Контакт

Македонија

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Објавено пред

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Од извори во истрагата „Макфакс“ дознава дека станува збор за фирмите „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

„Судија на претходна постапка, постапувајќи по барања на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за привремено одземање имот заради обезбедување, а поврзан со конкретниот предмет, судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката“, велат од кривичниот суд.

Исто така, на предлог на СЈО, судот ги прифати предлозите и со решенија им наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица.

Од судот информираат и дека одбраната на притворените, меѓу кои и Камчев, доставиле жалби, кои се испратени на одговор кај надлежното обвинителство, а по добиениот одговор, кривичниот совет дополнително ќе одлучува по нив.

Македонија

Денеска сончево време со умерена облачност

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, информира УХМР.

Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, а попладне претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер.
Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од коронавирус.

Како што јави претходно Министерството за здравство, матичниот лекар за пациентката препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но пациентката и покрај упатувањето, не била хоспитализирана.

Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на вирусот во текот на вчерашниот ден.

Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​

Во текот на денешниот ден од Министерството за здравство најавија целосна ревизија на случајот за да се утврди дали имало лекарски пропуст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Објавено пред

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот.

Улиците се празни, а согласно одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, се прилагодуваат на новите ограничувања за движење и со работа завршуваат најдоцна до 15 часот.

Производствените погони и фабрики во согласност со заклучокот од Владата, во време на забраната за движење може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа. Тоа се истите дозволи што се издаваат на образецот усвоен од страна на кризниот штаб, а ги издаваат самите одговорни лица на компанијата.

За време на полицискиот час, исклучоци има за земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во оранжерии и пластеници.

Автобусите на ЈСП го променија возниот ред и сообраќаат за време на викендите до 16 часот, а промени од викендов има и кај возниот ред на железницата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија12 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа13 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија16 часа

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија20 часа

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија20 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет21 час

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа21 час

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија22 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија23 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија23 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија24 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија24 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија24 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија2 дена

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија2 дена

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија2 дена

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија2 дена

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет2 дена

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија2 дена

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Досие