Македонија
Судска медицина: Саздовски починал од ударите во глава, а не од падот
Извештајот на Институтот на судската медицина кој денеска беше презентиран на рочиштето за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски, како што образложи вештото лице од Институтот, директно укажува дека смртта на Саздовски настанала од трите удари кои ги примил во главата, а не од падот врз електронската кутија, како што тврдат адвокатите на обвинетите.
„Врз основа на извршената судско-медицинска обдукција остануваме во целост со претходно дадените мислења по однос на причината за смртта, начинот на добивање на повредите и страдањата кај покојниот. Како дополнение се анализирани и изјавите на учесниците и сведоците во текот на реконструкцијата и самата местоположба на настанот каде бил овој чин. Утврдивме дека сега покојниот повредите кои ги здобил се нанесени со директен удар, сила во пределот на главата, слабината, а не се настанатите со пад на асфалт или електронска кутија која беше посочена при самата реконструкција. Повредите во пределот на главата претставуваат причина за настапување на смртта“, рече вештото лице од Институтот за судска медицина.
Според извештајот, Саздовски при физичкиот напад се здобил со повредите, истегнување на зглобот кај првиот вратен прешлен, со што дошло до оштетување и на нервните васкуларни структури, ударите во пределот на главата довеле до оштетување на крвните садови кај мозочните обвивки. Од овие повреди, сега покојниот Саздовски почувствувал болка од силен интензитет која траела не поовеќе од 2 минути со оглед на тоа што од задобиените повреди тој изгубил свест.
„Освен на главата повреди се нанесени и на масната капсула околу левиот бубрег, што укажува на делување на тапо тврда сила во делот на слабинската регија. Оваа повреда довела до крварење. Повредите во главата, конкретно околу окото, се настанати со тапо-тврда сила со голем интензитет. Со оглед дека нема други оштетувања околу окото констатираме дека таа може да настане од удар со тупаницал. На десната јаболчна регија има јасно отсликана шара која укажува дека еден од обвинетите со ѓон го има удрено починатиот Саздовски, односно констатираме дека таа повреда е нанесена со дел од обувка. Крвната покриеност од десниот дел на главата, заклучуваме дека е нанесена со тапо-тврда сила од удар, а со оглед на тоа дека нема оштетување на кожата во вид на нагмечување, констатиравме дека не е стекната од пад туку од директен удар. Трите удари во главата делуваат кумултивно и не може конкретно да се заклучи од кој точно удар Саздовски изгубил свест“, образложи вештото лице од Институтот за судска медицина.
Според обвинителниот акт, обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот Александар Македонски во Автокоманда. Од добиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот Скопје“ во Шуто Оризари, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Николоски: Како носител на ИЕ 4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно
Денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава, понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
„За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката. Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ“, кажа тој.
Додаде дека е среќен како носител во ИЕ 4 што имаат победа во Струмица.
„Тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад“, рече Николоски.
Македонија
Стојчевски: Родена е третата политичка сила во македонскиот политички блок
Даниел Стојчевски, носителот на листата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во ИЕ 2 истакна дека е родена третата политичка сила во македонскиот политички блок.
„Граѓаните испратија јасна порака. Изборното востание со својата незапирлива позитивна енергија се шири низ цела Македонија. На граѓаните им е доста од неказнета корупција,неправда,сиромаштија,лажни ветувања и криминална власт. Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,искрено и чесно сме посветени на идејата нашата татковина да ја иградиме како просперитена држава во која обединето живеат среќни граѓани ,и никогаш нема да дозволиме граѓаните да бидат поделени по политичка, етничка или верска припадност“, истакна Стојчевски.
Се заблагодари на подршката на граѓаните и гласот кој го дале за како што рече, просперитетна Македонија.
„Ви благодариме за довербата која ни ја давате, да стигнеме до нашата заедничка цел, да ја видиме Македонија таму каде што заслужува да биде“, посочи тој.
Македонија
Таравари по веста дека имал тајна средба со Ахмети: Тоа е лага, но навикнат сум на понудите на Ахмети и не би било изненадување доколку дојде до мене
Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари ја демантира веста дека вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по резултатите од претседателските избори.
„Со жалење денеска од еден многу сериозен албански медиум дознав дека синоќа се сретнав со господинот Ахмети и други функционери на ДУИ, за да слушнам понуда од господинот Ахмети. Не, не е вистина“, пишува Таравари ан социјалните мрежи.
„Кој ја кажал оваа вест лаже“, додава тој во напишаното.
„Синоќа му честитав на мојот тим и мирно денес продолжуваме со нашата работа кон промена! Навикнат сум на понудите на Ахмети и мислам дека не би било изненадување доколку дојде до мене, но оваа вест е лажна“, потенцира Таравари.