Контакт

Македонија

Стипендии за студенти по рударство, геологија и животна средина

Објавено пред

Рудникот за олово и цинк „Саса“ преку соопштение информира дека во следната учебна година 2018/2019 ќе стипендира 20 студенти на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во соопштението додаваат дека десет студенти од студиската група рударство и по петмина од студиските групи геологија и инженерство на животна средина ќе добиваат годишни стипендии во вредност од по 200 евра.

Покрај оваа финансиска поддршка во текот на студиите, од рудникот „Саса“ информираат дека ќе им овозможуваат на идните студенти практична работа, при што ќе се стекнат со првично искуство и ќе се запознаат со работата на рудникот и компанијата.

Дополнително, најдобрите од студентите ќе имаат можност и за вработување во рудникот „Саса“ по завршувањето на студиите, се додава во нивното соопштение.

„Среќни сме што во соработка со раководството на Факултетот за природни и технички науки ќе можеме да ги поддржиме талентираните млади луѓе што се определуваат да стекнат знаења во областите поврзани со нашата индустрија. Тие се наши потенцијални идни колеги, па наш природен интерес е низ образованието и низ праксата што подобро да се подготват за работа во модерното и одговорно рударство“, изјави генералниот директор на „Саса“, Олег Телној.

На Факултетот стипендирањето го гледаат како можност за зголемување на атрактивноста на студиските групи за студентите што првпат се запишуваат.

„Завршените средношколци сега имаат уште еден мотив повеќе да ги одберат токму групите поврзани со рударската индустрија. Воедно, со ова рудникот ‘Саса’ и ‘Централ Азија металс’ уште еднаш го докажуваат партнерството со нашата образовна институција. Ова е дополнителен показател за чувството и разбирањето на ‘Саса’ за потребите на заедницата. Веруваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, рече проф. д-р Зоран Десподов, декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип.

Во соопштението од компанијата додаваат дека стипендиите ќе бидат наменети пред сè за студенти што доаѓаат од Македонска Каменица и од околните населени места со цел долгорочна посветеност за одржлив развој на локалната средина во која се наоѓа и стопанисува.

Македонија

Меѓународна криминална група осомничена за кражби во сефови во македонските банки

Објавено пред

Обвинителството отвори истрага против седум лица и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на САД сомничени дека извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје.

„Осомничените во Република Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети“,соопштија одОбвинителсвото за гоне на организира криминал и корупција.

Во периодот од јули до ноември 2017 година, осомничените извршиле закуп на граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови.

Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви – калаузи за нивно отворање. Украдените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји.

До овој момент, еден од осомничените е приведенво Латвија, додека двајца во Таџикистан. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку меѓународна правна помош испрати барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

Објавено пред

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата од 500 евра“, изјави еден граѓанин во анкетата на „Макфакс“ на прашањето какви промени би донел Законот за јазиците во животот на граѓаните.

Главно тие не се против ваквиот закон, но тој за нив нема значење ако не се промени економската ситација и не престане иселувањето на младите.

„Не ми пречело, ниту ми пречи да зборувам и македонски и албански и кој било друг јазик. Што ако го носат тој закон кога ние пак остануваме тука во ова Скопје, под ова небо, со мали плати и борба за гола егзистенција“.

„Тоа се приказни за мали деца. На кој политичар му е гајле за народот. Ги видовме сите, само манипулираат. Си прват што сакаат, а луѓето нека се мрзнат на снегот“, велат анкетираните за „Макфакс“.

На политичарите им порачаа дека се избрани да ги решаваат реалните проблеми во државата, пред сè, подигање на стандардот со повисоки плати, а не да ги замајуваат со политиканство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Објавено пред

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за спречување на корупцијата бидејќи ова тело остана со само двајца членови во март минатата година.

Не се постапува по барањата за пристап до информации од јавен карактер, не се следи промената на имотот на функционерите, не се отвораат нови предмети, иако јавноста беше сведок на големи афери во јавноста, особено за конфликтот на интереси кај функционерите.

Од антикорупциската комисија за „Макфакс“ сведочат дека кога комисијата остана без 5 члена и фактички постоеше само на хартија, пристигнале нови 3.000 анкетни листови и изјави за интереси. Анкетните листови се внесуваат во базата на податоци, но никој не проверува дали некој од актуелните функционери има несразмерно зголемување на имотот во однос на платата што ја заработува. Никој не постапува ниту по изјавите за интереси, каде што секој функционер треба да пријави доколку има конфликт на интерес со вработен од некоја институција, како, на пример, сопружник, син, ќерка или роднина.

Последнава година, кога борбата против корупцијата беше ставена во заден план, јавноста беше сведок на повеќе корупциски афери за кои немавме институција што може да отвори предмет.

Во МЕПСО, на пример, беше вработен Дамјан Бучковски, син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владејачката партија СДСМ. Во МЕПСО беше вработена и Фиторе Бејта-Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владејачката ДУИ. Ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, и синот на архитектот Мирослав Грчев, соработник во Министерството за култура, беа вработени во ЕЛЕМ.

Освен тоа, многубројни се и членствата во управни и во надзорни одбори од страна на функционери од власта за кои добиваат дополнителни примања, но и за тоа е надлежна да постапува антикорупциската комисија.

Скандалот со доделувањето на парите од Фондот на иновации, како стипендиите за студирање во странство, поминаа без мислење од антикорупциската комисија, а мислење од ДКСК беше потребно и во случајот до „Фени“ поради обвинувањата за вмешаност на политичари и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ во стечајната постапка на компанијата.

Денеска, во Собранието, со поддршка и на ВМРО-ДПМНЕ, е усвоена потребата од носење на законот за спречување на корупција и судир на интереси по скратена постапка. Министерката за правда, Рената Дескоска, изјави дека носењето на законот е важан со цел на претседателските, а можеби и на парламентарните избори, да има комисија што ќе ги следи финансирањата на кампањите.

Со новиот закон се менува начинот на избор на антикорупционерите, се зголемуваат нивните ингеренции, но и нивните плати, со што се очекува ова тело, кое досега како по правило функционираше само за пресметка со политичките неистомисленици, да почне независно да функционира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Меѓународна криминална група осомничена за кражби во сефови во македонските банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија1 час

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 час

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 час

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија2 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија3 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија4 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија4 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија5 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија6 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион6 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести6 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија7 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет7 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет8 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет9 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет9 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет19 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион20 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион21 час

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Досие