Контакт

Македонија

Стејт департментот: Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност

Објавено пред

„Соединетите Држави им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името“, се наведува во соопштението на Стејт департментот кога во Скопје и Атина беше соопштено дека е постигнат договор за спорот за името.

„Оваа решение ќе биде од корист и за двете земји и ќе ја зајакне регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во својата потрага по заемно прифатливо решение. Ние исто така ја поздравуваме посветеноста на посредникот на ОН, Метју Нимиц, во неговите цврсти напори за ставање крај на над дведеценискиот спор.

„Подготвени сме да го поддржиме овој договор како што бараа двете земји“, наведува Стејт департментот.

Македонија

Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Објавено пред

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот пасош кој судот му ги одзеде како мерка на претпазливост.

Адвокатот Антонио Апостолски, кој е бранител на Орце Камчев, вели дека со овие пари може да се гарантира дека неговиот клиент ќе се јавува во судот и на евентуално судење.

„Мерката за претпазливост која е изречена е неспорна, но за опстојување не мерката, судот му одобри времена патна исправа и тука не стојат наводите дека тој ќе избега ако му се врати пасошот. Ограничувањето на правото на движење е образложено, водејќи се според пресудите од судот во Стразбур. Станува збор за гаранција од три милиони и двеста илјади евра изразени во имот, кој, пак, ако се продаде, ќе може да се наплати шетата. Не се знае ни износот на штетата бидејќи нема вештачење, има само тврдење на Обвинителството”, посочи Апостолски.

Адвоктот на Камчев, одговарајќи на прашањето од судечкиот совет „До каде е истрагата”, рече: „До никаде. Во овие година и пол можеа барем вештачење да направат”.

Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителоство, пак, посочи дека со гаранцијата Камчев може да гарантира присуство, но не и да се надомести штетата доколку тој е недостапен за органите на прогонот.

„Предлагам да се одбијат жалбите на Камчев. Нема прекршување на постапката”, посочи Цветановски.

Апостолски посочи дека судијката Весна Димишкова не смеела да постапува по барањето за гаранцијата која ја понудил Камчев, бидејќи додека одлучувала, било побарано нејзино изземање.

„Барал да му се врати патната исправа која е одземена како мерка на претпазливост бидејќи имал повеќе функции во ‘Орка холдинг’, па требало да патува во странство и да остварува средби. Оставил хипотека во недвижен имот во износ од повеќе од 2,2 милиони евра. Понудената гаранција не е сразмерна со кривичните дела кои му се ставаат на товар. Избегнати биле даночни обврски кон државата од 6 милиони евра, пишува во мислењето на СЈО”, кажа судијата известител Зоран Димитриевски, кој ќе одлучува по жалбата на Камчев.

Читајќи ги списите, судијата кажа дека мислењето на Обвинителството било дека Камчев заработил 14 милиони евра со сторување на кривичните дела.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Објавено пред

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Бекир Аслани вели дека и покрај тоа што помина една година од исчезнувањето на неговиот син, се уште нема информации поврзани со исчезнувањето.

Тој денеска пред Собранието рече дека размислува за протести секој 23-ти во месецот.

Досега има остварено средби со Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Зоран Заев, кои ветиле дека ќе се заложат за расветлување на случајот, но без резултати.

Арбен Аслани е исчезнат лани на денешен ден. Тој последен пат е виден како влегува во нечие возило.

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Тетово фатени над 100 возила со непрописно затемнети стакла

Објавено пред

Вчера, полицијата во Тетово спроведе локална сообраќајно-контролна акција, при што биле откриени 114 возила со непрописно затемнети стакла, од кои на 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите.

„При контролата исто така откриени се пет возила со истечена регистрација, пет лица ги управувале возилата без положен возачки испит, двајца возачи користеле мобилен телефон додека управувале возило, шест возила биле непрописно паркирани и други видови прекршоци“, велат од МВР.

Сите прекршители законски сe санкционирани во зависност од видот на констатираните прекршоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија11 минута

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија2 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ3 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет3 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет5 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија5 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет5 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија6 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион6 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет7 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија19 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија23 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија24 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ1 ден

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Досие