Македонија
Стефоска ќе иницира одземање на ингеренциите на Охрид и Струга поради изградбата на дискотеката „Парк“

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска, соопшти дека ќе иницира пред Владата да им се одземат ингеренциите на општините Охрид и Струга, во врска со градежните активности на објектот ресторан дискотека „Парк“, во Охрид.
„ Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини“ соопшти министерката.
Во делот на надлежностите на Министерството за култура, како што наведува таа, на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид, како и Управата за заштита на културното наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство Венко Филипче во рамки на денешната посета Белград имаше предвидено и посета на самиот Институт „Торлак“ кадешто заедно со српскиот Државен секретар за здравство, Мирсад Черлек имаше можност да дискутира во однос на капацитетите за производство на вакцините.
„ Дојдовме да го посетиме Институтот за серуми и вакцини „Торлак“ каде ќе се произведуваат не само вакцините кои се досега во календарот произведени туку и веќе се припрема производство на вакцината „спутник В“. Капацитетот за производство е 1 милион дози на месечно ниво и сакаме навистина да покажеме една солидарност како што тоа го правевме и до сега кога добивавме вакцини од нашите пријатели, тоа што овде ќе се произведува на Институтот Торлак нема да биде само за потребите на Република Србија, туку и за потребите на целиот регион, а посебно нашите братски и комшиски држави како што е Северна Македонија“ кажа Државниот секретар за здравство на Србија, Мирсад Черлекм во изјавата за медиуми пред Институтот „Торлак“.
Министерот Филипче се осврна на заклучоците кои произлегоа и од состанокот со министерот за здравство на Србија Лончар, во кои скоро сите епидемиолошки анализи се покажаа како многу слични, односно исти и ова се однесува и на пристапот, надградувањето на инфраструктутата и препораките во третман на пациентите.
„ После успешниот состанок со министерот Лончар на којшто разговаравме за навистина важни теми во дел на менаџментот на целокупната криза со Ковид 19 и во делот на епидемиолошките мерки и препораки и во делот на третманот на пациенти, во делот на инфраструктура, надградувањето на инфраструктурата, разменивме искуства за нивниот и нашиот пристап во делот на правење на ковид центрите, секако терапевтскиот пристап, секако разликите кај пациентите клиничката слика, овој бран споредено со оној бран минатата година. Заклучивме дека многу работи се многу слични односно исти и дека дефинитивно во регионот има и практично идентични движења што се однесува на епидемијата“ рече Филипче.
За Институтот „Торлак“ министерот Филипче изјави дека е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во сиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментов функционира со надградени капацитети.
Македонија
Утре сончево со мала облачност и краткотраен дожд

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Македонија
Бектеши: Донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот с. Долно Коњаре со концесионерот Друштво за производство, трговија, туризам и рибарство „Еуро прогрес“ ДООЕЛ експорт-импорт с. Долно Коњаре, Петровец.
„Според извештајот од Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија утврди дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња“, напиша министерот Бектеши на својот „Фејсбук“.
На 55. седница одржана на 18 март 2021 година Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на селото Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина поради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука во согласност со наодите на надлежниот инспекторат.
Државниот инспекторат за животна средина, по налог на Инспекцискиот совет, спреоведе вондреден инспекциски надзор над концесионерот по што достави извештај до Министерството за економија, со кој се укажува дека тој не постапувал во согласност со договорот за концесија и експлоатација на минерална суровина – песок и чакал.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?