Контакт

Македонија

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Објавено пред

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен за 6.2 милиони евра, информираше СЈО.

Во рамките на истрагата, судот донел решенија за определување привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица „Орка холдинг“ АД и „Ексико“ ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на „Ексико“ и „Тимох увоз-извоз“ ДОО Скопје.

„Информираме дека петте осомничени лица, за кои беше поднесен предлог за определување мерка притвор се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес. Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот ‘Империја’ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела“, стои во соопштението на СЈО.

За случајот „Империја“ триесетдневен притвор беше определен за бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ – Тодор Мирчевски, Цветан Панделески – директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев.

Под истрага е и Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Ратка Куноска Камчева – мајка на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева Стојческа – сестра на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на „Жито Полог Тетово“, Лилјана Гајдоска – правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК „Пелагонија“, Владислав Стајковиќ – сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев – извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски – брокер и овластено лице во ДИС- Архивирај ДОО Скопје и Дејан Јанев од О.Т.Е „Инвест“. 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Со вонредни летови од Берлин и Келн вратени 90 македонски државјани

Објавено пред

Авиокомпанијата „Визер“ вчера спровела нови вонредни летови со кои превезени се повеќе од 90 македонски државјани од Германија (Берлин и Келн) кои биле заглавени поради пандемијата со Ковид-19.

Како што информираат од компанијата, овие летови се резултат на соработката помеѓу „Визер“ и Владата, со цел навремена и брза помош на патниците кои имаат потреба.

„Првиот лет беше од Скопје до Берлин, слетувајќи на дестинацијата во 13:30 часот по локално време. Оттаму се упати до Келн и потоа се врати во Скопје, каде слета во 18 часот по локално време.Повеќе од 90 македонски патници беа на летот за Скопје, со што вкупниот број македонски државјани на кои „Визер“ им помогнаво изминатава недела е над 460, откако беа превезени македонски патници уште на два вонредни лета, кои се реализираа на 27 март“, информираат од компанијата.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Објавено пред

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што рече тој, заболувањето на 11 доктори од Инфективното одделение Куманово ја компромитира работата на тамошната болница.

Филипче кажа дека се прават епидемиолошки анкети, за да се утврдат контактите со други лица и да се спречи локалната трансмисија на вирусот.

„Во кумановската болница имаме 11 позитивни случаи со коронавирус. Оваа бројка ја компромитира работата на Инфективното одделение бидејќи и претходно имаше еден од останатите здравствени работници. Двајца доктори се упатени таму. Тие се од болниците од Скопје и Штип кои ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово. Сè уште траат епидемиолошките анкети бидејќи има повеќе позитивни здравствени работници од рендген-дијагностика и во делот на општите лекари од дежурната служба. Врз основа на тие анкети, а и тоа колку лица ќе бидат во изолација, ќе се организира и останатиот дел од болницата“, рече Филипче.

Според него, мерката за продолжување на полицискиот час во Куманово ќе даде резултати за вирусот да не се шири.

„Тој ќе трае од денеска во 21 часот до понеделник во 5 часот. Од понеделник ќе трае од 16 часот до 5 часот следниот час. Ова е дискутирано на вториот состанок, а треба да оневозможи ширење на вирусот. Можам да кажам дека иницијалниот откриен прв случај на здравствен работник беше за нецели 48 часа по контактот со починатата пациентка. Тоа носи заклучок дека вирусот циркулирал претходно. Уште тогаш, дополнително на тие мерки кои важеа во државата, се сопре градскиот и меѓуградскиот сообраќај во Куамново. Голем е ризикот за внатрешен пренос помеѓу луѓето кои живеат во самата општина. Тоа доведе до оваа мерка, за целосна рестрикција за да се прекине локалната трансмисија“, посочи Филипче.

Тој тврди дека е многу тешко да се каже дали сите инфицирани здравствени работници се разболеле од првата пациентка.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Објавено пред

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во вечерва (петок) до 5 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на атарот на кумановските села, исклучиво за работни потреби.

Оваа одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, а исто така од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија1 час

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ3 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија4 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија4 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија5 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија5 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија5 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија7 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија8 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион8 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион9 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет9 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет9 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион10 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет21 час

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет22 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија1 ден

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет1 ден

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија1 ден

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Досие