Контакт

Македонија

Стојан Андов по забраната на книгата: Не очекував вакво нешто

Објавено пред

Експретседателот на Собранието и автор на книгата „До атентатот и по него”, Стојан Андов, за „Макфакс“ вели дека ова е првпат судот да забрани продажба на книга, што претставува лош преседан.

„Мислам дека ова е лош преседан во Македонија. Досега не се случило судот да забрани книга. Јас ја напишав и ја дадов на издавач. Имам тужба, по која треба да се утврди дали има клевети и навреди. Ќе се расчисти и ова, но вакво нешто не очекував. Доколку имам материјални последици, ќе поднесам жалба. Лошо е да се воспостави ваква пракса“, вели Стојан Андов за „Макфакс“

Oсновниот суд Скопје 2 потврди за „Макфакс“ дека е донесена мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него” оти се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на ексминистерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски поради повреда на личните права на тужителот.

Од судот за „Макфакс“ велат: Во судот е поднесена тужба за утврдување одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета.

Македонија

Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот кај Буковиќ, гори дабова шума

Објавено пред

Ветерот и тешко пристапниот терен го отежнуваат гаснењето на пожарот кој изутринава околу 10 часот избувна на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума.

Гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила. Силниот ветер влијае на неконтролирано ширење на пожаро на сите страни. Засега нема опасност од негово приближување кон селата. Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население. е вклуч

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците тврди дека момчиња превезувале дрога во возило на полициски инспектор

Објавено пред

Алијанса за Албанците реагира поради, како што тврди ,, прикривање, односно обидот за молк од страна на одговорните институции во врска со апсењето на две момчиња од страна на полицијата, кои што вршеле транспорт и продажба на  наркотични средства, користејќи го возилото на полициски инспектор од секторот на внатрешни работи во Тетово“.

,,Според лиферуваните информации, возилото со коешто е извршувана продажбата на наркотични средства, не е задржано за понатамошни егзаминации. Ова е загрижувачки, бидејќи возилото било користено од страна на инспектор кој што е брат на висок функционер на ДУИ. Овој функционер бил шеф на Општинскиот кабинет на Гостивар, додека градоначалник бил Невзат Бејта, бил шеф на изборен штаб на ДУИ за време на последните локални и предстедателски избори, бил член на Општинската изборна комисија во Гостивар“, тврди партијата.

,,Како е можно целиот овој случај да помине само со задржување, како се напиша во медиумите, на двете момчиња продавачи, без притоа да се продолжи со понатамошно истражување? Која била улогата на инспекторот и другите лица околу него? Дали е ова уште еден пример на селективната правда во државата? Дали ова ја потврдува тезата дека правдата во ова држава е селективна и политизирана? Каде е правната држава? Вчера се затворија очите во врска со пукотниците каде што учесник беше Џеват Адеми, денеска се прави обид да се затворат очите за братот на лицето којшто е многу близок со главните луѓе на ДУИ. Кога се во прашање водачите на ДУИ, може да се случи  што било, а правдата да не излезе на мејдан. Се поставува прашањето дали вака функционира правната држава? Дали е ова тенденција на Владата со другите највисоки државни инстанци за да се амнестираат водачите на ДУИ? Кога се работи за ДУИ сѐ е можно, можат да направат лакрдија без никаква грижа, бидејќи се сигурни дека законот и правдата за нив не важи, или пак имаат други механизми, само за нив познати, кои што им овозможуваат да избегнат од одговорност.

Во Гостивар, според статистиките има над 5.000 корисници на наркотични средства. Се поставува прашањето кој ги снабдува нив? Дали сето ова е дел на оваа игра каде што главните луѓе се токму водачите на ДУИ во Гостивар. Затоа ги повикуваме компетентните органи да не молчат. Да постапуваат според законските прописи а не да молчат и да не преземаат никакви мерки како што веќе стана навика во државата кога се работи за лица блиски до ДУИ. Само на таков начин може да се застане пред сомневањата потенцирани погоре и кои се сосема легитимни„, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костадинов: Мицкоски да признае дека во Унгарија се среќавал и со Груевски

Објавено пред

„На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец.Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски?Дали Мицкоски во Унгарија и во Словенија се среќавал со уште некој и нека признае зошто?“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Според него,граѓаните, целокупната јавност, очекуваат одговори на овие прашања.

„Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ?Очигледно на Мицкоски му е мала сопствената земја за да ги сокире шемите негови против напредокот, реформите и правдата.Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува.Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.Со сигурност нема да успее да ја попречи правдата во Република Северна Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Јасно му порачуваме на Христијан Мицкоски дека одговороност ќе има за секој што се огрешил пред законот“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ3 часа

Гори планината над Буковиќ, отежнато гаснењето на огнот

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет4 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет5 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет6 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура6 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија6 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија7 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија21 час

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Досие