Контакт

Македонија

Стефанова: Не се согласував со Јанева, таа одлучи за времен пасош и куќен притвор за Камчев

Објавено пред

Само неколку минути по писмената изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева, со став на официјалната веб-страница на СЈО излезе и обвинителката Лиле Стефанова, која вели дека осомничениот во „Империја“ Орце Камчев се обидел да ја дискредитира во снимката објавена во весникот „Ла верита“, а претходно, како што вели таа, истиот се обидел и да влијае врз неа уште кога случајот бил во предистрага. Стефанова вели и дека за повеќе одлуки поврзани со случајот „Империја“ не се согласувала со Јанева.

„Во август 2018 година осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз предистрагата која во тој период беше насочена против нив и други лица, користејќи го моето познанство со господинот Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на состанок ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а исто така го известив и мојот тим на истражители. На средбата што се одржа во просториите на специјалното јавно обвинителство, господинот Ванчо Чифлиганец се обиде да добие информации за постапката за ‘неговите пријатели’, Цветан Панделески и Јордан Камчев. На господинот Чифлиганец јасно му ставив до знаење дека не доаѓа  предвид да разговараме што било во врска со предметот. Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски. Во понатамошниот тек на постапката повеќе ниту едно лице од мене лично не побарало ништо во врска со овој предмет ниту, пак, ми било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева“, вели Стерфанова.

Стефанова тврди и дека во декември 2018 година, таа како предметен обвинител изразила несогласување со одлуката на Катица Јанева на осомничените во предметот „Империја“, мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор затоа што според неа куќниот притвор не би можел да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата, што се покажа како точно, имајќи ги  предвид сега објавените снимки.

„Во месец март 2019 година јас не се согласив и со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески, но и покрај моето спротивставување, таква согласност беше дадена. Одлуката да биде дадена согласност за издавање времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на потпис писмено изготвеното мислење“, тврди Стефанова.

Стефанова открива детали и од состанокот што се одржал на 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева поврзан со предметите „Империја“ и „Поштенска банка“.

„Конкретно, ни беше наложено, најдоцна до 6 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите ‘да бидат тука затворени’ и осомничените ‘да не одат во затвор’. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот ‘Империја’ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период“, стои во писмената изјава на Стефанова.

Македонија

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Објавено пред

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби на АКМИС-системот, потврдија од судот во Велес за „Макфакс“.

Панчевски првпат се појави на судењето во велешкиот суд пред две недели. Инаку, на судењето на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, тој сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Панчевски е осуден за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Објавено пред

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна комисија, при вонредната супервизија поради хакирањето на веб-страницата на ДИК на денот на одржување на изборите, 15 јули.

АЗЛП утврдила дека ДИК не применила соодветни технички и организациски мерки во однос на заштитата на веб-страниците и информатичката инфраструктура за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот.

Исто така, ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на „Дуна“ ДОО Скопје пред неговото имплементирање или по извршените промени со цел да се провери дали системот обезбедува безбедност на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

Во извештајот на Агенцијата, исто така, се наведува дека ДИК при ангажирање на „Дуна“ ДОО Скопје како обработувач, постапила спротивно на прописите за заштита на личните податоци.

„ДИК при користење нови технологии за некој вид обработка (во конкретниот случај софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје), не извршила проценка на влијанието на предвидените операции на обработката во однос на заштитата на личните податоци. ДИК поставува документи со лични податоци на Google Drive и истите ги објавува на своите веб-страници, со што врши пренос на личните податоци. Воедно, ДИК ги користи услугите на CloudFlare, чија главна инфраструктура е лоцирана надвор од територијата на Република Северна Македонија. Оттука, ДИК постапила спротивно од општото правило за пренос на личните податоци“, се наведува во извештајот.

Исто така, АЗЛП утврдила дека ДИК (како контролор) и „Дуна“ ДОО Скопје (како обработувач) не ја исполниле обврската за известување за нарушување на безбедноста на обработката на личните податоци до АЗЛП.

ДИК не ги документирала нарушувањата на безбедноста на личните податоци и немала воспоставено внатрешен процес на евидентирање на нарушувањата на безбедноста на личните податоци, а не ја исполнила ниту обврската за определување на офицер за заштита на личните податоци и не определила администратор на информацискиот систем.

„За извршената вонредна супервизија АЗЛП донесе решение со мерки за отстранување на утврдените повреди и рокови во кои ДИК треба да постапи и да го усогласи своето работење со прописите за заштита на личните податоци“, соопшти Агенцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Невреме во Скопје со пороен дожд и град

Објавено пред

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати попладнево Скопје. Улиците побелеа од градот што паѓаше, а беше со големина на орев.

Според најавите на метеоролозите и утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи во делови од земјата.

„Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, елатектрични празнења и изолирана појава на град“, информира УХМР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет4 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Свет5 часа

(Видео) Експлoзијата во Бејрут се случила во магацин за пиротехника, десет лица загинале

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето...

Македонија7 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ8 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија9 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија10 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија10 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија10 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија10 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија11 час

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија11 час

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет13 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион13 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ14 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет15 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет16 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа16 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија1 ден

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион1 ден

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Досие