Контакт

Македонија

Судијата Шаини остана без имунитет, ама за него нема притвор

Објавено пред

Судскиот совет на денешната итна седница му го одзеде имунитетот на управниот судија Мустафа Шаини, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувањето. На седницата, сепак, членовите на Советот донеле одлука да не го прифатат предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за определување притвор.

Обвинителството донесе наредба за истрага против судијата Мустафа Шаини од Управниот суд во Скопје за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското Езеро во Струга, со што државата ја оштетил над 200 илјади евра.

Осомниченото лице претходно бил адвокат и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, осомничениот Шаини бил избран за судија на Управниот суд.

Македонија

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето датум за почеток на преговори за Северна Македонија, но и за Албанија. Тие се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.

„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор, како и Договорот за добрoсоседски односи со Бугарија, и се осврна на препораките на Комисијата за отворање на пристапни преговори со Република Северна Македонија врз основа на нејзината позитивна оценка за постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. Поради ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно поскоро и не подоцна од октомври 2019 година“, се наведува во заклучокот на Советот.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес-конференција соопшти дека мнозинството членки на Советот не ја поддржале чистата препорака на Европската комисија за доделување на датум за преговори на денешниот состанок.

„За жал мнозинството членови не ја поддржа чистата препорака на Комисијата за отворање преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија“, рече Хан.

Додаде дека е уверен дека во октомври ќе има одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот кај Желино

Објавено пред

Сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово е нормализиран, информира АМСМ.

Сообраќајот кај клучката Желино беше во прекин поради превртено возило на патот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

Објавено пред

Просторот околу јамата во дворот на училиштето „Вера Јоциќ“ во скопската населба Хиподром е обезбеден со заштитна ограда, соопшти Општина Гази Баба.

„Дезинформација и невистина е веста дека просторот каде што се вршат градежни дејства во училишниот двор на ООУ ‘Вера Јоциќ’ во Хиподром не е заштитен со ограда. Во интерес на подобро информирање на јавноста сакаме да ве известиме дека просторот каде што се извршуваат градежни зафати за изведба на толовод кон зградата на училиштето ‘Вера Јоциќ’ е целосно затворен со заштитна ограда. За жал, во повеќе наврати од страна на училиштето е пријавено дека од страна на непознати сторители е оштетувана, при што веднаш се врши нејзина санација“, се вели во реакцијата на Општината во врска со текстот „Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија41 минута

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа2 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија4 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија5 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет5 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион6 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија7 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт8 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет9 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија9 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија9 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech11 час

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток23 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија1 ден

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 ден

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија1 ден

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Досие