Контакт

Македонија

Столтенберг и централата на НАТО со два авиона в недела доаѓаат во Скопје

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и Северноатлантскиот совет в недела доаѓаат во Скопје со два авиона. Прв ќе слета авионот на Столтенберг, во кој ќе бидат и шестмина члена на неговиот кабинет, а еден час подоцна, ќе слета и авионот со Северноатлантскиот совет, во кој ќе бидат 29 претставници на земјите членки на НАТО.

Дане Талески, советник на премиерот за надворешна политика и национален координатор за НАТО, вели дека ова е втора постеа од ваков ранг на Македонија.

„Првпат Северноатлантскиот совет, предводен од тогашниот генерален секретар Џорџ Робертсон, ја посети Македонија во 2003 година, но таа посета беше во сосема друг контекст – за да го поздрават Охридскиот договор. Сегашната посета треба да стави печат на сè поизвесното членство на Република Северна Македонија со Северноатлантскиот сојуз. Северноатлантскиот совет е највисокото тело, централата на НАТО, во кое има претставници на 29-те земји членки, кои се на ранг на амбасадори. Тие ќе имаат низа состаноци со државниот врв, на кои главна тема ќе биде НАТО-интеграцијата, активностите што треба да ги направиме и резултатите што треба да ги постигнеме до конечниот прием во НАТО“, рече советникот Талески.

Тој тврди дека Македонија има одлични резултати на полето на бараните реформи не само во политичкиот туку и во воениот дел и дека добро напредува ратификацијата на протоколот за нашето членство во НАТО. Досега 13 членки го ратификувале протоколот, а процедурата ја почнале и сите други.

„Секоја земја членка има разни начини за ратификација на протоколот. Некаде тоа го прави владата, некаде собранието. Некаде собранијата се во два дома, па подолга е процедурата, а во монархиите, пак, се чека и на потпис од кралот. Тоа се процедури што мора се почитуваат и не можеме да кажеме колку време би траеле, но очекуваме до декември или во првите месеци од следната година да станеме полноправна членка на НАТО. Би било идеално да завршат ратификациите до декември кога се планира самитот на НАТО во Лондон, кога ќе се слави 70-годишнината од формирањето на алијансата, да го прославиме и нашето членство“, вели советникот Талески.

Освен ратификација на протоколот за членство на земјата во НАТО кај сите земји членки, се очекува и дополнување на вашингтонскиот договор. Тоа е оригиналниот договор за формирање на НАТО, каде што Македонија треба да биде вметната како 30-та земја членка.

Македонија

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Објавено пред

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска беше најавено негово догаснување. Центарот за управување со криза вчера на Фејсбук објави дека во текот на ноќта ќе има дежурни екипи за евентуално ширење на огнот.

„Пожарот над с.Буковиќ е локализиран. Активен е делот од пожарот помеѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за евентуално проширување на пожарот кон селата. До сега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден“ објави Центарот за управување со кризи на својата Фесбук страница.

Пожарот избувна вчера утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев го честита Денот на Армијата: Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници

Објавено пред

Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана посветеност, професионалност и несебичниот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, премиерот Зоран Заев го честиташе Денот на Армијата.

„На денешен ден, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев“, кој подоцна во Народно ослободителната војна (НОВ) прерасна во војска која ја ослободи територијата на нашата држава, пожртвувано оставајќи печат вграден во темелите и независноста на татковината.

Денеска, 76 години подоцна, нашата Армија на највисоко професионално ниво, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО, дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, учествуваат во меѓународни мировни мисии и даваат свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност.

Пораката за својата подготвеност, за што сме особено горди и благодарни, нашата Армија ја испрати и со учеството во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, кога нашите војници со претставници на уште пет земји-членки на НАТО покажаа дека имаат капацитет за изведување комплексни теренски вежби.

Република Северна Македонија ќе биде идната, 30-та членка на НАТО алијансата, а нашите професионални војници и офицери покажаа дека се партнери со нашите сојузници, со способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.

Благодарам од мое лично име и од име на Владата на Република Северна Македонија, за сите заложби, за сите несебични ангажмани, да помогнете, да осигурате и обезбедите, заедно со сите граѓани, перспективна иднина за сегашните и идните генерации!

Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија!“ порача Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски да одговори каква врска има со италијанскиот весник

Објавено пред

Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани. Особено, откако призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец, порачаа од СДСМ.

„Нема бегање од вистистината Мицкоски. Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш. Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта?

Дали во Унгарија и во Словенија Мицкоски си се гледал со уште некој и кој е тој?

Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник?

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања“ велат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска...

Свет53 минути

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 час

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет2 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет14 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет14 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион15 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион15 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет17 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет18 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион22 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ23 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет24 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија2 дена

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ2 дена

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Досие