Македонија
Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„65 стана ќе се продаваат за 1.000 евра за квадратен метар. 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар . 71 паркинг-место по 500 евра за квадратен метар“, соопшти Николоски.
Со тоа, како што рече, Владата врши интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото со зголемувањето на цените на становите.
Министерот очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.
„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.
Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.
За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, соопшти општина Центар.
Скопје
Минатата недела санкционирани се 155 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.02. до 09.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, велат од ЈП Паркинзи.
Македонија
Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами за нивните лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.
280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.
Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.