Контакт

Македонија

Стефанова до обвинетите: Оставете ги телефоните и будно следете ја расправата

Објавено пред

Лиле Стефанова, СЈО

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, на денешното рочиште за случајот „Траекторија“, на кое се репродуцираат СМС-пораки поврзани со изградба на патиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, ги замоли обвинетите да ги остават телефоните и повеќе внимание да посветат на судењето.

„Некои од обвинетите цело време се на мобилните телефони наместо будно да ја следат расправата, би ги замолила да ги исклучат телефоните и да ја следат расправата“, рече Стефанова.

По кратката пауза, во судницата во кривичниот суд продолжи репродукцијата на СМС-пораките помеѓу Миле Јанакиески и експремиерот Никола Груевски, од кои може да се види координацијата во однос на потпишувањето на договорите со кинеската фирма за изградба на автопатите.

Случајот „Траекторија“ е отворен против четири службени лица – експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за кои постои основано сомнение дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на буџетот во износ од најмалку 155.117.172 евра и за овој износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да стекне имотна корист.

Виктор Јованов

Македонија

Кривичен суд: Барањето од Кабинетот на Иванов е директно мешање во независноста на Судот

Објавено пред

Во однос на барањето од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, доставено до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со кое се бара судот да достави службени белешки од МВР – УБК кои се дел од предметот „Титаник“, ја информираме јавноста дека ваквото барање судот не може поинаку да го разбере освен како обид за директно мешање во независноста на Судот, велат од кривичниот суд.

„Во таа смисла, судот денеска достави известување до Кабинетот на претседателот на Р Македонија со кое бара најпрво во однос на ова барање судот да биде известен дали барањето е лично од претседателот или од друго лице во Кабинетот на претседателот кое е потпишано на барањето. Но, воедно истакната е и потребата да се појасни од кои причини се бара на увид службена белешка и од каде претседателот на Р Македонија ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази, и тоа во фаза на постапување по поднесен обвинителен акт и определни мерки за обезбедување присуство“, велат од кривичниот суд.

За судот, велат од таму, е важно да се обезбеди и истакне независноста во судското постапување и немешање во судските одлуки.

Кабинетот на претседателот вчера достави барање до министерот за внатрешни работи, до директорот на УБК и до претседателот на Основниот суд Скопје 1  за службената белешка на МВР-УБК, која, според Кабинетот на Иванов, е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на претседателот на Република Македонија, а воедно е употребена како аргумент при определувањето мерка притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува собраниска дебата за Клиничкиот центар, можни локации за изградба Петровец, Скопје Север и Ѓорче

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев најави дека следната недела ќе почне дебата за новиот Клинички центар во парламентот.

„Во Владата заврши комисијата за делот на локациите. Покрај постоечката локација во Скопје Север, имаме локација во Петровец, имаме локација во Ѓорче Петров. Заедно, кога ќе ја утврдиме локацијата, јас верувам дека предностите ќе бидат таму каде што нема да има потреба да се решаваат имотно-правни односи, односно локација со најмногу државно земјиште, најлесна урбанизација и лесно адаптабилна проектна документација на главен дизајн или главен проект“, рече Заев.

Ако сето тоа ние успееме да го завршиме до првото полугодие, додаде тој, ќе тендерираме заклучно до првото полугодие избор на изведувач.

„Се работи за џиновски проект, проектиран, грубо кажано околу 450 милиони евра, којшто е влезен во севкупниот план за контролиран јавен долг на државата“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

В недела Марш на толеранција во Скопје

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на толеранција (16 ноември), Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира десеттиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи в недела, 18 ноември, со почеток во 12 часот, пред Музејот на Град Скопје.

„Политичко-општествените случувања во изминативе децении создадоа контекст во кој премногу често се прибегнува кон употреба на разни форми на насилство, контекст во кој омразата континуирано ја разорува кревката општествена кохезија во нашата земја. Денот на толеранцијата во 2018 година е токму посветен за борбата со насилството од омраза, што во нашата земја станува секојдневие. Затоа упатуваме јасна порака до сите институции во Република Македонија серозно да се посветат на унапредување на механизмите на санкционирање на насилството од омраза кое е сè поприсутно во нашето општество.

Делата од омраза немаат ефект на изолирани случаи, напротив, тие често имаат потенцијал да иницираат нови инциденти, да отворат поширока спирала на насилство, па и да кулминираат до точка на несогледливи последици. Тие придонесуваат за градење атмосфера во која насилничкото однесување е вообичаено, прифатливо па и одобрувано. Особено загрижува влијанието врз светогледот на помладите луѓе затоа што овозможува пренесување на штетните шаблони на однесување од генерација на генерација. Борбата против насилството од омраза мора да започне со градење позитивна средина во која сите се чувствуваат како дел од општеството со потенцијал за промена.

Исто така загрижува и постојаната неказнивост на говорот и делата од омраза која мора да запре. Особено говорот на омраза е присутен на социјалните мрежи без можност тој да биде санкциониран и отстранет. Тоа е главната сопирачка за промена на состојбите. Долгогодишното игнорирање на поттикнувачите и извршителите на дела на омраза и непостапувањето на надлежните институции остави простор за непречено ширење на реторика која поттикнува насилство врз поединци и групи.

Санкционирањето на овие дела е првиот и суштински исчекор за превенција на идни случаи. Но, образовниот систем и медиумите се исто така клучна алка во процесот на градење вистински ненасилна култура и похумано општество. Затоа, на јубилејниот десетти марш ќе упатиме апел до сите релевантни општествени чинители за креирање широк фронт за борба против овие појави коишто го загрозуваат животот и основните права на човекот. Вистински промени се можни само со респонзивни институции и свесни и одговорни граѓани кои го препознаваат и реагираат против насилството насекаде – во домовите, училиштата, стадионите, на улиците и во виртуелниот простор“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Маршот е поддржан од организациите: ЛГБТИ Центар за поддршка, Цивил- Центар за слобода, Национален ромски центар, ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Реактор – Истражување во акција, КВИР СКВЕР Скопје, Коалиција „Маргини“, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство и МОФ – Младински образовен форум.

Рута: Музеј на град Скопје – улица Македонија – плато пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски3 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски4 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија5 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет5 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија6 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија6 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток7 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија9 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа10 часа

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски21 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија23 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски23 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија1 ден

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски1 ден

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 ден

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија1 ден

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Досие