Контакт

Македонија

Таравари на средба со Бејли, градоначалникот ги презентирал проблемите во образованието

Објавено пред

Арбен Таравари, Џес Бејли

 

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, се сретна со американскиот амбасадор, Џес Бејли. Како што соопштија од Општината, Таравари му ги презентирал проблемите со кои се соочува во неговиот мандат, а особено во секторот образование.

„Како главно вознемирување, градоначалникот Таравари ја посочи горчливата вистина – постојаниот пад на квалитетот на живеење во земјата, каде што не се исклучок ни жителите на општина Гостивар. Како најпогодени области, Таравари ги посочи образованието, здравството и социјалната заштита, каде што погрешните политики во повеќегодишното лошо владеење, сé повеќе ги вади на површина последиците“, се вели во соопштението.

Меѓу главните проблеми, се додава во соопштението, Таравари ги спомна и скратениот буџет на општината, блокадите од страна на советниците кои доаѓаат од редовите на партиите што ја контролираат централната власт, одземањето на надлежностите во образованието како последица на несуштинската децентрализација. Конкретно, Таравари го запознал амбасадорот Бејли и за длабоката, како што се вели во соопштението, ДУИ-зација на образованието во општина Гостивар.

„Таравари изрази подготвеност да седне со сите релевантни фактори за да се подготви соодветна стратегија за деполитизирање на училиштата и образованието“, велат од Општината.

На средбата, Таравари и Бејли, разговарале и за референдумот на 30 септември. Во тој правец, градоначалникот Таравари го изразил неговото стравување за мал одзив на референдумот поради, како што се вели во соопштението, масовното заминување на населението, особено на младите од Гостивар и околината, појава мошне присутна и на ниво на земјата, особено кај албанската популација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Посебен сообраќаен режим поради автомобилски трки во Скопје

Објавено пред

Денеска и утре, од 7 до 17:30 часот, одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје, поради одржување на кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“.

Натпреварот, кој е во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе биде на потегот од крстосница на булевар Крсте Петков Мисирков и булевар Гоце Делчев, право до крстосница на булевар Гоце Делче“ и улица Беласица до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица Владимир Комаров и улица Беласица во Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Кисела Вода

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД e добиено известување дека денеска во периодот од 8:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат  корисниците од улицата Марко Цепенков (општина Кисела Вода).

В понеделник (19.11.2018 година) без електрична енергија ќе останат од 9 до 11 часот дел од корисниците од улицата Козара (општина Центар), од 9 до 15 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци (општина Студеничани ), додека од 9 до 16 часот струја ќе немаат дел од корисниците од улицата Христо Татарчев – подулица 14 (општина Кисела Вода).

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

Објавено пред

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“)

Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, откако неколку недели бил приземјен во Виена, рано утрото во средата, 14 ноември, полетал за Белград, а потоа се вратил во Будимпешта. Летот за Белград се случил еден ден откако македонскиот поранешен премиер објави на „Фејсбук“ дека се наоѓа во Будимпешта и дека побарал политички азил од тамошните власти, објави унгарскиот портал „Атлацо“.

Порталот во септември објави дека владејачката елита, вклучувајќи го и Орбан, користи сосема нов луксузен приватен авион „Bombardier Global 6000“ вреден 53 милиони евра. Орбан бил фотографиран како слетува со авионот во Будимпешта враќајќи се од фудбалски натпревар во Бугарија. Порталот пишува дека сопствеништвото на авионот не е познато и дека е регистриран во Австрија. „Алацо“ објавува дека открил неколку врски помеѓу авионот и Лоринц Мезарос, близок пријател на Орбан.

„Сепак, Владата сугерира дека авионот на некој начин е контролиран од друг бизнисмен, Иштван Гаранци, и дека тој всушност го кани Орбан да лета со него. Кога во Парламентот Орбан беше прашан дали е легално и соодветно за него да прифаќа летови со луксузен авион, неговиот одговор беше: ‘Така патував во изминативе 30 години, и така ќе продолжам да патувам и во следните недели’“, пишува „Алацо“.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски10 часа

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија15 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија15 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија16 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски16 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски17 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија19 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет19 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија19 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија20 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски20 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток20 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија22 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа23 часа

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски1 ден

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски2 дена

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија2 дена

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски2 дена

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија2 дена

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Досие