Контакт

Македонија

Становите на поранешна ЈНА ќе можат да се откупуваат

Објавено пред

Со донесувањето на Законот за продажба на станови од поранешниот фонд на ЈНА и оформувањето на Комисијата во Министерството за транспорт и врски, исполнети се условите за семејствата на припадниците на Армијата кои живеат во станови од фондот на поранешната ЈНА, после три децении неизвесност, конечно да ги откупат овие станови и да бидат „свои на своето“.

За ова информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Oва е една од темите која што ја отвори Генералштабот и многу припадници на Армијата кои што работат во Министерството за одбрана уште во 2018 година. На тој состанок можев да видам дека нашите сегашни вработени во Министерството и некои поранешни пензионери веќе беа уморни од нереализираните ветувања дека ова прашање ќе се реши. Еден период им било ветувано дека ќе можат да ги откупат становите, еден период им било ветувано дека ќе добијат стан во рамките на т.н. проект , АРМ – мој вистински дом, но годините минувале, а ова прашање никогаш не е решено. Од тој момент започнавме навистина да комуницираме со сите институции кои што се повикани, а соработувавме и со Собранието на Република Северна Македонија. Навистина постапуваме по сите правила и го изодевме дури и потешкиот пат заради тоа што сметавме дека мора да бидеме одлучни да го решиме проблемот и заради таа решеност успеавме најпосле да го решиме проблемот“, рече министерката Шекеринска.

Шекеринска рече дека како и останатите припадници на Армијата кои добиваат станбен надоместок од над 8.000 денари месечно, сега и лицата кои користат ваков тип на станови ќе бидат обезбедени и сигурни. Министерката ги повика сите корисници на вакви станови да поднесат барање до Комисијата најдоцна до 15 јануари следната година.

„Денешната прес-конференција е со цел да ги повикаме сите старешини, војници, сите лица од Министерството и од Армијата кои добиле претходно вакви станови од станбениот фонд на поранешната ЈНА да поднесат барање за откуп на становите до Комисијата која веќе е формирана, тоа да го направат во рок од 6 месеци од моментот кога беше донесен Законот, што значи до 15 јануари и да го решат проблемот кој очигледно за многу претходни раководства и многу претходни влади само изгледал нерешлив, бил решлив, можело да биде решен, ама постојано се одлагал. Одбраната навистина се промени, Армијата навистина се промени и тоа се промени на подобро. Грижата за сите наши сегашни и пензионирани вработени кои не ги заборавивме во овој Закон, навистина е наш врвен приоритет. Не можете да очекувате дека луѓето кои се во Армијата или во одбраната ќе бидат тука кога државата е во криза, кога имаат потреба да ја бранат, а во меѓу периодот да заборавате на нивните потреби“, порача министерката Шекеринска.

Министерот Бочварски го образложи процесот на поднесување на Барање и кои сè документи се потребни при аплицирањето и додаде дека Министерството за транспорт и врски покажа силна посветеност кон грижата за сите граѓани.

„Подеднакво водиме грижа за сите граѓани и за сите категории на граѓани во нашата држава. Покажуваме дека секој е важен, дека ги слушаме проблемите и дека наоѓаме решенија со силна институционална соработка со цел уште еден проблем кој што го имале дел од нашите граѓани да им биде надминат и решен“, рече министерот Бочварски.

Потполковникот Тони Јаневски, корисник на еден од овие станови во име на сите засегнати корисници на станови од поранешниот фонд на ЈНА упати благодарност до министерката за личното залагање и решеноста овој проблем да се надмине, како и благодарност до сите останати институции вклучени во изработката и донесувањето на овој исклучително важен закон.

„И покрај тоа што како припадници на Армијата сме оптимисти, полека низ годините го губевме оптимизмот дека овој проблем ќе биде решен. Со меѓу-институционална соработка и координација успеа да се дојде до законското решени кое го имаме пред нас и кое ми дава за право да кажам дека секој поединец, секој од нас е подеднакво важен за Министерството за одбрана и за Армијата“, рече потполковникот Јаневски.

Македонија

Арсовска со стопанствениците: Достапни општински служби и подобра инфраструктура

Објавено пред

Добро ми се познати проблемите и препреките со кои се соочувате при водењето на вашите фирми. Ако некој ве разбира тоа сум јас и ќе се борам за вашите интереси како да сум дел од фирмата, затоа што знам колку е тешко во денешни услови и во град каков што моментално е Скопје, да се работи, да се води фирма и да се обезбеди егзистенција за вработените, истакна кандидатката за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, на денешната средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром.

„За секој проблем има решение и начин како фирмата да продолжи да расте и да се развива. Едно такво решение е 24часа достапна општинска канцеларија за сите ваши потреби, да завршувате работа без губење време и непотребни чекања. Како што им помагав на сите фирми волонтерски што ги водев, така ќе продолжам и понатаму, затоа што ги знам и разбирам сите овие работи и како градоначалник на Скопје нема да дозволам да не можете да завршите работа за вашите фирми”, им порача Арсовска на стопанствениците.

„Потребни се добри сообраќајни решенија, не можеме да стигнеме до тука, се прават недогледни колони и метеж насекаде, автобускиот превоз што ги носи вработени е спор и нередовен. Сето тоа се одразува врз нашата работа и врз функционирањето на фирмите”, ги истакнаа стопанствениците своите проблеми.

Уште додадоа дека нефункционална инфраструктура, лошата патна поврзаност со другите делови на градот, комуникациските врски, се клучните точки поради кои последици трпат малите и средни фирми. Тие се пожалија дека нема осветлување по улиците и покрај тоа што плаќаат иста комунална такса како сите, а и не се чисти доволно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време

Објавено пред

Утре наутро во одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

И в сабота ќе се задржи релативно топло време, во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд, претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и в недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за здравство.

Направени се 3.073 тестирања, а регистрирани сe 201 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (83, 80, 78 и 66), 3 од Куманово (93, 69 и 48), 2 од Прилеп (79 и 35) и по едно починато лице од Струмица (67) и Радовиш (79). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 3 починати лица со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и од Гевгелија на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија4 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ4 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија7 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија8 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа9 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија10 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ11 час

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет12 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет12 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет12 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија23 часа

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет1 ден

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ1 ден

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија1 ден

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија1 ден

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 ден

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Досие