Контакт

Бегството на Груевски

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Објавено пред

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија побегнал преку Албанија. Според весникот, Груевски со лажен пасош ја преминал македонско-албанската граница и наводно со утрински лет на компанијата „Малев“ стигнал во Унгарија. Текстот, кој се наведува дека е ексклузива на провладиниот весник „Политика“, се појавува во моментот кога сè посилни се обвинувањата во македонската јавност дека Груевски преку Србија успеал да пребегне во Будимпешта.

Текстот што го објавува „Политика“ во денешното издание го пренесуваме интегрално:

„Поранешниот македонски премиер со лажeн пасош ноќе ја преминал македонско-албанската граница и илегално стасал во Тирана, каде што го прифатиле во Амбасадата на Унгарија. Со првиот утрински лет на компанијата ‘Малев’ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта.

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, се наоѓа во Будимпешта, каде што од унгарските власти побара политички азил. Претходно, во Скопје го избегна издржувањето на казната од две години затвор поради набавка на блиндираниот службен „мерцедес“.

Добивајќи информација од своите соработници во системот дека полицијата се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќе ја преминал македонско-албанската граница и незаконски дошол во Тирана. Таму го прифатиле во Амбасадата на Унгарија и со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шапка и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот.

Во моментот кога македонската потерница стапи во сила, а тоа беше некаде околу 10 часот претпладне, Никола Груевски веќе беше во Будимпешта, од каде што им прати топла порака на властите во Скопје дека ги изиграл, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Но, секако дека ја сака и слободата.

Властите во Скопје реагираа веднаш со апсење на соработниците на Никола Груевски поради овие или оние причини. Но, сега за сè е доцна, главниот играч побегна, а на властите им останува да истражат кој сè му помогнал на Груевски да побегне од Скопје.

Сигурно е дека тој бил под силен надзор на полицијата 24 часа. Или полицијата воопшто и не знаела каде тој се наоѓа? Како е можно Груевски да ја премине македонско-албанската граница, а да не го идентификуваат македонската и албанската гранична служба? А се знаеше дека изминатите месеци му беше одземен пасошот? Кој е тој што потфрлил на македонскаta, а кој на алнанската страна? Или, всушност, големиот брат од онаа страна на Атлантикот заклучил дека е најелегантно Груевски да се засолни во Унгарија. И таму да биде џокер за некои идни времиња ако Заев не биде конструктивен онака како што сакаат Тирана и Вашингтон. Симболиката е дека Никола Груевски побегна во Будимпешта токму преку Тирана, а тој беше главен противник  на тиранската платформа, која беше вовед во неговиот пад од власта.

 

 

 

Бегството на Груевски

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Објавено пред

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа. Трајковски исто така е советник и во Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО го гони Трајковски за сторено кривично дело насилство, но досега нема побарано мерки за претпазливост, односно не му е одземен пасошот. Тој в понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

„Од 5 декември 2018 година користи боледување, уредно пријавено во согласност со интерни акти на Царинската управа. Исто така, информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа ниту, пак, реализирал службено патување во Унгарија“, велат од Царинската управа за „Макфакс“.

Неофицијално, Александар Трајковски вчерутро со лет на „Визер“ заминал за Будимпешта во посета на Груевски. Денеска, Трајковски постојано беше недостапен на мобилниот телефон, а вчера на „Вибер“ кусо ни одговори: „станува збор за грешка“. Од Царинската управа велат дека ќе ги проверат наводите што се објавени во медиумите, а нивните надлежни служби ќе го испитуваат случајот. Од МВР не одговорија на нашите прашања дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски. Јавното обвинителство вели дека случајот е во предистражна постапка и затоа не може да кажат дали ќе го повикаат Трајковски на распит.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека Обвинителството за две недели ќе излезе со првичните резултати од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер.

Последно, Трајковски оранизира и протести со слоганот „Слобода за Никола Груевски“ по што достави и барање до претседателот Ѓорге Иванов да запре прогонот што се води врз ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Објавено пред

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан. Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица за кои се претпоставува дека го обезбедуваат, а имал и личен возач. Груевски не одговараше на прашањата од новинарот дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија.

Груевски, според снимката, се превезува со возило од марката „фолксваген шарон“.

За престојот на Груевски во Будимпешта се шират различни информации. Една од нив е дека тој престојува во „Интер Континентал“ или во хотелот „Кемпински“. Двата хотели се наоѓаат во центарот на градот, во близина на местото каде што вчера беше објавена фотографијата на експремиерот. Сè уште не е утврдено кој ја направил фотографијата на Груевски на која може да се види и 26-годишниот Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, вработен во Царинската управа и еден од обвинетите за случајот „Насилство во Општина Центар“.

Според информациите на „Макфакс“, Трајковски вчера заминал во Будимпешта во посета на азилантот Груевски. Тој в понеделник треба да се појави на рочиште за случајот со шлаканиците во Центар. Од МВР не одговорија на нашите прашања дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски. Денеска Трајковски постојано беше недостапен на мобилниот телефон, а вчера на вајбер кратко ни одговори дека „станува збор за грешка“.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека обвинителството за околу две недели ќе излезе со првичните резултати од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер.

„Во обвинителството ќе бидат повикани сите лица кои може да дадат одредени информации за бегството на Груевски, а и досега биле сослушани припадници на неговото обезбедување“, изјави Русковска.

Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, пред еден месец избега од Македонија и експресно доби азил во Унгарија.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Објавено пред

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта. На новинарско прашање дали обвинетиот Александар Трајковск,и кој е фотографиран со Груевски, ќе биде повикан на распит во обвинителството во предистражната постапка за бегството на Груевски, рече дека ќе утврдуваат од каде потекнува и кој ја направил.

,,Јас синоќа ја видов фотографијата, така што веројатно ќе видиме од каде потекнува и кој ја сликал. Во обвинителството ќе бидат повикани сите за кои сметам дека може да дадат одредени информации во врска со бегството. И досега сослушував лица од неговото обезбедување, така и ќе продолжиме”, рече Рускоска.

Таа рече дека деновиве добила информација од колегите од Црна Гора дека ги обезбедиле потребните снимки од камерите и следната недела ќе одат да ги преземат. Ќе бидат прегледани и снимките од Албанија. Рускоска очекува во следните 2 недели да соопштат кои се досегашните сознанија во предистражната постапка.

Засега  не е точно утврдено како избегал Груевски од снимките од камерите на крстосниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа5 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија6 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија6 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа9 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија22 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски24 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие