Контакт

Македонија

ССНМ: Остра осуда за нападот врз екипата на „Алсат М“

Објавено пред

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира на физичкиот напад врз новинарската екипа на телевизијата „Алсат М“, која известуваше за пожарот во отпадот за хаварисани возила во Визбегово.

Според информациите од колегите на терен, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини биле физички нападнати од сопственикот на фирмата за отпад од каде започнал пожарот во Општина Шуто Оризари.

Напаѓачот насилно му го одзел телефонот на новинарот и му го фрлил во огнот, а го нападнал и снимателот по што му ја искршил камерата.

Според Министерството за внатрешни работи сопственикот на фирмата за отпад односно напаѓачот на новинарската екипа е уапсен, а Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира нападот да биде целосно истражен и одговорниот да биде изведен пред лицето на правдата.

„Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз слободата на говор, но и врз правото на граѓаните да бидат информирани. Според последните измени на Кривичниот закон нападите врз новинари и медиумски работници се третираат по службена должност и за нив се предвидени сериозни казни“, велат од ССНМ.

Најново

Македонија8 минути

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија – 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO),...

Македонија19 минути

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, оценува Левица

Додека работниците секојдневно се соочуваат со деградирачки услови за работа, ниски плати и системска негрижа за нивната безбедност, директорот на...

Македонија24 минути

Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување: заштитата на преселните патишта во фокусот на научната заедница на Глобалниот самит во Најроби

Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените...

Македонија28 минути

Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, велат од СДСМ

Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко. Мицкоски има милиони евра за спектакли,...

Спорт40 минути

Родри откри зошто го одбил Реал Мадрид: Не беше поради „Златната топка“

Еден од најголемите трансфери од минатото лето можеше да има сосема поинаков епилог. Родри, веднаш откако стана светски шампион со...

Македонија43 минути

Случајот со бремената пациентка, аларм за катастрофалните состојби во охридската болница, Клековски да го разреши директорот Маркоски, бара Левица

Случајот со бремената пациентка кој ја разбранува јавноста е уште еден аларм за катастрофалните состојби во охридската болница, велат од...

Забава51 минута

Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

Најголемите ѕвезди од телевизискиот свет се собраа во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес во понеделник на 78-то доделување на наградите...

Македонија1 час

Работна посета на Ристески на Република Словенија – фокус на трудот и трудовата мобилност

Делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна работна посета на Словенија. Во рамки на...

Спорт1 час

ВАР тимот од дербито на Манчестер на принуден одмор

Бурата околу дербито на Манчестер не стивнува. Судиското тело на Премиер лигата призна дека единствениот гол требало да биде поништен,...