Контакт

Македонија

(Видео) Судење „Рекет“: Катица Јанева му кимна со главата на Боки 13 и му се насмевна

Објавено пред

Бојан Јовановски, по половина час доцнење, беше спроведен со судска полиција во судницата, каде што веќе беше донесена Катица Јанева од домашен притвор. Боки 13 влезе со очила за сонце по што првпат Катица Јанева му кимна со главата и му се насмеа, а и возврати и Боки 13.

За разлика од минатите рочишта, Бојан Јовановски не се пожали на болки. Во судницата се присутни двајцата бизнисмени Томе Главчев и Зоранчо Митровски, како и адвокатот Сашко Бошков, кои се сведоци во „Рекет“.

Тројца сведоци предложени од Обвинителството сведочат денеска на судењето за случајот „Рекет“. Судењето за „Рекет“ продолжува по две недели пауза, период што Обвинителството го користеше за распит на осомничените за „Рекет 2“.

Во случајот „Рекет“ обвинети се ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, и Бојан Јовановски.

Македонија

Медицинска помош од Турција пристигна во земјава

Објавено пред

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна помошта од Турција која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.

Донацијата беше предадена на министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик началникот на Генералштаб, Азим Нуредин, од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.

„Во овие тешки времиња кога светот е соочен со исклучително тежок предизвик по јавното здравје и справување со последиците од пандемијата на ковид-19, подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побрзо ќе бидат надминати. Високо ја цениме и сме благодарни за несебичната поддршка со медицинска и заштитна опрема што денес ни пристигна од пријателска Турција“, рече Димитров.

Турскиот амбасадор, Хасан Мехмет Секизќок, кажа дека во овие денови лидерството и меѓународната солидарност имаат особена важност.

„Со ваква перцепција на работите, Република Турција испраќа медицински материјал низ земјите во светот со цел справување со епидемијата. Се разбира, нашите народи со векови живееле заедно на Балканот и во Македонија која е во срцето на Балканот, и секојпат го задржала своето место во срцето на Турција и турскиот народ. Ние ги уважуваме поимите братство и пријателство и се што е во тој дух. Медицинската опрема која стигна денес во Скопје заедно со себе носи љубов, пријателство и поздрави од почитуваниот претседател и турскиот народ,и посакувамда допринесе во заздравувањето на раните на македонскиот народ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Домаќинствата без приходи да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата што останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош. Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.

За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство од 5 возрасни члена.

Домаќинствата што користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање дел од трошоците за потрошувачка на енергенти во домаќинството и за април и мај 2020 година.

Барањето за добивање гарантирана минимална помош се поднесува до надлежниот центар за социјална работа.

Информации за центрите за социјална работа на следниот линк:
http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx

Прикажи повеќе...

Македонија

И полицајците приправници ќе бидат активирани во редовите на МВР

Објавено пред

Владата донесе уредбата со која, поради прогласената вонредна состојба во државата, се наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамките на Министерството за внатрешни работи, вклучително и полицајците приправници.

Со оваа уредба се врши прецизирање на периодот кога полицаецот приправник ќе го полага посебниот, односно приправничкиот испит, и се утврдува дека испитот ќе се спроведе по завршувањето на вонредната состојба, а со цел овозможување редовно функционирање на државата и заштита на јавното здравје, а воедно спречување ширење на  коронавирусот (Ковид-19).

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба во согласност со која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години, и тоа до 1 септември 2020 година, освен за предметите каде што постои опасност за застарување на казната. Исто така, до 1 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. А лицата што се наоѓаат на издржување на мерката притвор, по правосилноста на пресудата, веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор. Предлог-уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста Ковид-19 во казнено-поправните установи.

На оваа седница е донесена и уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба во земјата во делот на обврската за одржување на испитите за нотари, со одредби за продолжување на мандатот на органите на Нотарската комора.

По предлог на Министерството за правда, Владата денеска донесе уредба со законска сила за примена на Законот за судската служба за време на вонредна состојба, со која вработените во судската служба, кои работно се ангажирани за времетраењето на привремените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година во согласност со потребите на работниот процес и врз основа на одобрение од претседателот на судот.

На вработените во судската служба, кои се ослободени од извршување работа и работни задачи, во согласност со мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Истите овие одредби за користење на годишниот одмор Владата ги донесе и во уредбата со законска сила за примена на Законот за јавнообвинителската служба за време на вонредна состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Медицинска помош од Турција пристигна во земјава

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна помошта од Турција која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија2 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Македонија3 часа

Маж кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет3 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија3 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет7 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет7 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија8 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет8 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет8 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет8 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет9 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион9 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија20 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија21 час

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија21 час

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија23 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет23 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија23 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Досие