Бегството на Груевски
Судот повторно ќе се обиде на Груевски да му го достави решението за затворската казна

Денеска, судот повторно ќе се обиде да му го достави на експремиерот, Никола Груевски, решението за издржување на затворската казна.
По врачувањето на решението, тој би требало веднаш да се јави во затворот во Шуто Оризари.
Доколку судските курири повторно не го пронајдат дома, односно доколку судот оцени дека тој намерно ги избегнува доставувачите, веќе утре може да биде наложено Груевски присилно да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари или по него ќе биде распишана потерница.
Во петокот судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, кој се однесува на набавката на „мерцедесот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бегството на Груевски
Обвинителството анализира 60 телефонски броеви на лица кои комуницирале со Груевски пред да избега

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја извести јавноста за досегашните преземени дејствија за бегството на осуденикот Никола Груевски.
Во соопштението пишува дека обвинителството издало наредби за одземање на снимките од видеонадзорот од камерите на сејф сити-системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Од три хотели во Скопје обвинителството добило одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видеоматеријал, по што надлежниот јавен обвинител издал наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.
Целокупниот прибран видеоматеријал со големина од околу 10 терабајти бил доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба сè уште се постапува.
Од Интерпол, преку Министерството за внатрешни работи, доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на Груевски на ниту еден граничен премин од Македонија во критичниот период.
„Преку меѓународна правна помош, обвинителството на 19.11.2018 година достави барање до надлежните институции во Република Албанија и Република Црна Гора за обезбедување на снимките од видеонадзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на Амбасадата на Република Унгарија во Тирана. По барањето, црногорските власти постапија веднаш и на 21.12.2018 година екипи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лично го презедоа снимениот видеоматеријал во Подгорица“, соопштија од обвинителсството и додаваат дека надлежните органи од Албанија, по две ургенции, ги известиле дека побараниот видеоматеријал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов пренос.
Во предметот, како што соопшти обвинителството, издадени се 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица кои биле поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со осудениот во критичниот период. Листинзите се обезбедени и од нив првично се утврдени некои факти кои се предмет на натамошно постапување и анализа.
Надлежниот обвинител, преземајќи дејствија во предметот, сослуша вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на осуденото лице Никола Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.
Обвинителството во неколку наврати побарало од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.
Основното јавно обвинителство утврдило дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до СЈО.
„До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство“, пишува во соопштението.
Бегството на Груевски
(Видео) Груевски виден на снимка во возило со двајца унгарски дипломати

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека не ѝ е јасно зошто Албанија не ги доставила снимките од безбедносните камери за бегството на Груевски.
„Сакам на јавноста да ѝ потенцирам дека меѓународна правна помош од Република Албанија е побарана во исто време кога е побарана и меѓународната правна помош од Република Црна Гора. Колегите од Црна Гора постапија и вие знаете дека ни ги доставија сите барани докази, а од кои причини не е постапено од страна на одговорните лица во Република Албанија не ми е познато“, изјави Русковска.
Обвинителката, на прашање од новинарите, потврди дека го има Груевски на снимките во Црна Гора, како што е беше соопштено во возило со двајца унгарски дипломати.
Бегството на Груевски
(Видео) Македонија може да извиси за снимките од безбедносните камери од Албанија за бегството на Груевски

Дали го има Груевски на безбедносните камери од премините во Албанија сè уште ќе остане енигма. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, рече дека не било постапено по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби на Албанија и дека до овој момент снимките од безбедносните камери со кои треба да се утврдат рутата и деталите за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија не се обезбедени.
„Во врска со снимките, две службени лица беа во Албанија, но на барањето не е одговорено целосно. Снимките досега не се обезбедени“, рече Јовески. Објаснувањето било дека станува збор за опсежни податоци и дека системот автоматски ги биршел снимките по извесно време.
Груевски избега на 9 ноември лани, а македонската јавност 2,5 месеца по бегството не знае дали некој му помогнал и дали ќе има кривична или дисциплинска одговорност. Предистражната постапка ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа