Контакт

Македонија

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија, а според последниот заеднички извештај до кој агенцијата „Ројтерс“ имала пристап, одлуката за двете земји може да биде одложена до октомври до кога германскиот парламент ќе го разгледува ова прашање.

За време на вчерашниот состанокот, претставниците на Кипар се заканиле дека ќе стават вето на секој договор за проширување доколку ЕУ не го заостри својот став кон Турција во врска со истражувањата за природен гас во источен Медитеран, пишува британската агенција.

Министрите од 28 земји членки ќе се состанат денеска за да разговараат за почетокот на официјалните преговори за членство на двете балкански држави.

„Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите членки и не е сигурно дека сите министри ќе може да се договорат“, изјавиле дипломатски извори од ЕУ.

Кипар се заканил дека ќе го блокира целиот текст кој се однесува на иднината на сите земји што имаат аспирации за влез во Унијата, меѓу кои се и балканските земји Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина доколку не се реши проблемот со Турција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Објавено пред

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано „Прждевски споменик“.

Како што јави МВР, полициските службеници му дале знак на возилото да застане, но тоа продолжило со движење, по што изгубило контрола и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.И.(24) од селото Сопот, велешко и тројца мигранти, додека останатите мигранти се здобиле со телесни повреди.

На сите повредени им била укажана помош во околните болници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Анѓушев во посета на општина Градско: Се решаваат реални проблеми на граѓаните

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, ја посетија општина Градско, каде од градоначалникот Роберт Бешовски беа информирани за тековните проекти со кои се надминуваат реалните проблеми на граѓаните во општината.

Вицепремиерот Анѓушев, потенцираше дека извршната и локалната власт активно работат на надминување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на оваа, но и на сите други општини, во насока на рамномерен регионален развој и подобрување на животот на граѓаните во сите делови на државата.

„Тука сме за да видиме како се решаваат комуналните проблеми на граѓаните и задоволен од ова што го гледам. Општина Градско урбано го уреди со сопствени средства паркот во износ од околу 4,5 милиони денари. Тука е и градинката чиишто капацитети се проширени со средства од Министерството за труд и социјална политика во износ од 2 милиони денари, за зголемување на капацитетот за уште 20 нови дечиња. Градинката веќе може да згрижува 50-ина дечиња, што е реално потребата на Градско. Се надевам во иднина ќе има потреба и за повеќе, а Владата ќе намени средства. Решен е и 30 годишен проблем со водоснабдување на општина Градско. Го посетивме бунарот направен над земја, каде нема што многу да се види, но подземните инсталации се обемни и овој 30 годишен проблем е веќе решен. Обезбедени се 20 милиони денари за реконструкција на патот од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, во рамките на Програмата за рурален развој и подобрување на инфраструктурните услови помеѓу Градско и Чичево, во должина од 1,8 км. Исто така, обезбедени се средства за две улици во село Водоврати во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, како и средства за комунална опрема, канти за отпадоци и поцинкувани контејнери во Градско. Исто така, обезбедени се средства за канализација во населеното место Стопанство, како и уште една дополнителна канализација во уште едно населено место што е дел од општината. Со ова јасно покажуваме дека Владата е определена да направи колку што е можно подобри услови во целата држава, да имаме колку што е можно порамномерен развој во државата и за разлика од тоа што во минатото најголем дел од средствата се трошеа во Скопје, мислам дека е важно сите населени места во државата да ги направиме убави. Мислам дека ќе најдеме начин да ги решиме и проблемите на земјоделците во Градско, односно сточарите, коишто имаат потреба од обработливо земјоделско земјиште за да произведат храна за своите стада. Најавувам дека тоа ќе го решиме до крајот на годината и ќе најдеме начин тие да ги задоволат своите потреби и да ги задржат своите стада“, потенцира вицепремиерот Анѓушев по посетата на Градско.

Градоначалникот Роберт Бешовски дополни дека со општински и средства од буџетот на државата ќе се реализираат дополнителни проекти, со кои ќе се подигне квалитетот на живот на граѓшаните во општината.

„Општина Градско обезбеди средства за изградба на откупен центар на отворен простор преку Центарот за вардарски плански регион преку Бирото за рамномерен регионален развој во износ од 5 мил денари. Веќе е избрана фирмата и ќе се започне со изградба. Исто така, во село Горно Чичево ќе се гради канализација за која средства се обезбедени преку Министерството за животна средина, веќе е завршена постапката за јавна набавка и ќе се започне со изградба. Тие се двата најблиски проекти за кои очекуваме реализација“, нагласи градоначалникот Бешовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Објавено пред

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба.

Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која е по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење.

Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.

Од МВР за случајот информираа дека се работи за школска бомба која немала експлозивно полнење.

„Нема повредени лица ниту материјална штета“, велат од МВР.

Во Прилеп се одржува 17-тото издание на „Пивофест“ кое ќе трае до недела. Главна ѕвезда на настанот вчера беше Светлана Ражњатовиќ-Цеца.

Ова е втор пат во период од 10 дена, бомба да биде поставена во кафуле во центарот на Прилеп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион40 минути

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија1 час

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Регион18 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија19 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија19 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија20 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија20 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија23 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија23 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија24 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија1 ден

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет1 ден

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт1 ден

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија2 дена

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет2 дена

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет2 дена

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ2 дена

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион2 дена

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија2 дена

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Досие