Македонија
Таравари за Онкологија: Се срамам и ми се гади, законот мора да биде безмилосен
Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар на социјалните мрежи напиша дека Алијансата за Албанците за скандалот во Клиниката за онкологија алармирала уште во декември 2022 година. Но, никој не реагира и тоа се сметаше за бескорисна реакција.
„Не сакам да верувам дека е вистина, инаку белиот мантил станува црн, Хипократовата заклетва се претвора во активност на Менгеле, а веќе нема ни М од медицината.
Како доктор со дведецениско искуство, чувствувам срам, срам и гадење поради овие постапки, кои изгледаат како настани од минатото и ги претворија зградите на надежта во логори на смртта“, додава Таравари.
Според него, најкомплицирана е штетната порака што се испраќа до новите генерации.
„Законот мора да биде безмилосен“, порачува лидерот на Алијансата за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул.
„Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата засега е целосно затворен.
Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот.
Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13,00 до 15,00 часот и во период од 01,00 до 04,00 часот.
Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат пониски на почетокот на неделата, а потоа и тие постепено ќе се покачуваат.
Скопје
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.