Контакт

Македонија

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

Објавено пред

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската културна сцена беа одбиени, а на сметка на тоа пари за проекти добија анонимни лица и новоотворени фирми, премиерот Зоран Заев и министерот за култура, Асаф Адеми, одржаа средба, откако претходно излегоа со различни ставови. Заев тврдеше дека целиот конкурс ќе биде поништен, додека Адеми рече дека ќе се приспитуваат само одбиените пријави.

Според соопштението што беше испратено од Министерството за култура, очигледно ставот на Адеми бил поцврст.

„На средбата беше усогласен ставот комисиите по дејности да ги преиспитаат одбиените пријави и, во согласност со Законот за општата управна постапка, на субјектите кои доставиле пријави да им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци. Дополнително појаснување на доставената пријава  може да се побара само за проектите за кои стручната комисија оценила дека се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Северна Македонија и кои имаат предуслови да бидат избрани за проекти од национален интерес во културата за 2019 година“, стои во соопштението.

Ова значи дека конкурсот нема да биде поништен, односно нема да бидат ревидирани проектите кои се веќе одобрени.

„Министерот Адеми ги поканува сите апликанти кои имаа забелешки на состаноци во Mинистерството со цел да се дефинираат чекори со кои во иднина би се избегнале недоразбирања или недостатоци при јавните конкурси. Исто така, министерот останува отворен за укажувањата и потребите  на националните установи со чии раководители е во постојан контакт и за кои, според Законот за културата, се можни промени во финансирањето во текот на целата година“, се вели во соопштението.

Според Министерството, со новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата ќе се унапредат начините на поддршка на проектите во културата, за што и Министерството и сите чинители во оваа сфера се согласни дека актуелната норматива не ги задоволува потребите на современото време.

„Со донесување на новиот закон, чиј предлог-текст е сè уште отворен за сугестии од сите засегнати страни, уверуваме дека ресорот култура во иднина ќе ги добие потребните системски решенија за кои се залага голем дел од јавноста во културата“, велат од Министерството.

 

Резултатите од скандалозниот конкурс беа објавени пред десетина дена. Скопскиот џез-фестивал и фестивалот „Оффест“ беа отфрлени на конкурсот, исто како и сите предложени проекти на „Авалон продукција“. Реакциите од јавноста беа жестоки, оставка од Советот за култура даде театарскиот режисер Зоја Бузалковска, а актерот Оливер Митковски, еден од членовите на комисиите, даде издвоено мислење во кое го критикува изборот.

„Макфакс“ веќе објави дека на шест пријавени фирми на скандалозниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, во делот за музичко-сценска дејност една како по правило е од Тетово, а некои од фирмите биле формирани непосредно пред објавувањето на конкурсот.

Македонија

Мицкоски: Единствено што оди добро во земјоделието се садниците со марихуана на власта

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја посети Битола каде што оствари средби со жителите на населбата Јени Мале и битолско Оризари.

Од опозициската партија пренесуваат дека на средбата со жителите од Оризари, мештаните се пожалиле на игнорирањето од страна на власта.

„Не се исплаќа трудот на земјоделците, нема пласман, а субвенциите доцнат. Единствено добро што оди во земјоделието се оранжериите и садниците со марихуана на власта и ништо повеќе“, констатирал Мицкоски.

На средбата во Јени Мале тој посочил дека државата се наоѓа пред одлука за тоа каква Македонија сакаме и каква Македонија ќе оставиме на идните генерации.

„Претседателските избори не се само обичен избор туку избор од кој зависи судбината на државата, бидејќи работите во реалноста не се добри и не се такви какви што ветуваа од власта. Победа на Претседателските избори ќе значи сигурни предвремени парламентарни избори на кој оваа власт ќе биде детронизирана. Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој не влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство туку и криминалот кој го прават на дневна основа“, потенцирал лидерот на опозициската партија.

Во обраќањето, Мицкоски се осврнал и на состојбите во правосудниот систем.

„Викаа дека немало правда и немало мир, а донесоа преку 2 века казни, а од друга страна оние што е бореа за ИСИС добиваат по 6 години“, истакнал тој.

Мицкоски нагласил и дека власта ветувала подобро здравство и повисоки плати, а како што рекол, во моментов се случува егзодус на кадри кои си заминуваат од земјата.

„Затоа ќе ги смениме работите, ќе донесеме правда, ќе се избориме за подобар живот за сите граѓани. Додека нема правда, ќе нема мир“, порачал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбите со граѓаните од Битолско.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стратегиите при криза и кризна состојба тема на регионалната школа за безбедност во Струга

Објавено пред

Во Струга викендов се одржува шестата по ред Регионална школа за безбедност која има за цел да ги дефинира можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и политики за безбедност во земјите од Југоисточна Европа и ЕУ.

За време на регионалната школа ќе бидат организирани работилници, практични вежби од страна на припадници на Специјалната единица на МВР, Аеродромот ТАВ „Св.Апсотол Павле“ во Охрид и панел дискусии со кои ќе се овозможи идентификација на т.н „тесни грла“ во соработката.

Како што информираат организаторите, проектот нуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, студентите и практичарите од земјите од регионот.

Тематски области на школата се: Управување со кризи и справување со заедничките безбедносни предизвици; Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола; Значењето на соработката и размената на информации помеѓу безбедносните системи на земјите од Југоисточна Европа; Преговарањето како комуникациски процес во кризна состојба, криза или конфликт и Преговорите за решавање на билатерални спорови како алатка во решавањео на криза како политички процес и проблем во безбедоста и меѓународните односи.

Генерална тема на регионалната школа се: современите безбедносни предизвици, ризици и закани како резултат на нивото на интеракција помеѓу различните субјекти во рамките на глобалната безбедносна парадигма.

Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите ќе излезат во јавноста и ќе бидат презентирани во конечен производ на знаења кои ќе бидат споделени преку конкретна публикација.

Регионална школа за безбедност се организира од Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии-Брисел, а во соработка со Центарот за истражување и креирање политики каде учество земаат студенти, професори и лица од пракса од Република Македонија, Република Хрватска, Република Србија, Црна Гора и други земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Објавено пред

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите да имаме комуникација на уцени и закани,порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој повика на дијалог и потенцира дека недозволиви се уцени од било кого.

„Сметаме дека заканите се непрофатливи од било кого доаѓаат,во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап, на одговорни луѓе личи добра комуникација. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого“, рече Спасовски.

И вицепремиерот Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од граничниот премин „Богородица“ повика на дијалог за случајот со ИВЗ.

„Сметам дека треба да се деескалира дебата и да се седне да се разговара за сите отворени прашања, сме покажале во минатотот дека со седнување на маса може да се помогне на верските заедници во нивните барања кои ги сметаат за важни,“ рече Османи.

Вчера ИВЗ ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација,како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти. Од ИВЗ посочија и дека се особено засегнати од нерешавањето на статусот на повеќе верски објектиа , а обвинија и дека Владата ја фаворизира МПЦ .

Ваквите обвинувања од Владата ги толкуваа како уцена и закана и потенцираа дека немаат намера да преземат чекори со кои би ги манипулирале верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ3 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ4 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија4 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ6 часа

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет7 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет8 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет9 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет10 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет10 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет24 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија1 ден

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија1 ден

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20191 ден

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ1 ден

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион1 ден

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион1 ден

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Досие