Македонија
Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг.
Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.
Со предавањето на акредитивните писма и официјално почнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 681 оздравени пациенти од: Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп – 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по четворица пациенти од Скопје (76,81г,79г,62г), по двајца пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по еден пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.
Македонија
Царовска: Храброста на жртвите на „Јавна соба“ јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот

Денес го одбележуваме феминизмот кој се бори за сите оние кои не можат се уште да се изборат за самите себе, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во видео-обраќањето по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.
Министерката Царовска им оддаде почит на сите девојки и жени кои беа изложени на насилство во случајот „Јавна соба“.
„Нивната храброст јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот. А наша обврска како Влада и институции е да обезбедиме заштита од злоупотреба на женските права сега и во иднина и оние кои тоа го прават да бидат изведени пред законот. Наша реалност мора да биде општество каде еднаквоста и недискриминацијата ќе бидат основни човекови вредности. Од ова не смееме никогаш да се откажеме“, посочи Царовска.
Потсетувајќи дека денешниот празник е во слава на непоколебливиот феминизам кој се бори за политичко организирање на жените, кој се бори за сите девојки и жени, за младите, за пензионерките, за работничките, за трансродовите лица, министерката Царовска рече дека најдобар начин да ги славиме генерациите феминистки пред нас е да ја продолжиме нивната борба во семејството, на улица, во институциите, во училиштата, укажа министерката.
„Затоа, клучен предизвик пред нас се реформите во образованието кои значат вложување во идни генерации кои растат со вредностите на родова еднаквост, солидарност и ненасилство. За еднакви можности, за силни и солидарни девојки и жени“, рече министерката Царовска во видео – обраќањето
Македонија
Утре облачно време со дожд и температура до 11 степени

Времето утре ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.
Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта кон среда и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.
Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и во среда претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и сѐ потопло време.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“