Македонија
Стоилковски: Доколку истрагата немала што да крие, Јанева одамна ќе беше во притвор
Катица Јанева е алката без која не е можен рекетот, но и човекот што очигледно многу знае за него, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.
Тој додаде дека доколку истрагата немала што да крие, Јанева одамна ќе била во притвор, без шанси за форматирање телефони, да оди надвор од државата и потенцијално да брише докази или да влијае врз сведоци.
„Дали Јанева е привилегирана затоа што нејзиниот пад ќе значи и пад на Владата? Дали Јанева е одговорот на прашањето дали чантата со пари завршила тука на ‘Илинденска’, во зградата зад нас? Истрагата се развлекува само за да се заштити врхушката на власт. И тоа се мотивите зошто Заев е толку нервозен. А токму тоа се и мотивите и зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори што побргу“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерство за правда: Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството
Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.
Амбасадорот Риголер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската унија.
Во таа насока, министерот Филков информираше дека од 16.09.2024 година започна ангажманот на француски експерт, Сесилиа Мароние која има големо искуство во правосудната област. Од наша страна се обезбедени сите предуслови за овозможување на нејзина непречена работа.
Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност на Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.
На средбата се дискутираше и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за отпочнување јавни расправи за Предлог измените на законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, како и за Развојната секторска стратегија за правосудството( 2024-2028).
Филков и Риголер се обврзаа на продлабочување на соработката во периодот кој следи и зајакнување на билатералните односи.
Македонија
(Видео) „ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа“, вели Лефков
„Владата на СДС и ДУИ ангажирала лица на авторски договори иако работите кои се вршени не се авторско дело и не подразбираат таков вид на работа.Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на владата и буџетските трошења за 2021 година, објавен во 2023 година констатира дека владата ангажирала лица со авторски договори преку агенција за интелектуална сопственост, иако работите и работните задачи не подразбираат креирање на авторско дело согласно законската регулатива“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата на СДС очигледно е дека ги заобиколувала постоечките законски процедури и сакале преку авторски договори да исплаќаат лица блиски до нив, без да има потреба да ги вработуваат или ангажираат преку системот на АВРМ.
Лицата кои ги ангажирала власта добиле само авторски договори, без да има реална потреба од тоа.
Самоволието на власта на СДС и ДУИ се глада на секој чекор. Затоа велиме дека наследивме ограбена држава. Но неспособноста завршува со нив. ВМРО-ДПМНЕ сега работи 100% одговорно за твојата иднина“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.
„Апсолутно како и во сите сектори, така и во земјоделието во овие 100 дена се преземаа многу чекори. Ќе ве потсетам на оние задоцнети плати во двете клучни институции, а тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Се вратија долгови кај земјоделците од повеќе милијарда и двесте педесет милиони денари, тоа се стари долгови, покрај тековните исплати. Понатаму имавме субвенции, одлука за субвенции за килограм продадена пченица, јачмен и така натаму, но исто така можам да кажам дека се постигнаа историски највисоки цени за откуп на грозјето од лозарите и навистина можам да кажам дека досега работите таму полека, но сигурно фаќаат еден природен колосек, тука не смееме да ги потцениме, ниту сливарите коишто исто така беа поддржани од страна на Министерството и од страна на Владата, јаболкарите, видовте беше таму Министерот, разговараше, очекувам исто да биде и со тутунарите. Така што како и во секој сектор, така и таму се случуваат сериозни промени“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.