Контакт

Македонија

Судот му ја одби жалбата на Мијалков – ексшефот на тајната полиција останува во притвор

Објавено пред

Тројцата судии на кривичниот совет, Иван Џолев, Огнен Ставрев и Васка Николовска-Масевска, не му ја прифатија жалбата на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, да се брани од слобода за притворот во случајот „Империја“. Мијалков останува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а на судење ќе го носи затворската полиција.

„Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена против решението на судија на претходна постапка со кое се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои  произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во предметот од Обвинителството означен како „Империја“, кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на  вчерашниот ден одржа јавна седница во присуство на странките. По произнезување на странките, како и ценење на фактите и доказите во жалбата, советот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди  решението на судијата на претходна постапка на начин што определи мерката притвор да продолжи да опстојува поради постоење на причините предвидени во член 165, ст. 1, т. 1 од ЗКП“, соопштија од судот.

Во еден од аргументите поради кои Мијалков доби притвор се наведени телефонски повици кон црногорската амбасада во земјата, а се потенцира и дека бил во контакт со српски и други странски телефонски броеви. Во делот на опасност од влијанието врз сведоци, во решението за притвор на судијката Весна Димишкова пишува и дека Мијалков ги дознал некои од сведоците на СЈО за „Имеприја“, им се јавил и им посочувал да не откриваат ништо пред обвинителите.

За Мијалков во моментот има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“. Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.

Во овој случај СЈО, поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а најавија дека истрагата ќе се проширува.

Македонија

Куче тепано со вила, па запалено со бензин во гевгелиско Стојаково

Објавено пред

Маалско куче попладнево било запалено со бензин во гевгелиското село Стојаково, а поради тешките изгореници по телото, за кратко време починало.

Според информациите објавени на социјалните мрежи, кучето пред да биде запалено, било измачувано и тепано со вила.

Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи и со тоа да се одобруваат вакви свирепи убиства. Тие бараат санкции за сторителот кој го извршил убиството на монструозен начин.

Случајот ќе биде пријавен и во полиција.

Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Објавено пред

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во своето попладневно соопштение.

Од таму додаваат дека на граничниот премин „Богородица“ чекањето за излез од државата е од 30 до 60 минути.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пуштен во функција привремениот граничен премин со Косово

Објавено пред

Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско-косовската граница на планината Кораб од денеска до 20 август ќе биде отворен за туристички цели.

На настанот денеска присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот министер Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа, заменик директорот на косовската полиција Самедин Мехмети и министерот за инфраструктура и транспорт Паљ Лекај.

Министрите остварија средба и со жителите на општината Брод во Косово и ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји, како и решеноста да се подoбрат условите за живот за жителите од овие места.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет10 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија12 часа

На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во...

Свет13 часа

Расте напнатоста поради запленетиот танкер, британски министер го предупреди Иран

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, денеска изјави дека инцидентот со нафтениот танкер во Ормускиот проток може да биде...

Македонија16 часа

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија17 часа

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија19 часа

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија20 часа

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија21 час

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион21 час

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија21 час

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија2 дена

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија2 дена

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија2 дена

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија2 дена

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија2 дена

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија2 дена

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија2 дена

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет2 дена

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Досие