица“: Куштрим Рамадани и Васко Ковачески мора да понесат одговорност за енергетската криза

Објавено пред

Од „Левица“ бараат одговорност од директорите на МЕПСО и ЕСМ, Куштрим Рамадани и Васко Ковачески, за, како што велат, лошата кадровска политика во енегетските компании и немање реална и спроведлива енергетска стратегија, поради што државата ќе се доведе до колапс, на што предупредувале уште минатата година.

„Недомаќинското трошење на водните ресурси, како и лошото менаџирање со ископите на јаглен нè доведе до ситуација државата да се задолжува со речиси два милиони евра дневно за електрична енергија, која воедно БЕСПРАВНО се презема од системите на соседните земји, како што објави самиот директор на МЕПСО, поставен од ДУИ – Куштрим Рамадани. Поради ваквата ситуација на бесправно преземање електрична енергија, дозволивме да бидеме дисциплинирани од страна на Европската мрежа на систем оператори, како држава која го нарушува европскиот систем за пренос на електрична енергија.

„Левица“ повторно акцентира дека за ваквата состојба во која се најде Република Македонија виновниците имаат име и презиме и Владата не може да се амнестира, повикувајќи се на „лошата” хидролошка година, бидејќи хидроакумулациите не се испразнија со испарување на водата – туку со нестручно, несовесно и лукративно менаџирање на раководниот кадар поставен токму од Владата!“ соопшти „Левица“.

Оттаму прашуваат: Зошто Електрани на Македонија (ЕСМ) и директорот Васко Ковачевски не можат да произведат доволно струја за да ги задоволат потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме? Зошто АД МЕПСО не ги набавил кусоците на електрична енергија во системот, за кој и по закон е задолжен? Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино, која е резерва за вакви случаи на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва? Од каде ќе се обезбедат овие два милиони евра кои дневно се трошат со бесправно преземање на електрична енергија? Не дали, туку колку Владата ќе ја зголеми цената на електричната енергија за граѓаните, поради сопствената лоша кадровска политика во енергетските компании?

Дали Владата ќе ги послуша советите на нејзините „експерти” за електрична енергија, од типот на Кочо Анѓушев, па овие пари да се платат од буџетот на државата преку повторно задолжување, за само привремено да се постигне привиден социјален мир и заташкување на енергетската катастрофа, со што проблемот би го наследила следната Влада? Дали е точно дека оваа енергетска криза, предизвикана исклучиво од лошо менаџирање на енергетските компании под контрола на Владата, Македонија ќе ја чини минимум двеста милиони евра до крајот на грејната сезона?

Левица потсетува дека многу брзо ќе дојде времето кога секој ќе одговара за сопствените постапки и нема да може да се сокриваат под наметката на колективна одговорност, како што ни се случува денеска. Владата во пад е должна да ги преземе сите мерки за справување со ситуацијата во која е доведена државата, токму од нејзините кадри, за да се спречи катастрофата што ни претстои во текот на зимските месеци, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија2 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија4 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија6 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија7 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија8 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија9 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија11 час

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија11 час

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет11 час

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија12 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет13 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион1 ден

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија1 ден

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија1 ден

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет1 ден

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет1 ден

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Досие