Контакт

Македонија

Талат Џафери се сретна со новата амбасадорка на САД

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со Ангела П. Агелер, новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата, која е прва заемна по стапувањето на функцијата амбасадорка на САД, претседателот Џафери изрази убедување дека Агелер во текот на мандатот ќе даде значаен придонес во понатамошното унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД како стратешки партнери. Џафери, поздравувајќи ја одлуката на САД за зголемување на вниманието врз регионот, се заблагодари и на поддршката што Соединетите Американски Држави, како наш значаен партнер, ја даваат во континуитет во разни области. Тој се заложи и за динамизирање на средбите и размена на меѓусебните искуства на парламентарно ниво.

Амбасадорката Агелер, од своја страна, истакна дека Соединетите Американски Држави се свесни за досегашните тешки одлуки донесени од земјава и се запознаени со идните предизвици што треба да се надминат за реализирање на интеграцискиот процес во Европската Унија. Во таа насока таа изрази уверување дека САД ќе продолжат со поддршка и активно давање на својот придонес. Таа го поздрави ангажманот на Северна Македонија како членка во НАТО во однос на постојната ситуација со Украина, каде што нашата земја дава свој придонес во безбедносен и хуманитарен аспект.

Македонија

Шутаров: Блокадата во Скопје е на Христијан Мицкоски и неговата совест

Објавено пред

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска создадоа хаос во главниот град, смета советникот во Советот на Град Скопје од СДСМ, Горан Шутаров.

dobivaj vesti na viber

„Утрово стотици илјадници граѓани не можеа навреме да стигнат на своите работни места, до здравствените установи, до државните институции, учениците и студентите не може на време да стигнат до училиштата и факултетите. Доцнат и возилата на итната медицинска помош од што зависат здравјето и животите на итните случаи. Мицкоски стои зад овие блокади само заради кавгата со неговата Арсовска. Блокада денеска е блокада на Христијан Мицкоски и неговата совест“, рече Шутаров.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја промовираа Арсовска како идна мајка на градот, за „Модерно Скопје“, а Мицкоски со трубачи ја чекаше Аросовска еуфорично пред белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски од партиска говорница, најавуваше дека за Скопје ќе набавел 100 нови автобуси, па дури ветуваше отворање фабрика за електрични автобуси, рече Шутаров.

„Денес, од тоа нема ништо, а не функционира ниту постоечкиот јавен превоз. По денешниот колапс на сообраќајот, прво што Мицкоски треба да направи е да им се извини на граѓаните. Потоа да ги повика неговите советници од мнозинството и членови на Управниот одбор на ЈСП да преземат мерки за надминување на блокадите. Денеска Скопје е заглавен град, како што Македонија беше заглавена 11 години под ВМРО-ДПМНЕ“, додаде советникот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тренчевска: Вложувањето во младите останува во нашиот фокус

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на настан во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека Владата, преку Министерството за труд и социјална политика има системски пристап во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат младите, преку имплементација на политики за вработување и носење на посебни закони, земајќи ги предвид промените на пазарот на трудот и иновациите во бизнис секторот и работните места.

„Националната стратегија за вработување 2021 година, Имплементација на активни програми за вработување, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, Гаранција за млади, Законот за практиканство, Закон за младински додаток и Закон за младинско учество и младински политики, се дел од политиките кои се наменети за поддршка на вработување на младите“ истакна Тренчевска.

Посочи дека, Националната стратегија за вработување 2021-2027 година ги зема предвид случувањата во економијата и на пазарот на трудот со кои Северна Македонија се соочуваше во последните две децении за да се идентификуваат структурните предизвици што треба да се решат.

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување се изготвува на годишно ниво. Во 2021 година, вкупниот опфат на лица со програмите/мерките за вработување од Оперативниот план за вработување изнесуваше 11.933 невработени лица. Согласно планот за 2022 година планиран е опфат на вкупно 14.685 невработени лица од кои предвидено е минимум 30% да бидат млади лица до 29 години“ истакна министерката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Објавено пред

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.

Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина.

Од страна МВР-ОСОСК-СБПТНЕР-Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи.

Со цел обезбедување на докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка преземени се мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч.(43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице.

Врз основа на издадени наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот., а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот, при што е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење на безбедна електронска пошта.

На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Економија1 час

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија2 часа

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија2 часа

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија2 часа

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет3 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија3 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија4 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа4 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија5 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет5 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет5 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија5 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија24 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион1 ден

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...