Контакт

Македонија

Стојаноска: Илјадници заразени и стотици починати ѝ требаа на власта за да предложи некомплетно законско решение

Објавено пред

На денешната седница на собраниската комисија, на која се дискутираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека иако состојбата е алармантна, на старо-новата Влада ѝ требале повеќе од 40 дена за да донесе некомплетно предлог-законско решение, во кој период имало илајдници заразени и стотици починати граѓани.

„Состојбата е алармантна, ќе одам хронолошки, па ќе потсетам дека старо-новата Влада се избра на 30 август оваа година, што значи дека се поминати 40 дена откако профункционира и 40 дена ѝ требаа за да поднесе ваков предлог-закон за состојба за која вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи, а ние ве чекаме да донесете едно некомплетно предлог-законско решение“, истакна пратеничката Стојаноска.

Таа вели дека конкретните амандмани се нецелосни, погрешни и небулозни.

„Бројките на 30 август во однос на новозаразени – чудно, тој ден беа паднати од претходниот од 131 новозаразен на 39 новозаразени и 4 починати, а вчера имавме 628 новозаразени и 15 починати лица, 40 дена ѝ требаа на власта, во кој период имавме илјадници новозаразени и неколку стотици починати, за тоа опозицијата во парламентот не сноси вина, затоа што 40 дена го чекавме ова законско решение, кое дојде на 8 октомври, а денеска сме 28 октомври за кое ви текна по 20 дена да поднесете амандмани на ова законско решение, кое е итно“, рече Стојаноска.

Македонија

Сончево време со температура до 18 степени

Објавено пред

Времето наутро ќе биде студено. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од променлив правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради снимање реклама, прекини во сообраќајот на патот Велес – Штип

Објавено пред

Поради снимање реклама, во прекини ќе биде сообраќајот на патот Велес – Штип. Како што се наведува во соопштението, од 6 до 13 часот, на регипналниот пат Р1312 (Велес – Штип), ќе се одвива снимање рекламен спот. Поради тоа, сообраќајот ќе биде во прекин во временски интервали од 5 минути.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во прекин сообраќајот преку пругата на патот Гостивар – Чајле

Објавено пред

Со почеток во 8 часот, ќе се интервенира на преминот на железничката пруга на регионалниот пат Гостивар – Чајле, при што додека се изведуваат градежните работи, сообраќајот ќе биде целосно блокиран, информираат од Општина Гостивар. Тие ги замолуваат граѓаните да користат алтернативни улици. Работите се изведуваат во соработка со ЈП „Македонски железници“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели...

Свет35 минути

За еден ден потврдени повеќе од 577 000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО),...

Свет45 минути

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет56 минути

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија12 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија14 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија15 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа15 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион17 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија17 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија18 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија19 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија20 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија22 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ24 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија1 ден

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет1 ден

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија2 дена

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Досие