Контакт

Македонија

(Видео) Судот одлучува дали повторно да ја одложи седницата за затворската казна на Груевски

Објавено пред

Судечкиот совет по барање на одбраната одлучува дали повторно да ја одложи седницата на Апелациониот суд на која се одлучува по жалбите на обвинетите за случајот „Тенк“. Првообвинетиот во овој предмет, Ѓоко Поповски, беше осуден на 6 и пол години затвор, а експремиерот Никола Груевски доби 2 години затворска казна.

Како причина за одложувањето се наведени семејните обврски на бранителот на Груевски, Боро Тасевски, кој е отсутен.

Судечкиот совет ги отстрани јавноста и двете страни од судницата поради консултација.

Вчера, судечкиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет, Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе присуствуваат на рочиштето во кривичниот суд во Скопје за предметот на СЈО – „Насилство во центар“, во кое Груевски исто така е обвинет.

Експремиерот Никола Греувски, денеска, на својот 48. роденден, во Апелациониот суд во Скопје треба да му објасни на петочлениот судечки совет кои се неговите жалбени основи за пресудата за набавката на есктралуксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

Виктор Јованов

Македонија

Сиљановска: Сите носиме тежок крст на плеќите, се чувствувам како да го носам најтешкиот

Објавено пред

По повод христијанскиот празник Велики Петок, кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот „Фејсбук“ профил напиша дека секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите, но таа во моментов се чувствува како да го носи најтешкиот.

„Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род. Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота. Јас во моментов се чуствувам како да го носам најтешкиот крст. По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото.

Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото“, пишува на својот Фејсбук профил, Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

(Видео) Сиљановска до оние кои бојкотираат: Ќе делувам по свое, неизлегувањето не е решение

Објавено пред

„По свое ќе делувам, нема да бидам ни 101 ни 102 проценти на тој што ме поддржал, туку ќе бидам 100 проценти своја“, напиша кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова, споделувајќи на нејзиниот профил на „Фејсбук“ две видео обраќања кон оние кои ги бојкотираат изборите.

„Свесна сум дека сама колку и да сте умешни не можете да направите ништо на избори. Би прошетала како политичка манекенка, но не ми е целта да бидам изборен егзибиционист туку сакам нешто да сменам. Затоа сум подготвена на улица, плоштад во парк со сите кои бојкотираа или имаат дилеми, да разговарам за овие прашања“, рече Сиљановска.

Таа изјави дека ја разбира разочараноста, меѓутоа смета дека таа не води кон решение.

„Ќе бојкотирате еднаш, два пати, три пати, ќе стане претседателот на Собранието претседател на државата, ама без изборен легитимитет и што потоа?“, рече Сиљновска и додаде дека и неа ја боли промената на името, меѓутоа Уставот е сменет, па затоа ќе се обиде да делува одвнатре и во соласност со меѓународното право.

Со неизлегувањето на изборите, рече Сиљановска, дилемите ќе се продлабочат.

„Ќе се заблагодарам на сите кои ме поддржале, но потоа ќе речам јас имам пет години пред мене. Тоа што сум го критикувала и го знам да го спроведам“, додаде Сиљановска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски во посета на Марков Манастир: Преку меѓусебно почитување до мир и благосостојба

Објавено пред

По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица.

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.

„Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации“, порача Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201915 минути

(Видео) Сиљановска до оние кои бојкотираат: Ќе делувам по свое, неизлегувањето не е решение

„По свое ќе делувам, нема да бидам ни 101 ни 102 проценти на тој што ме поддржал, туку ќе бидам...

Топ57 минути

Кон убиениот во Рашче било пукано од возило – МВР со детали за убиството

Кон шеесет и деветгодишниот Ш.Џ кој беше убиен вчера во селото Рашче, било пукано од возило, соопшти МВР. Кога Ш.Џ...

Топ1 час

Мотоциклист од Холандија почина по судар со возило кај Битола

Холандски мотоциклист на возраст од 58-години почина вчера во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ниже поле. Мотоциклистот се судрил со автомобил, со...

Македонија2 часа

Утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за...

Свет3 часа

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“. Ким ја...

Македонија4 часа

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Избори 20194 часа

Заев и Пендаровски: Доаѓа блескаво време, Сиљановска само бара амнестија за Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски повикаа граѓаните на масовна излезност и поддршка на опцијата Заедно...

Избори 201916 часа

(Видео) Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци...

Топ16 часа

Извршен увид во скопско Рашче, каде што беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко...

Избори 201916 часа

Сиљановска во Карпош: Силата на аргументите мора да победи, вистината е на наша страна

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска на трибина во Општина Карпош им се заблагодари на граѓаните што ја подржаа во...

Македонија22 часа

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба...

Избори 201923 часа

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

Од 14 приговори, Државната изборна комисија (ДИК) прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваа на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара...

Македонија1 ден

Кирацовски најави повлекување на роднините од државните институции

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова...

Избори 20191 ден

(Видео) 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Прекршочните пријави на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против претседателот Ѓорге Иванов се политичка одлука, реагира Кабинетот на претседателот....

Избори 20191 ден

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од...

Македонија1 ден

Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија Киро Здравев за нов претседател на телото...

Избори 20191 ден

Кекеновски: Мицкоски повикува на одѕив како Груевски во 2004 година кога одработи за Црвенковски

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер...

Македонија1 ден

Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава...

Досие