Контакт

Македонија

Таравари: Формирана комисија, која треба да утврди дали родилката од Куманово почина од лекарска грешка или не

Објавено пред

Формирана е комисија, која треба да утврди дали имало пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово, а првичните информации ќе може да се очекуваат утре, најави министерот за здравство, Арбен Таравари.

dobivaj vesti na viber

Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не, изјави Таравари.

Тој посочи и дека утре има прес-конференција поради 100 дена Влада и сигурно ќе имаме и првични информации.

„Комисијата работи, нам ни требаат осум дена. Чекаме и резултати од обдукцијата и ќе видиме. Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не“, рече Таравари.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти  в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Македонија

Земјотресот во Грција е почувствуван и во Македонија

Објавено пред

На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

dobivaj vesti na viber

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во информацијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Неколку општини во Скопје утре пет часа ќе немаат струја

Објавено пред

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.

dobivaj vesti na viber

Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар

Прикажи повеќе...

Македонија

Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Лефков

Објавено пред

Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Советот на јавни обвинители, наместо за член на УО на Академијата да назначи јавен обвинител, тој назначил свој член, директно кршејќи го чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со кој се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или лице  кое располага со државен капитал. Советот на јавни обвинители за член на УО на Академијата ја назначил Душица Димитриеска, која е претседател на Советот на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители, не смеел да ја назначи својата претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители.

Душица Димитриеска, покрај тоа што е претседател на Советот на обвинители е и во тесна врска со СДС. Имено нејзината ќерка Ема Нешкоска е член на Советот на општина Гостивар од редови на СДС, а беше и кандидат за пратеник од редовите на истата на последните парламентарни избори.

Советот на јавни обвинители исто како и Судскиот совет продолжуваат да работат на уривање на правосудството и имиџот, односно угледот на истото кај граѓаните.

Го повикуваме Советот на јавни обвинители да го отповика својот предлог за УО на Академијата. Во спротивно колективно го крши законот, за што треба да има одговорност“, изјави Лефков.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Жена спасена во поплавите во Валенсија откако три дена била заробена под мртво тело

Осумдесети и седумгодишна жена е спасена откако три дена била заробена со телото на нејзината мртва снаа по поплавите во...

Топ12 часа

Мајка од Скопје пријавила дека жена се обидела да ја грабна нејзината тригодишна ќерка

Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека...

Регион13 часа

Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, меѓу нив има и четири деца

Во трагедијата што се случи на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица. Меѓу загинатите има и...

Регион16 часа

Повредените во несреќа во Нови Сад се во тешка состојба, изјави Дачиќ

Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка...

Топ17 часа

МВР трага по вториот осомничен за убиството во Арачиново, поднесени се кривични пријави

Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во скопско Арачиново, каде со огнено оружје беше убиен С.А. (56)...

Свет1 ден

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната...

Македонија1 ден

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата...

Македонија2 дена

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања...

Македонија2 дена

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе...

Македонија2 дена

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал...

Топ2 дена

Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е...

Македонија2 дена

Во сопствениот дом била убиена 29-годишната жена од Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на...

Свет2 дена

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот...

Топ2 дена

Два лица повредени во престрелка во Арачиново

Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново. Според МВР на 01.11.2024 околу 19...

Македонија2 дена

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани – уништени 40 килограми небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41...

Македонија3 дена

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор, ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа

Вчера, на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и...

Македонија3 дена

(Видео) Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени, рече Кузеска

„Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на...

Македонија3 дена

ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС-пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС...

Европа3 дена

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува...

Македонија3 дена

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото...