Македонија
Судовите одредуваат минимална отштета за неоснован притвор
Судовите се штедливи кон граѓаните кои ги тужат затоа што биле неосновано притворени и добиваат минимална отштета која во просек изнесува од 40 до 50 евра за ден, а дури и кога ќе добијат компензација, отштетата ја бараат по присилен пат, преку извршители, покажува најновото истражување на Невладината организација „Сведок“.
„Се работи за средства кои се одлеваат од државниот буџет. Граѓаните имаат право да знаат за што се одлеваат парите од буџетот, а државата има обврска да го обезбеди тоа како податок. Очигледно дека тие податоци не се јавно достапни, па од тука придонесот е да откриеме кои се придонесите кои бесправно се притворени ги добиваат. Официјалната статистика има сериозен недостаток во она што значи притвор. Се води од 90 дена, тие се над 150 граѓани, а има и притвор близу 600 дена по што бил ослободен“, вели Гордана Бужаровска која е дел од истражувачкиот тим.
Постапките понекогаш траат повеќе години, па не можеме да бидеме сигурни колку граѓани биле неосновано во притвор.
„Во изминатите пет години околку 10 милиони денари се одлеани од буџетот, а кога станува збор за надоместок на штета, бројката е околу 21 милион за надомест, но во неа не се влезени трошоците за извршители бидејќи државата не е спремна да ги извршува доброволно туку граѓаните надоместокот го наплаќаат преку извршители“, вели Неда Здравева, дел од истражувачкиот тим.
За начинот на кои се даваат парие за лицата кои биле неосновано во притвор се пожалија и судиите. Тие велат, првостепениот суд е виновен за таа „тарифа“ која не ја менуваат во зависност од секој случај.
„Овие предмети спаѓаат во едни од најтешките предмети за еден граѓански судија и од емотивен карактер. Имам судено неколку предмети каде што многу долго траел притворот. Се согласувам дека во образложението на пресудата треба да стои секој поединечен критериум, особено согласно најновите измени на законот за облигационите односи која е направена за личните права. Од аспект на судија ќе ви кажам, став на повисоките судови е дека правно-релевантен страв има ако бидеш физички повреден“, рече судијката Антоанета Димовска.
Порнашената судијка Виолета Дума кажа дека нејзиното разрешување било неосновано, а за тоа потврдил и судот во Стразбур.
„Имам право да поднесам тужба за надомест на штета, но знаејќи ги пресудите кои ги носат нашите судови во делот на граѓанскиот суд, се сомневам дали да поднесам такво барање затоа што или тоа уште еднаш ќе ме повреди, па подобро би било да не барам отштета“, рече Дума./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

