Контакт

Македонија

Стаменковска-Стојкоски: СДСМ го одби предлогот за зголемување на платите на администрацијата од 10 отсто

Објавено пред

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска-Стојкоски.

Со одбивање на нашиот амандман, рече таа, СДСМ покажа дека ова минимално зголемување од 5 отсто е само политички маркетинг на власта.

„Минималните 5 отсто, што се предвидени во измените на предлог-законот за исплата на плати, се само популистичка мерка на СДСМ, која реално нема да го покачи стандардот на вработените во администрацијата. Доколку намерата на пратениците на СДСМ беше искрена, ова покачување на платите ќе беше поголемо и ќе беше прифатен нашиот амандман за зголемување на платите од 10 отсто. Наместо Владата на Зоран Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците“, рече Стаменковска-Стојкоски.

Според неа, покачувањето од 5 отсто претставува потценување на вработените во администрацијата.

„Административците се уште едни во низата жртви на лагите и манипулациите на СДСМ. Покачувањето на платата за јавниот сектор беше ветување, кое според СДСМ требаше да се оствари уште од јануари годинава. Денес сме 3 октомври и гледаме дека сè уште не е реализирано. Дополнително поради некоординираноста и хаосот што го направи власта, веќе трет ден административците немаат земено плата, а во многу институции не е исплатена и редовната непокачена плата“, изјави Стаменковска-Стојкоски.

Македонија

Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кои порача дека сака да ги слушне аргументите зошто Албанец не би можел да биде премиер.

Доаде дека тие стојат на оваа барање кое е дел од преговорите за коалиција.

„Сакам да слушнам аргументација по оваа прашање, отворени сме да дебатираме, зошто не премиер Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е ова прашање, но ќе кажам колку сме блиску, толку сме далеку од договор. Нормално дека преговараме и ги изнесуваме нашите ставови на маса, но не би сакале да се крева еуфорија и емоции околу оваа прашање. Не би сакале да ја оптоваруваме јавноста и со шпекулациите за моделот 2 години со 2 или 3 со 1“, рече Ахмети.

Тој вели дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ според него е невозможна и дека ваквиот чекор би предизвикал мултиетнички тензии.

Црвените линии за договор за коалиција за ДУИ, покрај барањето за премиер Албанец, се и спроведување на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Охридскиот рамковен договор и ветинг за сите функценери.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитриеска-Кочоска: На повидок е втор ТАТ, отпуштања од работа и стечај за многу фирми

Објавено пред

Директните и индиректните последици од вториот ТАТ, односно пропаѓањето на „Еуростандард банка“ значат дваесетина милиони евра кои ќе останат необештетени, нов бран на отпуштања од работа и стечај на фирми и клиенти поврзани со банката, рече на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според одредени информации, непокриени, односно пари кои нема да бидат обештетени остануваат дваесетина милиони евра“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и напомена дека под директен ризик со пропаста на банката се 55 илјади граѓани кои од таму примаат пензии и социјална помош.

Димитриеска Кочоска предвиде огромна штета и за македонска пошта која, како што рече, работи преку системот и услугите на Еуростандард банка.

„Следува нов бран на отпуштања, 170 вработени од Еуростандард банка остануваат без работа, под ризик се и неколку стотина вработени во македонска пошта што работеа на платниот промет.

Второ, освен Еуростандард банка сега и македонска пошта ќе се соочи со ликвидносни проблеми затоа што ќе немаат редовни приливи.

Трето, под ризик за стечај се и најголемите клиенти на Еуростандард банка чии депозити сега се замрзнати, а прашање е и дали ќе бидат наплатени.

Четврто, со пропаѓањето на Еуростандард банката ќе се продава и недвижниот имот стекнат од аферата Фиком каде пак се оштетени десетици други семјества чиј пари се проневерени во аферата“, рече претставичката на ВМРО-ДПМЕ и јавно запраша дали во целиот случај е вмешана и политика, односно дали некој од владата знаел за ситуацијата какви мерки презел во однос на истата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека ќе успее да состави Влада во следните 20 дена, а веќе денеска продолжуваат преговорите и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.  Откако на Заев му беше врачен мандатот од претседателот Стево Пендаровски, тој посочи дека со ДУИ имаат доста  сериозни прашања кои не се затворени. Запрашан за тоа дали ќе ја оствари желбата на потенцијалниот коалиционен партнер, ДУИ, за прв премиер Албанец, Заев рече дека е подготвен да биде претседател на Владата следните четири години, иако се разговара за ова прашање со Ахмети. Тој додаде и дека целта му е да состави стабилна Влада со повеќе од 61 пратеник во Собранието.

„Да, јас денес го добивам мандатот и се спремам да бидам четири години премиер. Но, една од темите е и таа. Овде секако разговорите се отворени со ДУИ. Во такви околности, разумноста и желбата да се биде сервис за граѓаните треба да не води. Но, тоа треба да го разберат и потенцијалните коалициони партнери. Се обидуваме да ги дадеме сите можни информации, до онаму, каде нема да ги нарушиме преговорите. Денес имам средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Имаме успех во многу аспекти, а имаме и прашања кои не се затворени, а се поприлично сериозни. Се надевам на успех, бидејќи граѓаните ни дадоа насоки кој со кого да преговара. Граѓаните кажуваат со кого треба да се направат сите можни напори. Но, опциите постојат“, рече Заев.

На преговорите се разговарало и за кандидатите на ДУИ и распределбата на ресорите, а сите одлуки кои ќе ги донеле, според Заев, ќе бидат според желбата на граѓаните.

„Сите партии со кои се видовме, се согласуваат да зборуваме за граѓаните. Да, за еднаквоста, правата и обврските. Но, да зборуваме за граѓаните. Од таков аспект, отворено е да зборуваме за граѓаните како потенцијални кандидати, согласно вродените успеси, вградената перцепција кај граѓаните дека се добри кандидати. Во делокругот на сите тие работи, ги гледаме сите аспекти. Не зборам само за претседател на Владата, туку и за министри и други кадри. Решението кое ќе го изнајдеме е за еднаквоста на граѓаните“, додаде Заев.

Тој неколку пати во текот на својот говор, посочи дека очекува флексибилност од ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија33 минути

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека ќе успее да состави Влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија39 минути

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотел „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ, се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија1 час

Браќа од Битола обвинети за ширење на детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ2 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија2 часа

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет3 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија4 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа4 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет4 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија5 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет16 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет18 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија18 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија20 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија21 час

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија23 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија23 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија23 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија1 ден

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Досие