Контакт

Македонија

Стојаноска: Државата добива нова влада со стари, транзициски и искорумпирани кадри

Објавено пред

Македонија добива нова влада со криминални кадри оптоварени со по десетина афери, случаи на непотизам и сомнежи за корупција, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска од опозициската партија денеска на прес-конференција оцени дека следува тежок период за Македонија, бидејќи оние кои ја направиле државата рекордер по корупција, криминал и неуспеси во Европа сега повторно ќе раководат со институциите.

„На чело на Владата е Зоран Заев, човек кој најмалку двапати е аболиран за криминал. Човек кој од просечно земјоделско семејство стана олигарх и транизициски профитер. Човек чие семејство поседува капитал во Македонија и Бугарија и со недвижен имот во Грција. Човек чие име  нема крупна корупциска афера а да не се врзува директно со неа. Човекот кој е главата на рекетот и кој беше директно прозван дека кај него завршиле парите од рекетот од 8 милиони евра. Заев кој го слушавме како нарачува пресуди, договара судии. Човек кој е заштитник на неправдата и човек чие име и презиме станува синоним за лаги и криминал“, рече Стојановска.

За Радмила Шекеринска, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека таа е транзициски и истрошен кадар на Социјалдемократскиот сојуз. Веруваат дека таа ќе остане запаметена по најскапата набавка на грејдери во Министерството за одбрана. За Венко Филипче, кој и натаму ќе биде министер за здравство, Стојановска рече дека тој е директно одговорен за фијаското во справување со корона-кризата и продолжил да тера бизниси и додека пациентите биле заразувани.

За Никола Димитров, кој ќе биде министер за европски интеграции, велат дека тој ги донел сите национални порази и не може да биде европската иднина на земјата.  Стојановска на прес-конференција го спомена Спасовски, за кого рече дека е срам за македонската полиција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, давањето на секторот финансии и економија на ДУИ и измислувањето на функција заменик-премиер ќе биде само бледо оправдување за неуспесите на новата влада и Зоран Заев.

На крајот, таа додаде дека ова е владин состав со најмала застапеност на жените со што се нарушува и родовата еднаквост.

Македонија

Доделена наградата „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

Објавено пред

По седми пат, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ ја доделија Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ по повод Европскиот ден на јазиците. Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија и Огнена Никуљски, претседателката на Организациониот одбор на наградата „Вавилон“, ги доделија наградите на победниците на церемонијата што се одржа на 25 септември во Europe House.

Оваа година, првата награда му беше доделена на Сашо Данилов, за неговиот превод на делото „Телефонската говорница на другата страна од мостот“ од Аријане Грундис, од германски на македонски јазик и на Ардита Зулфиу за нејзиниот превод на делото „Место на чекање“ од Соња Хернандез, од шпански на албански јазик. Наградите за второ место беа доделени на Благица Димитрова, за преводот на „Господин Плата“ од Сали Руни, од англиски на македонски јазик, и на Кристина Стаменкова за нејзиниот превод на „Месечевата дама“ на Андреа де Карло, од италијански на македонски јазик.

Наградата „Вавилон“, иницирана од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, настојува да се промовираат младите преведувачи, како и да се поттикне извонредност во преводот на книжевни дела. Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 годишна возраст, кои може да се пријават на конкурсот со превод на книжевни дела од некој од 24 службени јазици на Европската Унија на некој од јазиците што се зборуваат во земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Објавено пред

Во општина Сарај почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје денеска имаат можност да ги предадат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре. Пунктот за предавање печки во средното училиште „Сарај’ денеска го посетија Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

„Денеска се наоѓаме во општината Сарај, на една од локациите каде граѓаните ги доставуваат старите и нееколошки печки кои веќе ги замениле со енергетски ефикасните инвертер клими. Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации. Правиме пресек на процесот на субвенционирање и заради транспарентност на реализацијата на повикот и заради подобро информирање на граѓаните за суштината на овој повик и очекуваните резултати“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Шилегов напомена дека во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјани пијат вода со непроменет и висок квалитет повеќе од 60 години

Објавено пред

Хемиската лабораторија која функционира во рамки на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, е секогаш во служба на граѓаните. Имено сите испитувања се изведуваат во согласнот со одредените правила, норми и регулативи во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,се наведува во соопштението.

На годишно ниво се изведуваат хемиски анализи на над 10.000 примероци на вода за пиење земени од над 50 места распределени долж водоснабдителниот систем на град Скопје, во должина од повеќе од 100км.

„Врз основа на резултатите кои се добиваат, утврдено е дека граѓаните на град Скопје, повеќе од 60 години пијат технички исправна вода за пиење со висок квалитет, што всушност претставува благодет и дар од природата кој го добиваме од изворот Рашче“, истакна Билјана Петровска, раководител на хемиска лабораторија за питки води, во рамки на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ2 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија3 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет3 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет5 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија5 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа6 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет6 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ15 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија15 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа17 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија18 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија22 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија22 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа24 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија1 ден

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија1 ден

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет1 ден

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија1 ден

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија1 ден

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Досие